Катар го сака стартот на Тур де Франс во 2016 година

Катар е заинтересиран да биде домаќин на стартот на велосипедската трка Тур де Франс во 2016 година.
„Неговото величество Емир размислува на оваа идеја доста долго и разговорите на темата се веќе отпочнати“, изјави извор близок до катарските власти кои инсистираше на анонимност.
Наредното издание на Тур де Франс ќе тргне од Лиеж, во Белгија, а Корзика во 2013 година ќе биде домаќин на воведната етапа на јубилејното 100 издание на Трката „низ Франција“.
Тур де Франс во 2007 година почна во Лондон, во 2010 година во Ротердам, Холандија, Фиренца, пак, конкурира да стане првиот италијански град во кој ќе биде означен стартот на трката во 2014 година.
Меѓу заинтересираните за почеток на најпрестижниот велосипедски карван се уште и Барселона, Единбург како и градови во Холандија, Германија и Австрија. |