Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Бин Хамам: Блатер е диктатор

Доживотно суспендираниот член на Извршниот одбор на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Мохамед бин Хамам, го обвини претседателот на светската куќа на фудбалот, Сеп Блатер, дека се однесува како диктатор.

Етичкиот комитет на ФИФА минатата недела го исфрли Бин Хамам поради мито и корупција. Тој делел пари на делегатите на Карипската фудбалска федерација за да го поддржат во трката за прв човек на ФИФА.

„Тоа се потези својствени за диктатор. Низ историјата сме гледале како диктаторите се пресметуваат со луѓето што може да ги заменат. Секогаш работеле така што фабрикуваат обвинувања и докази против ривалот, а потоа ги праќаа в затвор“, рече Бин Хамам за британската телевизија „Скај“.

Пред да му биде изречена суспензијата Бин Хамам се повлече од функцијата претседател на Азис��ата фудбалска конфедерација. Тој најави дека ќе се жали за казната и во Судот за спортска арбитража во Лозана бидејќи смета дека Блатер имал „скриени“ мотиви да го исфрли од организацијата.


#
Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Петрески
Македонија втора во Птуј
Бабунски селектор за еден меч
Удинезе по Макси Лопез
Илиевски
Катар го сака стартот на Тур де Франс во 2016 година
Блажевски 46. на СП во Шангај
Уругвај на нозе, нацијата ги слави хероите
Вардар про го доби Извиѓач
Бразилски редизајн по Копа Америка
Тетекс, сепак, ќе игра во Прва лига
Грција остана и без Спанулис
Прв лауреат Меси, Чави или Роналдо
Романците казнети поради Младиќ

"""