|
|
Романците казнети поради Младиќ
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја казни Фудбалската федерација на Романија со 15.000 евра бидејќи навивачите на оваа репрезентација истакнаа транспарент со поддршка за Ратко Младиќ во мечот против БиХ во квалификациите за ЕП 2012. Натпреварот се одигра на 3 јуни во Букурешт, а домашните фанови закачија парола на оградата на стадионот на која пишуваше „Ослободете го Младиќ“.
Според правилата на УЕФА забрането е истакнување било какви политички пораки на фудбалските натпревари.
Идентична парична казна УЕФА изрече и за Фудбалскиот сојуз на БиХ затоа што симпатизерите на репрезентацијата кршеа столчиња на стадионот во Букурешт. Романија победи во мечот со 3:0. |
#
|
Статијата е прочитана 585 пати.
|
|
|
|
|
|
|