Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

По четири години Валднер ќе замине од „ЕВН Македонија“

Во „ЕВН Македонија“ наскоро ќе дојде до смена на раководството. По истекот на 4-годишниот мандат, во април 2010 година, според вчерашната одлука на Надзорниот одбор, претседателот на Управниот одбор, Георг Валднер и заменик-претседателотот Карл Хајнц Грасман, ќе им се посветат на нови работни задачи во концернот ЕВН.

Во меѓувреме, ќе биде назначено ново раководство кое дополнително ќе биде објавено од Надзорниот одбор.

Петер Лаер, претседателот на Надзорниот одбор на „ЕВН Македонија“ и заменик-претседател на УО во ЕВН АГ изјави: „Сакам да ја искористам оваа пригода им да се заблагодарам на досегашните членови на УО за нивниот особен ангажман во изминатите години и за успешното реорганизирање на компанијата. По успешната реконструкција и интеграција, ЕВН очекува натамошен континуитет во работењето во Македонија“.

Според Георг Валднер, во изминатите години биле остварени сите предуслови за успешна иднина на „ЕВН Македонија“. Тој на наследниците им посака голем успех и се' најдобро.

Со околу 2.700 вработени, мрежа во должина од 25.000 км и со околу 800.000 потрошувачи на територијата, „ЕВН Македонија“ е водечко претпријатие за снабдување со електрична енергија, информираа од компанијата. Произлезе од некогашното државно АД ЕСМ и во изминатите три и пол години преброди радикален период на санирање и реструктуирање. Денес стана интегрален дел од Групацијата ЕВН – водечка австриска компанија за енергија и животна средина.

По реализација на најголемата инвестициска програма во историјата од 120 мил. евра, преку инвестиции во мрежа, во нови технологии, модерна инфраструктура и Центар за односи со потрошувачи, како и преку комплетна рехабилитација на 11 хидроцентрали, „ЕВН Македонија“ денес се вбројува во претпријатија - предводници во регионот. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Во канџите на дефлацијата
Се' потешко до кредит, в година се чекаат пониски камати
Фирмите сакаат да знаат кој, кому и колку должи
Оставка на менаџерот на „Џенерал моторс“
Лажниот софтвер крие вируси и злонамерни програми
СДСМ ја обвини Владата за лицемерство и расипништво
Нова промоција од „One“ и „Boom TV“
Цената на златото со нови рекорди
Брисел бара од Грција итни мерки за намалување на дефицитот
ЕУ близу договор за надзор на банките
„Певец“ не дава плати, го тресат штрајкови
„Стандард и Пурс“ го кренаа рејтингот