Двајца Македонци на СП во атлетика до 17 години
Македонија ќе има двајца претставници на претстојното Светското атлетско првенство за млади младинци до 17 години што ќе се одржи од 8 до 12 јули во италијанското гратче Бресаноне. Таму ќе не' претставуваат Бојан Милчевски и Филип Кастаноски, обајцата со исполнети норми.
Милчевски ќе се појави во квалификациите на 800 метри. Нормата за учество е 1:58,00 минути, неговото најдобро време е 1:55,85 минути.
Кастаноски, пак, ќе се натпреварува во трките на 100 метри. Нормата што е неопходна за настап е 11:35 секунди, а Кастаноски е пријавен со 11:32 сек.
Ивана Рожман ќе биде единствената македонска учесничка на ЕП до 23 години во Каунас, Литванија, од 16 до 19 јули. Таа ќе трча во квалификациите на 100 метри, а на самитот во литванскиот главен град ќе отпатува со вајлд карта. Нејзино најдобро време оваа година е 12:07 секунди остварено во Велес. (С.Д.) |