Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Индија пресиромашна за домаќин на ОИ

Надежта на Индијците дека нивната земја би можела да биде домаќин на Олимписки игри во блиска иднина ја уништи министерот за спорт Манохар Синг Гил, кој изјави дека државата е премногу сиромашна дури и за да ја разгледа таа идеја. Индија ќе биде организатор на Игрите на Комонвелтот следната година и претседателот на Индиската олимписка асоцијација, Суреш Калмади, изјави дека неговата земја би можела да се кандидира за ЛОИ 2020 ако се покаже успешна во организацијата на спортскиот настан во Њу Делхи.

„Не сум сигурен дека Индија би требало да размислува за Олимпијада. Погледнете ја сиромаштијата тука“, се обрати Гил во парламентот. „Некои од моите колеги во парламентот и луѓе надвор од него често велат дека ние би требало да се кандидираме за ОИ. Јас не мислам така. Кина потроши 50 милијарди долари за Игрите во Пекинг. Подготвени ли сте да потрошите толку многу?“.

Индија, држава со 1,2 милијарди луѓе, е втората најбрзо растечка економија по Кина и на Игрите на Комонвелтот во октомври 2010 гледа како на можност да го прикаже Њу Делхи како главна глобална дестинација. Државата двојно го зголеми буџетот за Игрите, кој сега е 344 милиони долари, а Гил во Горниот дом изнесе проценка дека трошоците само за објектите за тренинг и за натпревар ќе бидат 888,5 милиони долари.

Домаќинот беше изложен на силни критики по одложувањата на довршувањето на инфраструктурата за Игрите на Комонвелтот.


#
Статијата е прочитана 145 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Бешикташ ја прекина низата на Манчестер јунајтед
Македонија Ѓ.П. ризикува 330.000 евра
Признанија за лажирање во Германија
Хоризонт Т. го прекинува бојкотот
Милан се спаси со Марсеј, Баерн стигна до „мајсторка“ со Јуве
Службени бодови за Милано
Рафаел Надал се прости со полуфиналето во Лондон
Легендарниот Ајверсон во пензија
Хирвонен
Вардар про низ иглени уши во Битола
Фени си поигра со МЗТ
Убедлива победа на Панатинаикос, Цибона падна во завршницата