Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Македонија втора во Птуј

По поразот од домаќинот Словенија, кошаркарите ја совладаа Полска со 66:57 на турнирот „Примус“

Роберт Димитриевски

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија го освои второто место на турнирот „Примус“ во словенечкиот град Птуј. По поразот од победникот на турнирот Словенија со 83:71 на стартот, избраниците на селекторот Марин Докузовски славеа со 66:57 против Полска, која претходно изгуби од домаќинот со 69:54.

И втората средба во подготвителниот период црвено-жолтите ја одиграа без плејмејкерот Бо Лестер Мекејлеб и центарот Тодор Гечевски, кои на националниот тим треба да му се приклучат деновиве во италијанскиот зимски центар Бормио. Организаторот на последното Европско првенство, пак, извади подмладен состав, во кој го немаше најдобриот полски кошаркар Марчин Гортат.

Македонија фуриозно го отвори натпреварот, поведувајќи со 10:0, разлика што не беше доведена во прашање во ниту еден момент. За разлика од дуелот со Словенците, кога одлично функционираше ударот од далечина, овој пат македонските кошаркари остварија само 25 проценти реализација за тројка. Надомести играта во одбрана, посебно под обрачите, каде што царуваа Предраг Самарџиски и Перо Антиќ. Самарџиски беше најефикасен поединец на средбата со 14 коша, на кои додаде пет скока, а Антиќ беше втор стрелец со 11 поени, но и со само една тројка од девет обиди.

Следна проверка во пресрет на ЕП во Литванија најдобрите македонски кошаркари ќе имаат на турнирот во Бормио в петок и во сабота, на кој ќе учествуваат и Канада, Бугарија и домаќинот Италија.

Македонија - Полска 66:57



По четвртини: 18:10, 13:15, 18:18, 17:13. Сала: „Градски врт“ во Птуј. Гледачи: 400. Судии: Колар, Креич и Пур од Словенија.

Македонија: Мираковски 6, Илиевски 2, Соколов 6, Стефанов, В. Стојановски 6, Д. Стојановски 7, Костоски, Симоновски 3, Антиќ 11, Николовски 4, Чековски 7, Самарџиски 14. Селектор: Марин Докузовски.

Полска: Лапета 4, Шибниевски 4, Снјег 2, Памула 4, Леончук 4, Кулиг 2, Вишневски 8, Габински 8, Шчотка 9, Вашчински 5, Мокрош 1, Хричаник 8. Селектор: Алеш Пипан.


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Петрески
Бабунски селектор за еден меч
Удинезе по Макси Лопез
Илиевски
Катар го сака стартот на Тур де Франс во 2016 година
Блажевски 46. на СП во Шангај
Уругвај на нозе, нацијата ги слави хероите
Вардар про го доби Извиѓач
Бразилски редизајн по Копа Америка
Тетекс, сепак, ќе игра во Прва лига
Грција остана и без Спанулис
Бин Хамам
Прв лауреат Меси, Чави или Роналдо
Романците казнети поради Младиќ

"""