Убедлива победа на Панатинаикос, Цибона падна во завршницата
Актуелниот европски шампион во Атина го совлада Олденбург Баскетс со 96:63. Панатинаикос до победата ги водеше Мајк Батист со 25 поени, додека Василис Спанулис постигна 14. Рускиот Химики исто така забележа убедлива победа на свој терен во групата Д против полскиот Проком со 89:67. Кели Мекарти постигна 22 поени, а полскиот тим ги предводеше Папе Со со 18 коша.
Во натпревар од групата А Цибона е поразена од Асвел, иако во последната минута и пол влезе со предност од 68:62. Сепак, францускиот тим направи серија од 9:0 и дојде до првата победа во Евролигата оваа сезона, 71:68. Боби Диксон со 17 поени беше најефикасен кај Асвел, додека кај Цибона најефикасни беа Томас и Рожиќ со по 15 коша. Кошаркарите на Фенербахче во вториот меч од оваа група во Вилнус славеа против Жалгирис со 84:78.
Евролига, 5. коло: А-група Асвел - Цибона 71:68, Жалгирис - Фенербахче 78:84. табела: Монтепаски (4-0), Барселона (4-0), Фенербахче (3-2), Жалгирис (1-4), Асвел (1-4), Цибона (1-4).
Ц-група: Унион Олимпија - Лотоматика 89:70. Табела: Лотоматика (3-2), Макаби (3-1), Каја Лаборал (3-1), ЦСКА (2-2), Унион Олимпија (1-4), Маруси (1-3).
Д-група: Панатинаикос - Олденбург 96:63, Химики - Проком 89:67. Табела: Панатинаикос (4-1), Химики (4-1), Реал Мадрид (3-1), АЈ Милано (1-3), Проком (1-4), Олденбург (1-4). |