Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Се' потешко до кредит, в година се чекаат пониски камати

Кредитниот раст на годишна основа во октомври се свел на само 4,6 отсто

Во исчекување кредитите од идната година, конечно, барем малку да поевтинат и банките да не бидат толку скржави при нивното одобрување, оваа година е факт дека многу тешко се доаѓа до банкарски заем. Тоа го покажаа и најновите податоци на Народна банка на Македонија, според кои, кредитниот раст се' повеќе забавува.

Па така, на годишна основа, кредитниот раст во октомври се свел на само 4,6 отсто (во споредба со октомври претходната година), за разлика од септември, кога изнесувал 6,4 проценти.

Тоа покажува дека банките во овој период одобруваат се' помалку кредити, пред се', поради прилично строгите монетарни правила на игра кои важеа досега, а делумно и поради ограничените извори на средства со кои располагаат. Една од причините за намаленото кредитирање е фактот што и граѓаните веќе не се залетуваат да земат заем по секоја цена за каква било намена, како што се случуваше до скоро.

„Порастот на кредитирањето во целост се однесува на кредитирање во денари, додека девизните кредити втор месец бележат негативни годишни стапки на раст, односно 0,8 отсто во октомври и 0,6 проценти во септември годинава. Притоа, движењата кај денарските кредити и натаму укажуваат на тренд на забавување на растот, којшто се сведе на 6,3 отсто во октомври, од 8,6 отсто во септември. Во однос на одделните сектори, поголемо забавување на кредитниот раст е очигледен кај домаќинствата, кај кои стапката на раст во октомври изнесува 5,6 отсто, наспроти 7,9 проценти во септември. Иако со помал интензитет, забавена динамика на кредитирање е забележана и кај корпоративниот сектор“, се вели во најновата месечна информација на централната банка.

Инаку, месечните движењата на кредитниот пазар од почетокот на годинава до октомври се карактеризирале со изразена непостојаност. Така, по двомесечното намалување на кредитните пласмани во август и во септември, во октомври 2009 година вкупните кредити на банките кај приватниот сектор повторно се зголемиле за 317 милиони денари, односно за 0,2 отсто на месечна основа. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 450 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 03.12.2009 11:30:59
Samo vie cekajte.

Најди! во Утрински
Економија
Во канџите на дефлацијата
Фирмите сакаат да знаат кој, кому и колку должи
Оставка на менаџерот на „Џенерал моторс“
Лажниот софтвер крие вируси и злонамерни програми
СДСМ ја обвини Владата за лицемерство и расипништво
По четири години Валднер ќе замине од „ЕВН Македонија“
Нова промоција од „One“ и „Boom TV“
Цената на златото со нови рекорди
Брисел бара од Грција итни мерки за намалување на дефицитот
ЕУ близу договор за надзор на банките
„Певец“ не дава плати, го тресат штрајкови
„Стандард и Пурс“ го кренаа рејтингот