Фени си поигра со МЗТ
Игра на мачка и глувче. Така најкратко може да се опише натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Фени индустри во кој кавадарчани славеа со 113:66. Тоа беше лесен тренинг за гостите, кои уште по првата четвртина водеа со 34:16. Предводник на кавадарчани беше Лајф кој реализира 24 коша, а успешни во тој сегмент беа и Поповиќ со 19 и Јововиќ со 18 коша.
Резултати: МЗТ - Фени 66:113, Торус - Вардар О. 84:88, Вардар 2000 - Овче Поле 74:82. Вчера играа: Пелистер - Торус, а Работнички е слободен. Табела: Вардар О 10/0, Фени 8/2, Пелистер 5/4, Овче Поле 3/7, Работнички 4/4, Торус 4/4, Плејмејкер 3/6, МЗТ 2/8, Вардар 2000 2/6. |