Бабунски од денеска селектор на младите
Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска, во хотелот „Гранит“ во Охрид со почеток во 11 часот ќе одржи својата 34 седница. Во неа се очекува и официјално назначување на Бобан Бабунски за нов селектор на младата репрезентација и именување на неговите соработници во стручниот штаб.
На дневниот ред на седницата ќе бидат презентирани извештаи за работата на неколку тела при ФФМ. Ќе се разгледува извештајот за работата на судиската организација во последниот период и се очекува да се усвојат новите судиски листи за наредната сезона. Пред членовите на УО ќе биде ставен и извештајот за работата на лиценцната администрација, информација за работата на дисцилинската комисија, а ќе се прочешла и финансискиот извештај за организацијата на мечевите на националниот тим. (С.Д.) |