Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Оставка на менаџерот на „Џенерал моторс“

Сменет е извршниот директор Хендерсон, кој пред само осум месеци застана на чело на компанијата

Главниот извршен директор на американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“, Фриц Хендерсон неочекувано замина од функцијата. Се' уште не е јасно дали бордот на директори на „ЏМ“ му врачил отказ на менаџерот или тој самиот си заминал по само 8 месеци на функцијата.

„Бордот на директори на ’Џенерал моторс‘ ја прифати оставката на Фриц Хендерсон“, соопшти претседателот на компанијата Ед Витакер, кој во наредниот период ќе ја извршува и менаџерската функција, додека не се најде замена за Хендерсон.

Хендерсон беше избран за главен извршен директор на „Џенерал моторс“ кон крајот на март оваа година, кога компанијата беше доведена до банкрот и беше спасена со голема финансиска помош од американската администрација, која притоа, го принуди дотогашниот прв човек на овој некогашен автогигант, Рик Вагонер да поднесе оставка. По обелоденувањето на оставката на Хендерсон, Белата куќа соопшти дека нема никаква врска со одлуката за неговото заминување.

Засега само се шпекулира околу причините за заминувањето на Хендерсон. Се зборува дека бил во постојан судир со бордот. Аналитичарите велат дека уште од почетокот на неговиот мандат на функцијата, Хендерсон имал големи несогласувања со бордот на компанијата. Неговиот кус мандат беше одбележан со неуспешните продажби на неколку брендови кои се дел од „ЏМ“. Најпрво, во септември годинава не успеа да го продаде „Сатурн“ на компанијата „Пенски“. Потоа, минатиот месец бордот се премисли и одлучи да не го продава „Опел“ на канадско-австриска корпорација. Последниот неуспех беше откажувањето на продажбата на брендот „Сааб“ на една шведска фирма.

„Иако компанијата покажа резултати, сите се согласивме дека ни се потребни промени за да тргнеме напред. Јас ја презедов улогата на претседател и менаџер на компанијата“, соопшти Витакер на прес-конференција.

Минатата недела „ЏМ“ соопшти дека претрпел загуби од 1,15 милијарди евра од јули годинава, а продажбата на возила во ноември годинава, споредено со минатата падна за 2,2 процента. Новиот привремен шеф Витакер стана познат како извршен директор на телекомуникацискиот гигант „Еј-Ти-Енд-Ти“. Се очекува наскоро тој лично да именува замена за Хендерсон. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 344 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Во канџите на дефлацијата
Се' потешко до кредит, в година се чекаат пониски камати
Фирмите сакаат да знаат кој, кому и колку должи
Лажниот софтвер крие вируси и злонамерни програми
СДСМ ја обвини Владата за лицемерство и расипништво
По четири години Валднер ќе замине од „ЕВН Македонија“
Нова промоција од „One“ и „Boom TV“
Цената на златото со нови рекорди
Брисел бара од Грција итни мерки за намалување на дефицитот
ЕУ близу договор за надзор на банките
„Певец“ не дава плати, го тресат штрајкови
„Стандард и Пурс“ го кренаа рејтингот