Бешикташ ја прекина низата на Манчестер јунајтед
Бешикташ се извади кај своите навивачи за срамот кој му се случи пред неколку години во Англија кај Ливерпул, кога загуби со неверојатни 0:8. Сега Турците победија на „Олд трафорд“ со 1:0 (Родриг Тел во 20 минута), со што ставија крај на низата на „бебињата“ од 23 меча без пораз на својот стадион.
Вистина, Јунајтед веќе имаше обезбедено пласман во осминафиналето, па Алекс Фергусон изведе шарена состав со многу млади играчи на теренот. Веројатно очекуваше дека и со тој тим ќе ги совлада Турците. Но, се излажа. Бешикташ со победата си остави мала шанса во последното коло кога ја дочекува ЦСКА М да дојде до третото место што води во Лига Европа. Манчестер во Волфсбург ќе се обиде да го сочува првото место.
Роналдо заигра во бледата партиЈа на Реал
Кристијано Роналдо се врати на терен. По осум недели пауза поради повреда на глуждот Португалецот ги одигра последните 20 минути (како замена за Раул) од мечот против Цирих, кој „кралевите“ го добија со 1:0, со голот на Игуаин, по одличната асистенција на Кака.
Роналдо стигна во неколку наврати и да им се закани на Швајцарците, но не и да го совлада голманот Леони.
Реал М. не прикажа добра игра. Напротив, одигра натпревар кој може да донесе само страв кај навивачите пред неделниот дуел против Барселона во Примера.
Резултати
Група А
Баерн - Макаби 1:0, Бордо - Јувентус 2:0
Табела: Бордо 13, Јувентус 8, Баерн 7, Макаби 0
Група Б
ЦСКА - Волфсбург 2:1, Манчестер Ј. - Бешикташ 0:1
Табела: Јунајтед 10, Волфсбург 7, ЦСКА М. 7, Бешикташ 4.
Група Ц
Милан - Марсеј 1:1, Реал М. - Цирих 1:0
Табела: Реал 10, Милан 8, Марсеј 7, Цирих 3
Група Д
Порто - Челзи 0:1, Апоел - Атлетико М. 1:1
Табела: Челзи 13, Порто 9, Атлетико 3, Апоел 2 |