Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Уругвај на нозе, нацијата ги слави хероите

Улиците на Монтевидео беа преполни со среќни Уругвајци, кои го следеа автобусот со нивните миленици, а на трибините на стадионот „Сентенарио“ ги чекаа 66.000 луѓе

Уругвај, земја со неполни 3,5 милиони жители, слави. Има и што, има и кого. Херои на нацијата се фудбалските репрезентативци кои ја освоија Копа Америка по победата над Парагвај со 3:0 во големото финале и станаа рекордери во натпреварувањето со 15 шампионски титули. До последната стигнаа во неделата во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, во кој колку за споредба живеат нешто помалку луѓе одошто во цел Уругвај. Националниот тим, предводен од Оскар Табарез, набрзо по финалето прелета 230 километри за 20 ми��ути и долета во Монтевидео каде веќе владееше општа лудница. Градот беше во транс. Не е филм туку стварност - фудбалските шампиони на Јужна Америка ја кренаа земјата на нозе. Улиците беа преполни со среќни Уругвајци кои сакаа да им заблагодарат што ги направија горди. Го следеа автобусот со своите миленици до стадионот „Сентенарио“ на кој се одигра првото СП во далечната 1930 година. Внатре на трибините трпеливо ги чекаа и поздравија 66.000 луѓе.

Форлан: Татко ми и дедо ми беа шампиони, морав и Јас

Лидер на новиот шампион на Јужна Америка, Диего Форлан, е пресреќен по освоената титула, пресреќен за себе, за соиграчите, пресреќен за земјата, нацијата, но пресреќен е што ја продолжи и семејната традиција и го подигна пехарот на Копа Америка како и неговиот татко и дедо.

„Не можам да опишам колку сум горд што и јас ќе бидам дел од историјата на уругвајскиот фудбал како мојот татко и дедо. Натпреварот беше тежок, но ние издржавме докрај, одигравме одлично и сега е време тоа да се прослави како што доликува“, рече Форлан, чиј дедо, Хуан Карлос Корасо, го подигна победничкиот пехар на Копа Америка во 1956 година, а неговиот татко, Пабло, 11 години подоцна.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид не се впиша меѓу стрелците до финалето. Меѓутоа одличниот турнир го заокружи со два гола против Парагвај со кои се израмни на врвот на вечната листа на уругвајски стрелци со Хектор Скароне. Сега обајцата имаат по 31 погодок.

Неговиот наследник, Луис Суарез, еден од најзаслужните за рекордната 15 титула на Уругвај на јужноамериканскиот шампионат, го постигна својот прв гол во финалните мечеви.

„Ова чувство е необјасниво. Донесовме голема радост за нашиот народ“, коментира Суарез.

Лугано: Успеавме поради тоа што бевме единствени



Капитенот на тимот, Диего Лугано, порача дека клуч за успех низ целиот турнир беше заедништвото. Уругвај и на ова натпреварување се истакна како фантастичен колектив.

„Многу внимателно и напорно работевме на остварување на овој успех. Сонувавме да го израдуваме уругвајскиот народ и на крајот покажавме дека сме најдобри во Јужна Америка. Клучот за успех беше заедништвото внатре во репрезентацијата. Сите влечевме на иста страна“ изјави дефанзивецот на турски Фенербахче.

Но, Уругвај не блесна сега. Во одлично светло се прикажа уште на ланското Светско првенство во Јужна Африка.

„Оваа титула е плод на повеќегодишна работа. Горди сме што освоивме вака важен трофеј. Низ годините што доаѓаат ќе сфатиме што сторивме. Уругвај е шампион затоа што сме силни и желни за слава. А, фудбалот еволуира и затоа мора да бидете добри во секој поединечен натпревар. За неколку месеци повторно ќе не' тестираат квалификации за Светско првенство“, продолжи Лугано.

Тој призна дека за овие моменти сонува од мали нозе како и многу негови сонародници.

„Сите во Уругвај уште како деца почнуваат да вдишуваат. Од првиот контакт со топка сонуваат за освојување на Копа Америка. Сега сакаме да уживаме во тоа“, заврши уругвајскиот капитен.

Табарез: МисиЈата за СП 2014 Ќе биде потешка од Копа Америка



Предводник на големиот успех на Уругвајците е селекторот Оскар Табарез.

„Освоената титула е извонредна работа, вистинска награда за нас. Но, нема да игра никаква улога кога ќе почнат квалификациите за Светското првенство. Трофејот на Копа Америка не е никаква гаранција за успех во нив. Сега треба да се пресмета должината на патувањата, да се посвети внимание на климатските разлики, а секој наш противник ќе биде полн со национален набој и ќе сака да се пласира на Светско првенство. Затоа мислам дека не' очекува потешка работа отколку на Копа Америка“, порача Табарез.


#
Статијата е прочитана 410 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 27.07.2011 12:24:58
Site cestitki gi zasluzuva Urugvaj.Ke igra vidna uloga i na SP vo Brazil 2014 godina,iako mal hendihep se go- dinite na fenomenalniot Diego Forlan(32).No,moze i so 34,zaedno so Suarez,Lugano,Muslera,A.i M.Pereira Rios,Hernandez,Perez,Kaseres...da atakuva i na svet- skata fudbalska titula.

Најди! во Утрински
Спорт
Петрески
Македонија втора во Птуј
Бабунски селектор за еден меч
Удинезе по Макси Лопез
Илиевски
Катар го сака стартот на Тур де Франс во 2016 година
Блажевски 46. на СП во Шангај
Вардар про го доби Извиѓач
Бразилски редизајн по Копа Америка
Тетекс, сепак, ќе игра во Прва лига
Грција остана и без Спанулис
Бин Хамам
Прв лауреат Меси, Чави или Роналдо
Романците казнети поради Младиќ

"""