Службени бодови за Милано
Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Миле Спиркоски, го регистрира со службен резултат (3:0) неодиграниот натпревар во неделата меѓу Милано и Пелистер. Трите бода одат на контото на кумановци за кои, иако се добиени на зелена маса, се нивни први првенствени во оваа сезона.
Неговите фудбалери во неделата излегоа на терен заедно со официјалните лица, ги чекаа битолчани да допатуваат во закажаниот термин, но наместо час и половина пред почетокот на мечот, пелистерци се појавија во Куманово со задоцнување од час и половина по времето одредено за почетокот на средбата (13 ч.). |