Сопствениците на „Зегин“ и „Фармакорп“ се скарале за избор на директори
Јасмина Јовановска
Скопскиот Основен суд ја поништи приватната здравствена установа „Градски аптеки“ од Скопје. Ваквата пресуда е донесена затоа што сопствениците на „Градски аптеки“, „Зегин“ и „Фармакорп“, не можеле да се усогласат околу управувањето со установата. Повеќе од шест месеци газдите не успеале да именуваат двајца од тројца директори согласно со договорот за основање на приватната установа. Со ова, фирмата не може да функционира, а вработените четири месеци се без плата. Аптеките се' уште работат, но рафтовите се празни, а пациенти ретко влегуваат за да побараат лек.
Пресудата е епилог на неколкумесечни недоразбирања и борба за имот на двајцата газди. Кавгата заврши на суд и тоа по тужба од „Зегин���. И двајцата газди не се за уништување на аптеките, но дека не можат да се усогласат покажуваат и различните толкувања за пресудата.
За сопственикот на „Зегин“, Благоја Механџиски, со ваквата пресуда за „Градски аптеки“, конечно, ќе може да се стави крај на голготата и ќе се расчистат работите. „Градски аптеки“ е жртва на корупцијата во судството, коментира другиот газда, Тодор Костадинов, директор на „Фармакорп“. Тој ќе се жали до Апелациониот суд за начинот на водење на судската постапка.
„Со пресудата, согласно со законот, ќе може да се изврши поделба на имотот, долговите и вработените според тоа кој колкав удел има во сопственоста на имотот“, вели Механџиски.
„Но, прво, на ортакот ќе му понудам да ги санираме аптеките, за што ви согласност си договорот треба да се донесат свежи пари од дома“, вели Механџиски. Долгот на „Градски аптеки“, според него, е околу 3,7 милиони евра. Доколку не го прифати ова другата страна, со поделбата „Зегин“ ќе земе 48 отсто од долгот, вработените и од имотот на „Градски аптеки“ колку што е неговиот удел во нив и ќе продолжат да работат самостојно.
Понудата за поделба Костадинов не ја прифаќа, кога тие имаат поголем удел од „Зегин“ и тоа 50 отсто. „Мора да се стави крај на корупцијата и на опструкциите во ’Градски аптеки‘“, вели Костадинов и додава дека освен што ќе се жалат до Апелациониот суд, ќе поднесат пријава до Антикорупциската комисија.
„Најавите за спас на ’Градски аптеки‘ се само декларативни, кога заднината е јасна, да се уништат заради конкуренцијата“, појаснува Костадинов. Тој нагласува дека со месеци „Зегин“ врши опструкции околу Акционерското собрание и затоа не можат да функционираат аптеките.
Механџиски, пак, тврди дека не врши опструкции и ја напаѓа „Фармакорп“ дека не знае да работи со аптеките, туку дека само ги уништува. „Не може да се спасуваат аптеките со давање имот под хипотека“, додава Механџиски.
Site ovie podlizurkovci i preku nokj biznismeni treba da se smestat vo hotel KPD Idrizovo!!!Neznam kako ne im e sram na ovie vosocni figuri da igraat majtap so vrabotenite a i so narodot.Neka ne zemaat i direktorcinjata 4 meseci plata.Starite nashi rekle:"Sto ne se prchilo,ne se kozi".So vakov rasipnicki i kriminalen mentalitet-NEMA NAPRED!!!
Од: nezavisen
Датум: 17.07.2009 08:14:36
Za Kostadinov ne znaeme mnogu, no gazda Zegin e nadaleku poznat po negoviot kriminal. Setete se samo na humanitarnata pomos za cunami, covekot sakase da iskoristi od carinata nad 300.000EUR, Fondot za zdravstvo go izgore so 195 milioni denari so kamati za koi prvin se otkaza, plati 305.000 EUR nezakonski zataen personalen danok i uste sto li ne, a na covekot vlakno od kosata ne mu fali. Toa ti se vika "drzava".
Од: Ајван Доктор
Датум: 17.07.2009 08:28:33
А... каде се тука Наши Аптеки, за која би се превезувале лекови со Наше такси, а сето тоа би било објавено на Наша ТВ, со Наши пари? :)
Од: verag
Датум: 17.07.2009 09:16:57
Градски аптеки пропаѓаат,но газдите не,тие и понатаму се меѓу најголемите богаташи,или што би рекле некои,олигрси.И двајцата се најголеми верници- Костовски изгради црква, Зегин поклонува само верски календари. Се додворуваат на Бога и на верниците, а се крајно бездушни кон своите вработени.Зарем немаат ни трунка совест и хуманост? Како може да остават стотици вработени без динар со месеци (заедно со нивните семејста). Ако веруваат навистина во Бога зарем не се плашат од пеколните маки?
Од: Aesculapius
Датум: 17.07.2009 09:25:59
Sramota! Gi unistija aptekite! So mesevi na red vo gradskite apteki ne moze da se kupi ni analgin, ni aspirin. Vrabotenite 4 meseci nemaat zemeno plata. Koj dopu[ta vakov kriminal vo Makedonija? Koj mu dade na onoj aramija Zegin da gi kupuva gradskite apteki? Neka im sluzi na cest ( sto ja nemaat).
Од: aptekarka
Датум: 17.07.2009 10:51:49
nesto trgna napred,konecno nekoj cekor od najavenite sto.nasiot mil i pocituvan gazda ,nini, sa severa proteran od sopstvenata kako bi se reklo maticna drzava uspeaa da gi kupi skoro site apteki vo makedonija.i tuka ne e krajot tuku pocetok na golgotata na vrabotenite vo niv .donese rakovoden kadar so zavrsen fakultet i pocna da ne vodi napred .vo veles od zateceni cetiri apteki ostanaa samo dve,edna kaj posta koja vo interes na vrabotenite ja smali na edna tretina od postojanata,drugata kaj saatot koja e pod kirija i ne samo toa ..napravi i promeni.od zateknati 30 vraboteni ostanaa samo 4-najupornite.mozebi so nekoj zakon vo nekoe idno vreme ke gi proglasat za borci,a drugite koj kako se snajde .nekoj vo penzija ,nekoj prisilno napusteni ,vo privatni sopstveni apteki itnt,najbitno e deka privatizacijata bese uspesna .gazda nini zede i ovci i novci .ovcite odnosno vrabotenite prezivuvaat ,a parite sto nekoj so godini gi pecalel gi sobra toj i negovata bagra... itaka ponatamu