Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници

Несигурната работа во домашните фирми ќе ги натера стручните кадри да бараат работа во ЕУ

Соња Маџовска

По добрата веста од Брисел дека македонските граѓани, конечно, од наредната година ќе можат слободно да патуваат во земјите од Европската унија, бизнисмените се задоволни, но и уплашени дека младите умови, кои се и нивни најквалитетни кадри, ќе си заминат од земјава. Менаџерите ќе мора да им ги зголемат платите ако сакаат добрите работници да ги задржат во земјава. Но, и покрај тоа, сметаат дека добриот македонски кадар ќе им избега, бидејќи тие ќе сфатат дека им се отвораат можности повеќе да заработуваат надвор од земјава. Домашните бизнисмени ќе нема со што да ги задржат. Се очекува првиот бран, веднаш по стапувањето во сила на визната либерализација, да биде најсилен, гледајќи го примерот на Полска и на Бугарија. Тогаш и таму менаџерите им ги зголемија платите на вработените само за да ги задржат, но, и покрај тоа, не го спречија одливот на млади и квалитетни кадри.

„И кај нас бизнисот ќе биде погоден, од аспект што тешко ќе ги задржиме добрите работници. Тоа особено ќе ги погоди фирмите како нашата, која поради кризата, неколку месеци работи, па неколку не работи. Тоа може да доведе до губење на најдобрите работници, иако може да се каже дека во нашата фирма тие се добро платени. Сепак, несигурноста на работата ќе ги натера да бараат други алтернативи. Инаку, за бизнисот визната либерализација ќе значи поголем и побрз проток на стоки и луѓе. И досега сме се снаоѓале, иако се губело многу време при чекање за визи, сега очекуваме комуникацијата да биде многу полесна“, вели Ѕвонко Стојановски од „Силмак“.

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори смета дека визната либерализација на која се чекаше долго е многу позитивна работа и ќе значи поттик за побрз развој на домашното стопанство. „Досега се споредуваме самите со себе, време е да се споредуваме со повисоки стандарди и на живеење и на работење. Очекувањата ќе се зголемат. Во делот на услугите, дизајнот, притисокот да се менувавме на подобро ќе биде поголем. Точно е дека ќе има одлив на млади луѓе кои ќе бараат подобри можности за работа и за живот, но визната либерализација ќе донесе повеќе позитивни отколку негативни ефекти“, вели Чекреџи.

Тој смета дека во бизнисот ќе се зајакнат контактите со странските фирми, а ќе се донесат и нивните технологии, знаења, култура. Нешто за што досега визите беа пречка, а недостасуваше. „Од обичен работник до инженер ќе се споредуваат со нивните странски колеги. Тоа што еден дел, особено високостручните кадри, ќе гледа поголеми можности надвор од земјава, нема да биде негативно, напротив, тоа што ќе имаат можност да видат како се работи во Европа, ќе биде добро и за нив и за Македонија. Не верувам дека ќе се зголемат платите, тоа може да се случи дури кога ќе влеземе во ЕУ. На ова ниво на кое е сега домашното стопанство не може да се очекува дека има простор за раст на платите“, објаснува Чекреџи. Земјите од Европската унија се на прво место како трговски партнери на Македонија. Во извозот учествуваат со 56 отсто, а на страната на увозот со 51процент. Од земјите во Унијата, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Италија.

Визната либерализација, пак, многу ќе им ја олесни работата на транспортерите. Од нивното здружение велат дека тоа ќе значи слободно движење, помалку процедури, заштеда на материјални средства и време, за разлика од досега, кога губат денови и веќе договорени зделки, чекајќи пред шалтерите на амбасадите. „Визната либерализација ќе значи спас за нас, транспортерите, брзина и флексибилност, но и подобрување на цените. Сега има ситуации кога губиме работа поради долгото вадење визи, а плаќаме дури и пенали поради доцнењето, за што транспортерите воопшто не се виновни“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

За бизнисот, визната либерализација ќе донесе искуство и нови технологии. За младите отворање нови видици.

Но, според сегашната статистика, дури 70 отсто од младата популација меѓу 16 и 30 година не биле во ниту една земја-членка на ЕУ, со исклучок на Грција, а само неколку стотици студенти имале можност да патуваат на конференции во Европа. Поразителен е фактот што македонските граѓани досега годишно трошеа во просек по пет милиони евра за шенген-визи.


Статијата е прочитана 1868 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 16.07.2009 18:23:32
Се укинуваат туристички визи. За да се работи некаде потребно е да се има работна дозвола, а процедурата за нејзиното добивање ќе биде потполно иста како и сега. И уште нешто: тие што се навистина добро во работата и сега можат да си одат ако сакаат.
Од: Ivan
Датум: 17.07.2009 00:10:01
Krajno vreme e da prestane eksploatacijata na Makedonskata untelegencija i da se iskoristuvaat maldite deca da rmbaat za 9000 den kako da se fizicki rabotnici za smetka na nekoi koi ni desetina od toa ne se ama poradi svoit ekonekcii polesno plivaat vo sistemot. Ke ostane samo zganot vo zemjata. Sreken sum so ovaa vizna liberalizacija ke vlijae na mnogu raboti kako cena na rabotna raka a voedno i vrednost na satnovite. Kol li seka dragi moi ke gi kupuva po cena od 1500 eur m2. Eksploatirajte se sami sebe., Intelegencio sibaj napred vo eu tamu e idninata
Од: Goce
Датум: 17.07.2009 00:59:21
E NE, ke go trpime gazdata koj zarabotuva po 5000e mesecno za nas da ni dava 250e Uste malku i ke resime mnogu takvi gazdi Da zivee Makedonija
Од: mile
Датум: 17.07.2009 01:50:01
летајте само летајте,разберете бе човеци не треба виза за патување а тоа не значи дека смеете да работите.дилери,курвана и арамилук само тоа преостанува среќно.
Од: kire SAD
Датум: 17.07.2009 07:57:23
Nisto i taka ovie sto se namesteni preku vrski ke si ostanat da rabotat vo MK , i taka nema rabota za ostanatite ke mora da se snaogaat niz svetot nekoj ke uspee a nekoj nema. Barem ke mozat da prosperiraat bez da bidat izlozeni na korupcijskoto opstestvo kaj nas.
Од: Игор
Датум: 17.07.2009 08:31:54
Целта на весниците е да информираат, а не да дезинформираат. Читајќи го текстот читателите ќе помислат дека од јануари ќе можат веднаш да одат и да работат каде сакаат, а тоа едноставно не е точно. Каде сакаат и кога сакаат ќе можат да работат само на црно. За легална работа процедурата ќе биде иста како и сега.
Од: dbreak
Датум: 17.07.2009 09:22:51
Pa koga sé e po partiski kluc ne se budali da sedat u MK
Од: Karanfil Trendafilov zvani Ruza
Датум: 17.07.2009 09:26:40
Vaka, vo sekoj slucaj ke bide podobro zatoa sto mesto da shljakaat za nashite novopocheni robovladeteli i ponekoj feudalec (uste dolgo nema da imame kapitalisti) za 100 EUR mesechno, ke rabotat na crno vo EU za 10 pati po tolku, pa i ako gi fatat, dushata ne mozat da im ja zemat, tuku samo ke gi deportiraat nazad vo MK. Bash bi sakal da gi vidam facite na nashite robovladeteli nakisnati koga ke im ja zduvnat bez nitu pozdrav nivnite MK robovi. Neka pojdat do Kina i Avganistan da si baraat novi rabotnici. Da zivee EU i tamoshnite kapitalisti, koi iako baraat kvalitetna rabota, kvalitetno i plakjaat i se grizat za bezbednosta na rabotnoto mesto.
Од: Cento
Датум: 17.07.2009 11:31:02
Gazdata moj zarabotuva miljoni, znaci jas treba da mu baram 500 000 godisno taka Goce?Abe ne si praete bajram so umot. Mislite deka zemjite kako Germanija, Svajcarija Austrija itn. nemaat srucen kadar pa cekaat da dojdime nie od Makedonija???
Од: london
Датум: 17.07.2009 11:42:01
Gospodi boze dali nekoj od novinariem e dovlno umene konecno d asfati deka rabotanat dozvoal enma vrsak so vizite i konecno da prestanat da psiuvaat glupsoti! dobrite kadri se odlivata so rabotni dozvoli ne turisiticki visi.. Rabotni dozvoli se dobivata vo skeoi vrem ako iam raboat i kfalifikacii.. dosta psiubate glupsoti sramota e za profesijata!!!!!!!! Site li novinari se nepismeni - pa videte na sekoj web sit ee objasneta razlikata vo vizite!!!!!!!!
Од: rabotnik
Датум: 17.07.2009 12:07:46
Vo ovoj tekst najveke mi pravi keif sto nasite feudalci , a i stranskite vo MK ke moraat da go odvrzat keseto i da platat nesto poveke. Samo ke vi kazam za eden feudalec sto go poznavam deka toj prosecno troshi 2.000 den. za dorucek , a po 4.000 za rucek i vecera. Toa znaci 10.000 den. dnevno , pa izracunajte kolku e toa mesecno.Cao.
Од: Risto
Датум: 17.07.2009 12:17:55
Pisuvav i porano i pak ke napisam na ovaa tema,sposobnite luge uspevaat bilo kade vo svetot pa i vo Makedonija,mototo e sekade isto,sonuvaj idea,razraboti ja,ostvari ja tolku e lesno ve ubeduvam deka e taka i ke go storam toa so skeptici i toa vo Makedonija site na isto nivo i ist kapital pa da ve vidam ane samo da kukate site se krivi osven vie samite.
Од: trajce
Датум: 17.07.2009 12:26:35
neeee, ke rabotat za vas za 200 evra neosigurani denje noke sabota nedela ... zavrsi prikaskata ...
Од: dukopandurmakedon
Датум: 17.07.2009 12:29:50
nie sto sme veke u svet gi cekame nasite braca i sestri da dojdat vo Evropa kaj nas na gosti da si popijeme po koje pivce i da se razbuametime i onaka ovde sekoj den ima se pomalku rabota pa odmorite si gi pominuvame na Alpite namesto vo Ohrid.Dajtemi krila kak da si metneh....sega gi razbiram stihovite i togas imalo kriza pa coeko ne mozel doma da si pojt pa zato elate ni na gosti za pivo i skara uste ima,a i rabota ima sekoj den vozam biciklo,sklekce po koje,plivanje dur e toplo na divi ezera i taka si vrvi deno.Da zivee zavodo za trud inaku pak ke si cuvav ovci vo Mariovo e sco uboo bese barem si bev doma.
Од: Стеван
Датум: 17.07.2009 13:47:18
Ништо, да бараме пак да ��и ги вратат визите!
Од: IT
Датум: 17.07.2009 16:56:30
abre lugje da znaete deka vo evropa vasite diplomi ne vazat nisto.....
Од: nekoj
Датум: 17.07.2009 17:23:13
Do "Risto", za koi isti uslovi zboruvas coveku? Za ideji treba kapital, a taa skapanata Makedonija ne dava ni eden skapan kredit... I da se bide uspesen megu milioni i 2 milioncinja ne e isto, pardon. Ocigledno deka nikogas i ne si bil nadvor.
Од: Mile
Датум: 17.07.2009 17:58:49
Sramota za novinarkata i za urednikot sto objavuvaat vakvi napisi koi vo osnova pocivaat vrz netocni informacii. Ubavo velat del od citatelite: razberete deka stanuva zbor za ukinuvanje na turistickite i tranzitnite vizi! Znaci, kje se ukinat vizite za prestoj vo zemjite na Sengenskata Zona za prestoj do 3 meseci i nisto povekje. So tie vizi ne moze da se raboti vo EU!!! Bugarija i Romanija se clenki na EU pa nivnie drzavjani pak ne mozat da rabotat vo sekoja zemja na EU!!! A menadzerite bezdurgo treba da gi platat ne samo mladite tuku u starite strucnjaci malce podobro i nemaat od sto da se plasat. Ako nekoj menadzer se plasi od ukinuvanjeto na vizite ne treba da bide na taa funkcija.

Најди! во Утрински
Насловна
Брегалница стана колектор за отпад
Две деца се удавија во Претор
Бриселска инфузија за Груевски
Бигорскиот манастир добива автентичен изглед
Единаесет Срби загинаа во Египет
Мачни репризи во Собранието
Каде плови бродот на Груевски
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Магични печурки влегоа во училиштета
Прва тужба за мобинг од работничка во Битола
Запрено леењето на спомениците, но не и на Александар Македонски
Кавга на газди ја поништи „Градски аптеки“
Прилеп во Скопје
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Соништа и посланија
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Што сакаат тие?