Грција остана и без Спанулис
Кошаркарската репрезентација на Грција остана без нов плејмејкер за Европското првенство во Литванија. Поради повреда на адукторот таму нема да патува играчот на Олимпијакос, Василис Спанулис.
Спанулис (28) деновиве ќе биде опериран и се очекува да биде надвор од терените во наредните два месеца. Наместо него во тимот е повикан 35 годишниот организатор на играта во Арис, Коста Харалампидис.
Да потсетиме, покрај Спанулис, за Грција на претстојното ЕП нема да настапат ниту Димитрис Дијамантидис, кој се повлече од националниот тим, како и Теодорас Папалукас, Константинос Царцарис и Лукас Маврокефалидис. Под знак прашалник е повредениот Ник Калатес.
На ЕП во Литванија селекцијата на Грција ќе игра во групата Ц заедно со Македонија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и победникот од дополнителните квалификации. |