Нова промоција од „One“ и „Boom TV“
Од први овој месец, сите нови корисници на „Boom TV“ добиваат бесплатен фиксен телефон со припејд-фиксна линија.
За да се стане корисник на „Boom TV“ потребна е само лична карта и да се посети едно од продажните места на „One“, „One to One“ и „Германос“ низ земјата. За функционирање на „Boom TV“ нема потреба од телефонски или Интернет-приклучок, а уредот е мобилен и може да биде дислоциран во секое време на локација на којашто корисникот ќе посака. Телефонските апарати се во ограничена количина.
„Boom TV“ е првата дигитална безжична телевизија во земјата која овозможува следење на програмите на најдобрите ТВ-канали со кристално јасна слика. (А.С.) |