СДСМ ја обвини Владата за лицемерство и расипништво
„Граѓаните не го заслужуваат лицемерниот однос на Владата, која го поздравува намалувањето на каматните стапки од страна на НБМ, а токму таа го предизвика зголемувањето на каматните стапки“, обвини вчера Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
„Лицемерно е да се предизвика зголемување на каматната стапка на Народна банка од 7 отсто на 9 отсто, како што го направи тоа Владата со своето трошење, а потоа без каква било грижа на совест се прави како да нема никаква врска со тоа и изразува задоволство што каматната стапка се намалила од 9 на 8,5 отсто“, истакна вчера Јовановски.
Според него, граѓаните не заслужуваат таков однос. „Најмалку што можеше да направи Владата беше да им се извини на граѓаните и на фирмите што поради неа цела година плаќаат повисоки месечни рати на кредитите. Лицемерно е сега да се зборува за координација на монетарната и фискалната политика кога такво нешто не постоеше цела година, а сметката падна на грбот на стопанството“, нагласи Јовановски.
Од СДСМ велат дека таквата состојба довела до ситуација банките да престанат да даваат кредити, а фирмите да се задушуваат во неликвидност. „Дојде и декември, а малите и средните претпријатија се' уште не ги добија парите од кредитната линија од Европската инвестициона банка што ги чекаат од август. Патем, и кога ќе ги добијат, ќе бидат по полоши услови од оние што им ги ветуваше Владата“, истакна Јовановски.
Во услови на недостаток од кредити за фирмите, според СДСМ, лицемерно е тоа што Владата продаде државни хартии од вредност во износ од речиси 3,2 милијарди денари, што е поголем од оној што достасува за плаќање во декември за цела милијарда денари. „Наместо парите да завршат како кредити за фирмите, тие завршија кај Владата за да си го финансира трошењето“, обвини потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски. (А.С.)
epa narode si glasavte za VMRO-DPMNE i za Gruevski i uzivajte sega vo poviski danoci, kamati, poskapi smetki za struja, greenje, komunalii, voda i sl. Na zdravje neka vi e.... i uste ednas uzivajte vo ubavinite sto vi dava Gruevski so poviski davacki, smetki i danoci vo ovie 3godini i 4 meseci otkako se navlast..uzivajate si glasavte
Од: jovan
Датум: 03.12.2009 11:59:47
Vecer ocekuvaj na televizija da pustat spot vo koj ke mu objasnat na narodot deka se sto ste kazale e laga, i deka samo treba da pocekaat da pomine nova godina i krediti ke ima za "bezpari". Ne im ja rasipuvajte idilata, greota se. A do stopanstvenicite: Ne se nadevajte na nisto, nego snaogajte se kako znaete i umeete sami. Gi sobraa parite na stopanstvenicite, bankite, sega narodot e na red da se sogoli so kazni, na kraj ke snemaat od kade da zemaat, a vie ke cekate krediti. Dosta bevte naivni, da ne kazam glupi.