Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Цената на златото со нови рекорди

Слабиот американски долар ја зголеми побарувачката на злато на уште едно рекордно ниво, пренесува Би-Би-Си. Цената на златото достигна цена од 1.201,63 долари за унца на Лондонската берза, откако достигна историски висока цена во изминативе недели.

Индексот на доларот падна за 0,8 отсто во однос на другите валути, како последица на стравот како долговите на Дубаи ќе влијаат на интернационалните пазари. Побарувачката за злато беше поттикната и од потезите на централните банки да ги прошират средствата. Слабеењето на доларот го прават златото поевтино за ривалските валути, со што се стимулира побарувачката за благородниот метал. За возврат, пак, ова ја крева цената во долари.

Цените на златото беа високо кренати откако Меѓународниот монетарен фонд и' продаде злато на централната банка на Шри Ланка минатата недела. ММФ соопшти дека на Шри Ланка и' продал 10 тони злато за цена од 375 долари, со цел да го преструктуира нејзиниот финансиски сектор.


#
Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар

Од: stevo-bojler
Датум: 03.12.2009 01:16:43
NBM, kupuvajte zlato! Zastitete ja Makedonija!
Од: Коста Стоименовски
Датум: 03.12.2009 09:55:48
Пред 4-5 месеци два весници објавија скратена верзија на мојот напис за улогата на златото во меѓународниот монетарен систем (ММС). Написот беше објавен со променет наслов: „Златото- светска супер валута“. Подоцна предупредив дека цената на златото постојано ќе расте и сугерирав Македонија да не продава злато, туку да купува. Новиот ММС е сеуште во фаза на дискусија и обликување, меѓутоа, со сигурност може да се тврди дека во него свое место ќе добие златото! Каква улога ќе добие златото во новиот ММС ќе зависи првенствено од резултатите на (тајните) преговори меѓу САД и Кина.

Најди! во Утрински
Економија
Во канџите на дефлацијата
Се' потешко до кредит, в година се чекаат пониски камати
Фирмите сакаат да знаат кој, кому и колку должи
Оставка на менаџерот на „Џенерал моторс“
Лажниот софтвер крие вируси и злонамерни програми
СДСМ ја обвини Владата за лицемерство и расипништво
По четири години Валднер ќе замине од „ЕВН Македонија“
Нова промоција од „One“ и „Boom TV“
Брисел бара од Грција итни мерки за намалување на дефицитот
ЕУ близу договор за надзор на банките
„Певец“ не дава плати, го тресат штрајкови
„Стандард и Пурс“ го кренаа рејтингот