„Стандард и Пурс“ го кренаа рејтингот
Белград - Агенцијата „Стандард и Пурс“ го подобри кредитниот рејтинг на Србија од „ББ минус“ на „ББ стабилен“, соопшти српското Министерство за финансии.
Оцената на „Стандард и Пурс“ е дадена врз основа на податоците дека надворешните притисоци врз Србија се ослабени, како и дека во согласност со програмата на ММФ се очекува буџетска стабилизација на среднорочен план. „Подобрениот кредитен рејтинг ќе овозможи подобрени услови за кредитно задолжување на Србија и ќе влијаат врз подобрување на деловната клима“, изјави српската министерка за финансии, Дијана Драгутиновиќ. (Ек.Р.) |