Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт
Хоризонт Т. го прекинува бојкотот

УО на клубот останува на ставот за укажаните неправилности на саботното Собрание

Сашко Ѓ. Димовски


Хоризонт Турново го прекинува бојкотот и се враќа во првенството. Потврда на ова стигна од првиот човек на клубот, Орце Тодоров, а одлуката, како што вели тој, е донесена едногласно на состанокот на управниот одбор на турновци во вторникот доцна вечерта. Фудбал во Турново ќе има во недела кога треба да гостува Милано, но незадоволство од саботното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), неприфаќањето на кандидатурата на Масар Омерагиќ за вклучување во претседателската трка и нелегитимноста на делегати од одредени општински фудбалски сојузи (ОФС) останува.

„Управниот одбор на Хоризонт Турново едногласно одлучи да се прекине бојкот и клубот да се врати во редовните фудбалски обврски во шампионатот. Одлуката ја донесовме самостојно, без притисоци од страна. За ваквиот наш став известивме некои луѓе во раководствата на Македонија Ѓорче Петров и Слога Југомагнат, клубови со кои ние се солидаризиравме во неделата. Апел до нив да го следат нашиот пример. Сакаме што поскоро да се надминат недоразбирањата, но воедно упатувам апел и до Фудбалската федерација на Македонија да свика состанок на сите прволигаши, да разговараме и да почнеме да ги решаваме проблемите“, ни изјави претседателот на Хоризонт Турново, Орце Тодоров.

Турновци се решени да ги остваруваат своите права и да делуваат во рамки на Статутот на ФФМ, но истовремено не ја исклучуваат опцијата за повторен бојкот доколку не наидат на разбирање кај ФФМ за нивните забелешки.

„Сфативме дека тоа не е начин за решавање на проблемите. Никој од клубовите што не играа во неделата не е во право. Меѓу нив бевме и ние. Тоа е мој личен став. Признавам дека погрешивме, бојкотот нема да ги реши проблемите, но стоиме на ставот за укажаните неправилности на Собранието во саботата“, вели Тодоров, кој апелира до раководството на ФФМ за повторно воспоставување линк со клубовите и одржување на состанок каков што нема од почетокот на оваа година.


#
Статијата е прочитана 367 пати.

Испрати коментар

Од: Stojan
Датум: 27.11.2009 03:32:03
Vo sto se sostoji rabotata? Dali Hadjiristeski ve "ohrabri" so nekoja cifra isto kako sto napravi so Pelister ili pak se isplasivte?

Најди! во Утрински
Спорт
Индија пресиромашна за домаќин на ОИ
Бешикташ ја прекина низата на Манчестер јунајтед
Македонија Ѓ.П. ризикува 330.000 евра
Признанија за лажирање во Германија
Милан се спаси со Марсеј, Баерн стигна до „мајсторка“ со Јуве
Службени бодови за Милано
Рафаел Надал се прости со полуфиналето во Лондон
Легендарниот Ајверсон во пензија
Хирвонен
Вардар про низ иглени уши во Битола
Фени си поигра со МЗТ
Убедлива победа на Панатинаикос, Цибона падна во завршницата