Работнички подобар од Хоризонт (Т)
Фудбалерите на Работнички забележаа победа над Хоризонт (Т) со 2:0 во вториот контролен меч за "романтичарите" во летниот подготвителен период и претстојниот дуел со претставникот на Северна Ирска, Крусадерс во второто елиминациско коло во Лига Европа. Стрелци на головите во мечот со турновци беа Боби Божиновски во 17 минута и Филип Петровски во 90.
Од денеска до деветти јули екипата на Работнички ќе престојува во Нови Сад. Таму ќе одигра четири пријателски мечеви со српските прволигаши ОФК Београд, Војводина, Јагодина и Партизан. (С.Д.) |