Признанија за лажирање во Германија
Раководството на германскиот нисколигаш Ферл веднаш ги суспендира Тим Хагедорн (24) и Патрик Нојман (28) кои биле актери во спорните натпревари на својот клуб против аматерите на Борусија М. и Келн. Овие двајца признале дека биле потплатени на два меча минатата сезона. Челниците на Борусија, како што пишува „Билд“, поради тоа го ангажирале најпознатиот адвокат Криштоф Шикард.
Инаку, УЕФА го одржа најавениот состанок со претседателите на Фудбалските федереации од деветте земји под чија надлежност се сите 200 сомнителни натпревари. Европската куќа на фудбалот во таа прилика побара строги казни за сите оние за кои ќе се докаже дека учествувале во лажирањето.
Мечеви кои се под истрага на УЕФА
Квалификации за ЛШ (21.7.2009) Стабаек - Тирана, квалификации за Лига Европа: Бнеи Јехуда - Динабург (16.7.2009), Динабург - Бнеи Јехуда (23.7. 2009), Влазнија - Рапид Виена (23.7.2009), Рапид Виена - Влазнија (16.7.2009), Фенербахче - Хонвед (30.7.2009), Љубљана - Металург Доњецк (6.8.2009). |