Трансфери
Удинезе по Макси Лопез

Алекс Санчез го напушти Удинезе, а калчолигашот од Удине веќе напорно работи на обезбедување на адекватна замена. Се споменуваше Џовани дош Сантош, а сега и напаѓачот на Катанија, Макси Лопез. Аргентинецот на фудбалскиот пазар се проценува на 11 милиони евра.
Својата европска кариера Макси Лопез ја започна во Барселона, но таму не се снајде најдобро. Потоа следеа преселби во Мајорка, Москва, Порто Алегре каде играше за Гремио и на крајот во Катанија, екипа за која одигра 52 меча и постигна 19 гола.
Англија
Кокер пред портите на Болтон
Најџел Рио Кокер неодамна ја напушти Астон Вила како слободен играч и доколку се биде во ред до крајот на оваа недела се ��чекува да потпише договор со Болтон. Поранешниот капитен на Вест Хем го привлече вниманието и во Вест Бромвич Албион, а интерес за него пројавија уште неколку екипи надвор од Островот.
Италија
Ѕампарини: И Пари сен жермен го сака Пасторе
Претседателот на Палермо, Маурусио Ѕампарини, откри дека и ПСЖ се вклучи во трката по Хавиер Пасторе.
„Леонардо е извонреден човек. Ме повика и ми рече дека ги интересира Пасторе. Челзи и ПСЖ се најзаинтересирани, за него имаме понуди и од Шпанија. Едно е сигурно. Тој нема да остане во Италија", рече Ѕампарини.
Црна гора
Можна трампа ВуЧиниЌ - Маркизио
Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, рече дека во таборот на „волчицата“ се размислува за трампа на фудбалери со Јувентус. Во Торино би заминал Црногорецот Мирко Вучиниќ за кого римјаните го посакуваат Клаудио Маркизио.
Бразил
АдриЈано од Фламенго интересен за МанЧестер ЈунаЈтед Сер Алекс Фергусон веројатно не беше искрен кога велеше дека Манчестер Ј. заврши со шопинг за ова лето. „Црвените ѓаволи“ се заинтересирани за 16 годишниот играч на Фламенго, Адријано. Офанзивниот фудбалер за врска е на радарот и на Челзи, Јувентус, Интер и Реал Мадрид, но во Манчестер јунајтед веќе смислија план да го откупат Адријано и да го остават во Фламенго до полнолетство.
Франција
Менез три години во ПСЖ
Францускиот фудбалски прволигаш, ПСЖ, потпиша тригодишен договор со досегашниот член на Рома, напаѓачот Жереми Менез (24). Тој во кариерата настапуваше и за Сошо и Монако, а одигра и пет натпревари за репрезентацијата на Франција. ПСЖ, исто така, го обезбеди потписот и на Бле Матуиди од Сент Етјен. |