Блажевски 46. на СП во Шангај
Македонскиот пливач Марко Блажевски го освои 46. место во конкуренција на 51 учесник со пласман на 800 метри слободно на 14. Светско првенство во водени спортови што се одржува од 16 до 31 јули во Шангај. Времето на 18-годишниот Блажевски е 8:27,39 минути, полошо за повеќе од три секунди од пријавените 8:23,98 мин.
Симона Маринова, пак, заврши последна меѓу 26 натпреварувачки на 1.500 м. Резултатот на 16-годишната Маринова е 17:44,99 минути, далеку послаб од пријавениот 17:15,97 мин. (Р.Д.) |