Илиевски: Во Литванија без притисок

Според повратникот, важен е континуитетот на настапи на ЕП
Повратникот во македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски во интервју за словенечкиот интернет портал „Сиол.нет“ вели дека Македонија нема посебни амбиции на Европското првенство во Литванија, каде што, според него, ќе биде успех секоја победа.
„Македонија на Евробаскет ќе игра без посебен притисок и секоја победа ќе ни значи многу. На првенството треба да победиме три пати, ако сакаме да се пласираме во следниот круг, што е многу. Групите се израмнети, но се издвојуваат првите два носитела во секоја од нив. На секој натпревар ќе се обидеме да ги искористиме грешките на противникот“, вели 31-годишниот досегашен бек на Унион Олимпија, моментно без ангажман.
Прашан дали за македонија е дофатлив вториот дел на ЕП во Литванија, Илиевски одговара: „Се разбира, ние сакаме да играме во вториот дел од шампионатот, како во Полска, каде што не можев да им помогнам на соиграчите поради операцијата. Но, пред нас е нова приказна, ново првенство. За нас Македонците е посебно важно да имаме некаков континуитет. Во последните две години имаме доста млади момчиња, кои играат солидно, но во македонските клубови. Тоа е мал хендикеп, бидејќи на вакви првенства е потребно и искуство. Во моментов го имаме многу малку во споредба со, на пример, Словенија. Олеснувањето е нашиот адут, со кој ќе се обидеме да ги изненадиме сите во групата“.
Илиевски ја потврдува и констатацијата дека ударот од далечина ни е најсилна страна, што се покажа и во мечот со Словенија, во кој Македонија имаше 50-процентна реализација за тројка.
„Секако, нашата игра е, пред се', да упатуваме што повеќе удари од далечина“, додава тој. (сиол.нет) |