Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Единаесет Срби загинаа во Египет

Во судирот на автобусот со туристи и камион кај местото Луксор загинаа и двајца Египќани

Единаесет српски државјани, меѓу кои две деца, како и двајца Египќани загинаа во страшна сообраќајна незгода што вчераутро се случи на патот меѓу Хургада и Луксор во Египет. До трагедијата дошло по судирот на автобус со туристи и камион, кој наидувал од спротивниот правец. Во автобусот се превезувале 22 лица, а трагичниот биланс на загинати и на повредени постојано се менува. Српските туристи во Египет летувале преку агенцијата „Перла турс“ од Нови Сад.

„Нашата амбасада во Каиро доби информации од официјалните органи дека станува збор за автобус во кој имало 17 патници од Србија, и тоа 14 возрасни и три деца. За жал, загинаа 11 државјани на Србија“, изјави за белградските медиуми српскиот амбасадор во Египет, Дејан Василевиќ.

Според информациите од светските медиуми, во автобусот имало вкупно 22 патници, од кои 17 туристи од Србија. По несреќата сите биле сместени во болницата во Хургада, каде што преживеаните се наоѓаат под лекарски надзор. Идентитетот на настраданите не е соопштен.

До несреќата дошло откако автобусот удрил во камион што наидувал од спротивниот правец. Белградските медиуми пишуваат дека на тој пат и порано се случувале несреќи, особено поради тоа што има само две тесни ленти. Весниците пишуваат дека несигурното возење, ниските казни за прекршоци и лошите патишта се причина за многубројните сообраќајни незгоди во Египет. Според официјалните податоци, во 2008 година во сообраќајни незгоди во Египет загинале повеќе од 8.000 лица. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1494 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Брегалница стана колектор за отпад
Две деца се удавија во Претор
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
Бриселска инфузија за Груевски
Бигорскиот манастир добива автентичен изглед
Мачни репризи во Соб��анието
Каде плови бродот на Груевски
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Магични печурки влегоа во училиштета
Прва тужба за мобинг од работничка во Битола
Запрено леењето на спомениците, но не и на Александар Македонски
Кавга на газди ја поништи „Градски аптеки“
Прилеп во Скопје
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Соништа и посланија
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Што сакаат тие?