Ракометните кадетки на ЕП преслушани и од Чешка
Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години ќе игра за избегнување на последното место на 7. Европско првенство во Србија. Противник во тој натпревар што ќе се одигра денеска од 12,30 ч. во Врњачка Бања ќе и' биде поразениот од синоќешниот дуел меѓу Литванија и Словачка.
Избраничките на селекторот Николче Костовски во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 13 до 16 место беа декласирани од Чешка со 38:16. Тоа беше шести убедлив пораз за Македонија во нејзиниот шести меч на шампионатот што завршува в недела. (Р.Д.)
Чешка - Македонија 38:16
Полувреме: 16:8. Сала: во Врњачка Бања. Гледачи: 100. Судии: Димкова и Љубенова од Бугарија. Седмерци: Чешка 5/5, Македонија 0/1. Исклучувања: Чешка 4 мин., Македонија 8 мин.
Чешка: Рохачкова, Фјалкова, Пекарова 1, Кулишкова 8, Вајзенбилдерова 5, Соучкова 3, Рисанкова 2, Марчикова, Јаноушкова, Очадликова 2, Марчикова 4, Конигова 4, Шмекалова 1, Кубачкова 8.
Македонија: Антиќ, Зиковска, Саздовска, Јовановска 1, Ѓорѓиевска, Јаковлеска, Делиоска, Божиновска 2, Николовска 1, Срњакова 3, Јанеска 1, Николиќ 1, Ристовска 2, Мурговска 4. |