Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Федерер по седми пат во низа финалист на Вимблдон

Четврто финале за сестрите Вилијамс на Гренд-слемот на трева

Швајцарецот Роже Федерер го дели само еден меч до рекордната 15 Гренд слем титула. Вчера во полуфиналето тој го елиминира Германецот Томи Хас со 7:6, 7:5, 6:3 и стана првиот тенисер кој по седми пат во низа се пласира во големото финале на Вимблдон. Таму го очекува подобриот од втората полуфинална двојка меѓу Британецот Енди Мари и Американецот Енди Родик.

Венус Вилијамс ќе се обиде по шести пат во кариерата да го освои трофејот во Лондон, нејзината помлада сестра, Серена, пак, ќе се обиде да го стори тоа по третпат, во денешното женско финале на Вимблдон. До четвртатата меѓусебна пресметка за титулата на овој престижен турнир сестрите Вилијамс стигнаа по победи над руски противнички. Венус ја декласира најдобрата светска тенисерка во моментот и прва носителка, Динара Сафина со 6:1, 6:0. Претходно, Серена, во три сета ја елиминира Елена Дементиева со 6:7, 7:5, 8:6.

„Мина успешно за мене. Многу сум задоволна од начинот со кој стигнав до финалето. Не знам дали за некој спортист постои соврешно издание, но со моето денешно јас сум исклучително среќна“, изјави Венус Вилијамс по мечот.

Венус ја „уби во поим“ Сафина, а за тоа најдобар показател е статистиката. Бранителката на титулата во 51 минута колку што траеше мечот освои 54 директни поени, наспроти само 20. на првиот женски рекет во светот. Единствениот гем што го освои Сафина беше шестиот во воведниот сет. Венус одлично ја служеше сервисот. Освои 80 отсто поени по првиот сервис, високи 77 отсто по вториот, успешноста на ритерн ударите на Американката беше 67 отсто. Во сите пет излегувања на мрежа В. Вилијамс поентира, забележа пет аса, ја одбрани единствената брејк можност на Сафина и ги искористи сите шет што ги имаше.

„Поинакво е чувството кога играм финале со Серена и против друга тенисерка. Среќна сум што Серена се пласира во финалето, но без разлика на тоа јас сакам да ја победам. Не сакам да ја видам разочарана, но не сакам ниту јас да бидам таква. И мене ми требаат титули“, заклучи Венус Вилијамс.

„Венус е пресилна на трева. Ова не е мојата најомилена подлога, а нејзина е. Денеска беше недопирлива за мене“, признава Сафина. Прашана дали се чувствува најдобра во светот по еден ваков пораз таа одговори: „Во последните четири Гренд слем турнири бев намалку во полуфиналето. Мислам дека Венус и Серена не беа во полуфиналето на Ролан Гарос, а рејтингот се смета низ целата сезона, а не само по неколку турнири. Покрај тоа Гренд слемот турнирите не се се' во тенисот. Победив во Рим и Мадрид, бев финалистка на Австралија опен и Ролан Гарос. Сега загубив, па не е крај на светот. Доволно сум константна“.

Вилијамс финалето ќе се игра денеска на 4 јули, Денот на независноста на САД. Ова ќе биде нивно 21 соочување во кое влегуваат со израмнет скор 10:10. Последен пат се гледаа преку мрежата во Мајами, кога Серена триумфира со 6:4, 3:6, 6:3, на Вимблдон последен пат се пресметаа лани, победата ја однесе Венус со 7:5, 6:4. Венус го доби полуфиналниот меч во 2000 година со 6:2, 7:6, а Серена беше подобра во финалните пресметки со 2002 година (7:6, 6:3) и во 2003 година (4:6, 6:4, 6:2).

 


Статијата е прочитана 206 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Двајца Македонци на СП до 17 години
Ракометните кадетки на ЕП преслушани и од Чешка
Ренова тврд орев во Минск
Работнички подобар од Хоризонт (Т)
В недела отворање на ЕП (Б) за кошаркарки во Охрид
Бабунски од денеска селектор на младите
Русевски отпадна и дефинитивно
Ѓоковиќ го избрка татко му од ложата на мечот со Хас
Аристократски старт на Тур де Франс
Фудбалски вести