Мораториум на непродуктивни објекти е доказ за подготвеност за европски интеграции
Визната либерализација е порака од Брисел до сите граѓани на Македонија дека, по 20 години изолација, успешно се завршени реформите за безвизен режим. Долгата гетоизација паѓа на душа на сите македонски влади. Најмалку ова е успех на една влада и на еден премиер. Припишувањето на тој успех само на себе, во најмала рака, е безобразлук. Безвизниот режим, колку и да е олеснување за граѓаните, не е замена за двете најгорливи прашања: евроинтеграциите и последиците од економската криза.
Само мораториум на изградбата на сите непродуктивни објекти, музеи, споменици, стадиони, театри, филхармонии, итен ребаланс на буџетот и членство во ММФ се сигурен доказ дека новата Влада и Груевски бараат „разумен компромис“ за името и излез од економската криза.
За да се дојде до ова сознание, треба да се побараат одговори прво на прашањето зошто заминаа четворица министри од Владата. Јавноста, и покрај квалитетната расправа во парламентот и многубројните анализи во медиумите, нема јасен и точен одговор на ова клучно прашање. Молчат двете страни. Молчи премиерот Груевски. Ни абер ни глас нема од „доброволно“ заминатите министри, а и разрешениот Трајко Славески не кажа ништо повеќе отколку она од собраниската говорница. Оставките, колку и да се со немушт јазик, сепак, доволно јасно укажуваат на сериозни несогласувања и дијаметрално спротивставени концепти околу двете најгорливи прашања што ја притискаат Македонија: името на државата и економската криза.
Премиерот Никола Груевски ги оправда лаконски смените со потребата за поефикасно работење, а и досега сме биле турбоефикасни и засега храбро ја презеде целата одговорност од севкупните состојби и последици што произлегуваат од овие две суштински прашања кои со себе носат историска одговорност и ги засегаат сите граѓани на Македонија. Тој јавно објави дека ситуацијата е под контрола, капетанот рече дека управува со бродот сигурно, дури е и засилен и плови според курсот кој лично тој го задава, знаејќи ги добро сите подводни гребени. Меѓутоа, освен капетанот, сите што сме на бродот Македонија никој не го знае патот. Засега само знаеме дека пловиме кон ’Ртот Добра Надеж, но знаеме и тоа дека таму се најсилни водите и таму има најмногу потопени бродови.
Тешко е да се верува дека Груевски сам ќе ја прифати целата одговорност да управува со бродот Македонија кога ќе надојдат поголемите бранови пред да удри цунамито. Ако се' смислил сам, со своите соработници кои јавноста ги идентификува како државен врв, а потоа ги викне за покритие другиот дел од политичките и интелектуалните елити само за да ја дели одговорноста, а да не учествуваат активно во стратегијата, тешко дека некој ќе се согласи на таква маргинализација во време на огромна историска одговорност. Меѓутоа, мора да се знае дека Грците се подобри морепловци од Македонците. Секогаш знаеле да ги одбегнат подводните замки, но знаеле да ги потопат бродовите на противникот, па дури и тројански коњ да натоварат на брод и да ти го остават пред врата како подарок.
Последен таков случај е со Кипар 2004 година. Целиот свет го убедуваа дека Кипар е независна држава, дека Турција 1974 година извршила агресија и дека иднината на Кипар е заедничка држава на Грците и на Турците што живеат на островот. Кога кипарските Турци за истото тоа се изјаснија на референдум со 65 проценти дека го прифаќаат тој предлог, веднаш и Грците организираа свој референдум на кој 75 проценти кажаа не сакаме заедничка држава со Турците на Кипар. И успеаја да им ги затворат вратите на кипарските Турци и кон Европската унија и кон светот.
Капетанот Груевски може храбро да потоне со својот брод, но сите сме на него
Ако Груевски не ги знае овие грчки византиски политики и подводни санти мраз, ќе му го потопат бродот уште пред првата бура. Сега, наводно, доброто расположение за „Северна Македонија“ Грците брзо ќе го претворат во неприфатливо и навредливо решение за нив, ако во Македонија се кројат уште пред тоа будалштини од типот „бараме прекин на преговорите“ како што сега заговараат истовремено некои провладини организации и тајните грчки разузнавачки служби. Едностраниот прекин на преговорите од страна на Македонија е најдобрата вест за грчките шовинисти и за тврдиот Караманлис. Тоа би било, пак, најлошата вест за граѓаните на Македонија.
Ако сите овие работи ги знаеше Ивица Боцевски и ако виде дека Македонија глуми оперативност, неговото заминување со таков повод е крај на прикаската за европеизација на Македонија. А истовремено именувањето на Васко Наумовски со иста цел и само ново жртвено јаре со една олеснителна околност дека сите стануваме жртви на една авантуристичка политика. Значи, нема друго чаре освен да се потроши рејтингот собиран со популистички мерки и да се тргне храбро со скалпелот. Оставајќи простор некоја идна генерација граѓани на Македонија да ја исправат големата историска неправда што им се нанесува на Македонците и на сите граѓани на Македонија во 21 век, кога самоименувањето и самоопределувањето се дел од основните човекови права.
Рокот за одлуката околу името, по се' изгледа, е крајот на 2009 година. Дотогаш треба навистина многу мудрост, храброст и пријатели. На државниот врв не треба да му се завидува, го чекаат тешки денови особено ако тврдоглаво продолжат само со веслање да го возат прекуокеанскиот брод.
Трајко Славески индиректно кажа дека многу се различни концепциите и за справување и за ублажување на економската криза. Тој драматично извика од собраниската говорница дека итно е неопходен нов ребаланс на буџетот за сто милиона евра. И тоа веднаш, а не во септември, ако Македонија не сака да банкротира.
Всушност, од различните економски концепции и од односот спрема економските реформи се гледа дали Груевски се подготвува за евроинтеграции или за нови избори. Ако е за евроинтеграции - ќе се работи на стратегија за името, а ако е за нови избори - Груевски нема да ги напушти непродуктивните популистички инвестиции: музеи, стадиони, антички споменици, театри, филхармонија, црква, џамија... Тоа се главните адути на Груевски до следните избори. Затоа е избркан ММФ од Македонија. Министерот Славески и други домашни и меѓународни економски експерти постојано го повикуваат Груевски да стави мораториум на изградбата на овие објекти. Нашиот Перикле не сака ни да чуе за вакво нешто. Тој упорно стои на ставот дека со овие објекти ќе ги добие изборите.
Тешко може кој било на светот да смисли стратегија за разумен компромис со Грците истовремено и со Александар Македонски јавнат на Букефал на скопскиот плоштад или со копје високо 30 метри на Филип Втори што ќе ги допира облаците од Градскиот стадион. Досега само МАНУ јасно укажува на словенскиот предзнак на македонскиот јазик и потекло, а антиквизацијата продолжува и натаму со епидемични размери. Тешко дека Нимиц колку и да е оптимист во последно време, а ниту Брисел, Вашингтон и Москва можат да притиснат во вакви услови за „разумен компромис“ или за „решение прифатливо за двете страни“. Значи, само мораториум на изградбата на сите непродуктивни објекти, ребаланс на буџетот и ангажман со ММФ во износ од 700 до 900 милиони евра, според процените на бизнис-елитите, ќе значи дека Груевски и новиот владин кабинет цврсто решиле да одат кон Европа и кон излез од економската криза. Се' друго е фолирање и измама на домашната и светската јавност. Без овие храбри и вистински реформски потези, Владата и државниот врв влегуваат во авантура во која влогот е Македонија. Никаква не е утехата што целиот товар го презема капетанот Груевски. Тој може храбро да потоне со својот брод. Ама сите сме на него.
Tezok ce bide "razumniot kompromis" za ovaa vlada. Za da se resat problemite so Grcija, megudrogoto, vladata ce treba da potvrdi deka nema teritorijalni pretenzii prema Grcija. Na zborovi i na dela! A to znaci deka nemoze da gi slavi onie sto se borele za OBEDINETA Makedonija. A toa pak znaci deka od Muzejot na zrtvite na komunizmot ce treba da se izvadat bar polovina od vosocnite figuri. A dali egejcite ce gi dobijat od Grcija triesette miljardi dolari sto lani ovaa vlada im gi veti? Toa neznam
Од: Makedonka so posiroki pogledi
Датум: 17.07.2009 00:32:16
Ajde da vidime koga ke bide slednoto pojavuvanje na Premierceto so svot tim pred kamerite. I kako toa ke izgleda posle 15 septemvri, koga ke go dobieme izvestajot od EK za " napredokot" vo sproveduvanjeto na reformite. Se mislam deka deka voopsto nema da go vidime ovoj "prerodbenicki" tim.
P.S. se videle li nekogas ovie na slikata pogore kako izgledaat pozadi prerodbenikot !!!
Од: Миле
Датум: 17.07.2009 00:39:43
Врти, заврти пак за промена на името.
Престани веќе еднаш.
Барањето на грците за промена на името на Македонија е антицивилизациски чин. Прифаќањето на уцената за промена на името е опасен вовед во дестабилизација на државата и нејзино конечно распаѓање. Ако не постои дрѓава Македонија со македонци во неа, се подгреваат апетитите на соседите дека всушност македонците се јужни срби или источни бугари и.т.н.
При нејзиниот распад никој, ама баш никој, нема да биде поштеден.
Подржувајќи го ова сценарио правишн голем грев према македонците и сите останати кои ѓивеат во неа и во сосетството.
Од: terezija
Датум: 17.07.2009 01:08:04
Nema dolgo da chekame na odgovorot,deka KANIBALIJA {poraneshen FYROM}konechno se "pripoi" k'm Majka B'lgarija...Sosema "prirodno" i pred se' OCHEKUVANO...?!A takvi kvazi Ministri kako prethodnite gi ima SAMOBENDISANIOT ni Premier,na pretek i toa na lager"spremni" za SAMOZRTVUVANJE i so rok na upotreba;SAMO za EDNASH-vo chest i predanost kon Kajzerot.Zarem seushte nekomu ne mu jasno dekaso Makedonija veke e zavrshena pesnata..?!Za skoro-ima da ne nema-sakale nie da priznaeme ili ne i za zal na mnogute DUSHEGRIZNIC koi "cvrsto"ja zastapuvaa "pravednata"t.e.NASHA STRANA...I
Од: od izgrev
Датум: 17.07.2009 01:29:50
Kade plovi vladata? Se imas li zaprasano ti gospodine Rizaov kad plovis ti, vo koi vodi si ti? Ili toa za tebe ne e bitno, samo vazno e da se kritikuva. A ako ne se sllucese ova ti povtorno ke laese na siot glas. Kade plovi plovi vazno nesto barem postignuva. Kade se tvoite sopartijci sto go prodadoa imeto na drzavata a sega ne stivnuvaat so bos muabetite.
Од: Brian , Canada
Датум: 17.07.2009 01:29:53
G-dine Rizaov edno isto mlatis sekoja nedela. Saraj malku , zaraboti cesno edna plata bez povtoruvanje na isti kolumni.
Mnogu lesno moze da se razuverat vasite tvrdenja.
Viznata liberalizacija e delo samo i isklucivo na ovaa vlada. Kako moze da imaat udel kriminalcite na SDSM vo viznata liberalizacija. Komunjarite sakaat zatvoren sistem za da mozata da go on...at narodot. Gruevski gi smeni prvite ministri po 3 godini. Toa e epsoluten rekord, ako se potsetime BC gi menuvase premierite kako corapi (tri vo edna godina), da ne zboruvame za ministrite. Jadni ste na celo so Vasata omilena opozicija. Nema nisto konstruktivno. Kako dokazani nacionalni izrodi, dobro e i ocekuvano SDSM da bide minorna opozicija. Kako sto rabotata "Gvujo " ke gi dobie izborite i 2016 ( 2012 se veke dobieni). Ke te fati penzija, g-dine Rizaov pisuvajki edni isti tekstovi.
Од: pane
Датум: 17.07.2009 01:46:54
Ne mi se veruva deka ne go spomna nato. Good boy!
Од: mitko za kompasite
Датум: 17.07.2009 01:53:50
Vcera gledav eden klip na A1 za bezviziniot rezim, vo koj edna novinarka prasuva edna budala od Sipkovica za vizite a toj i odgovara ke bide Golema Albanija (mozda i vie go vidovte?) Takvi se megunacionalnite odnosi. Budjetot e pred bankrot. Makedonija ima slabi i potprosecni vodaci od VMRO a takvi bi bile i od SDSM (ako po nekoe cudo bi dosle na vlast). Makedonija i makedonskata nacija ednostavno mora da vlezat vo EU, ako toa ne go napravat naskoro ke mora da im se obratat za zaednicka drzava na nasite slavjanski sosedi. Dogovorot za imeto ke bide maksimalno ponizuvacki i ke dovede do celosno otfrlanje na Egejcite (tie ke bidat Severni Makedonci od Juzna Makedonija). Ama taka e toa koga niv dosega gi vodea paceri (ne samo VMRO-vcite). No sto e tuka e. Mora da se napravi ona sto e realno mozno a ne ona sto najmnogu ni se dopaga. A Makedoncite MORA da vlezat vo EU.
Од: jovan petreski od novo lisice
Датум: 17.07.2009 02:04:18
neznam koja e frustracijata kaj vas gospodine Rizaov sprema se sto e vmrovsko i dobro za ovaa drzava ako tolku bese branko sposoben sto ne go resi ovoj problem pred mnogu godini tuku sega se krie od odgovornosta a misli deka nie sme tolku ludi sto neznaeme koj ne donese na ova deredze koga bese najtesko za makedonija otide da bide angliska kralica t.e premier zatoa potebno e site da zastaneme vo odbrana na dostoinstovoto na identiteto ijazikot zasto ocigledno e deka sme pritisnati za severna makedonija
Од: Ace od Avstralija
Датум: 17.07.2009 02:05:23
Ova e uspeh na Makedonskiot narod so VMRO i Gruevski kako premier. Stom Branko se trgna na strana vo opozicija, se gledase deka poleka no sigurno ce se odi napred. Se znae deka Brane e debelo platen platen od Grcite, pa ako ne daj boze pak se vrati na scena, ce imate pak problemi.
Од: Ози
Датум: 17.07.2009 03:00:45
Цитат: “Дотогаш треба навистина многу мудрост, храброст и пријатели“. За жал ниту го имаме првото, уште помалку второто а најмалку третото. Но затоа го имаме Груевски, хахаха.
Од: gargi
Датум: 17.07.2009 03:05:25
Ke go menuva imeto,ama mu otide pola glasacko telo na kontoto na Boskovski.Tuka e bolkata.I aranzmanot so MMF boli.drzavata mozebi ke se izvlece ama drug ke mu komanduva na Gruevski kako da go trosi parite.E ke nema veke partiski vrabotuvanja i trosenje pari za reklami i drugi gluposti,a stom toa go nema ke nema i trcanje na izbori,glasovi,zemjodelskite subvencii ke bidat kontrolirani,a so toa ke go zagubi i 90 otsto od glasackoto telo na VMRO.I togas nastapuva fazata narecena-"kud koji mili moji".Taka da na premierot mu e udolu dlaboko,ugore visoko.Pa kade se tuka vetuvanjata od stranicite od bestselerot "Prerodba vo sto cekori",pa patistata,vetenite zgolemuvanja na platite i penziite,prenatrupanite partiski vrabotuvanja itn,itn(mislam ne go glasavme zaradi vetuvanjata deka gradonacalnicite ke mu metat ulici),stranskite investicii,nezavisnoto s.Ne se somnevav vo cesnite nameri na Gruevski,ama domasniot esap i toj na pazarot-ne e sekogas ist.A premierot izgleda pocna da go nosi matnata
Од: Сергеј
Датум: 17.07.2009 04:01:15
Драг Ероле, нема Груевски да потоне со овој брод, тој прв ќе замине откако ќе биде торпедиран! Целата мака е во тоа што на бродот нема доволно чамци за спасување. Има само за избраните. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Vineam Makedonski
Датум: 17.07.2009 04:24:56
Ha, ha i samiot si protivrecite od edna strana patot sto go kreira VMRO na celo so Gruevski vodi kon rtot Dobra nadez a od druga strana sakate gruevski da potoni, pa gospodine Rizxaov verme e da kazete na koj brod vie plovite sakate da odite na rtot Dobra nadez ili pak sakate da odite na dnoto na okeanot...
Од: Trpe original
Датум: 17.07.2009 04:51:07
Makedonija mi lichi na krvava borba pomegju 2 gusarski broda:Na edniot kapetan e Crvenkovski a na drugiot Gruevski.Tie dvajcata "iskusni"kapetanishta se borat,nadmudruvaat od brodskata kabina a vo megjuvreme na palubite mornarite i vojnicite (narodot) bezmilosno prolevaat krv.Za toa SEKAKO tie (kapetanite) ne snosat nikakva odgovornost.Moze i da izgubat na izbori se dodeka ne se odluchat povtorno da ja stavat kapetanskata kapa na glava i da ne proshetaat so brodot kon vodopadite na Nijagara:))).Vozenjeto sekako e besplatno ama nema da bide udobno:)
Од: Doktor po filozofija
Датум: 17.07.2009 05:25:04
Ubavo, Rizaov, shto konechno pochna da go stavash ona "razumen kompromis" vo navodnici. Ushte poubavo kje beshe da prestaneshe so eufemizmite, i da pochneshe ova da go narekuvash "promena na imeto", shto vistinski e.
Од: blaze m.
Датум: 17.07.2009 05:36:20
Vakov komentator nema nigde na Svetov, sve pretvara od belo vo crno ili e platen od opozicijata, pa veruvam vo tolku losha rabota na vladata ima i neshto dobro ili vi treba naocari so pogolem diopter da gi vidite rabotite od drug agol.
Од: Виктор
Датум: 17.07.2009 07:03:45
1. Критериумите за НАТО се исполнети. Критериуми за визна либерализација се исполнети. Е овие се храбри и вистински потези со кои не се залажува јавноста. Ако уште ги исполнат бенчмарковите за преговори, тогаш е премногу јасно кои се приоритетите на владава.
2. 2008 имаше раст од 5+ посто. 2009 има пад од 0.9 (што е многу подобро од просекот на европа 4.4). Тоа се факти. Ете што има сработено оваа влада на економски план. Без помош од опозицијата, без бизнис-елитите и без ММФ.
3. Караманлис со неговите изјави “Македонија е една“ и “скопјани“ кои уствари се ИРЕДЕНТИСТИЧКИ и крајно навредливи за македонскиот народ (“македонија е една“ е уствари окупаторска изјава) придонесуваат да се прекинат преговорите. Исто така, забраната на Караманлис за контакти и средби на министерско ниво не придонесуваат многу за приближивање на ставовите за името. А Аце Македонски е историска личност чие кралство (дел) било на оваа наша територија.
Ова се факти. Све друго е фолирање и измама!!!!
Од: Колега
Датум: 17.07.2009 07:25:02
Со колкава негативна енергија бликате г-дине Е. Ризаов како да сте на бродот на СДСМ. Тоа воопшто не е добро иако сакате да се есапите за новинар а не пак за историчар што и сте по вокација. Не е добро.
Од: sasHo
Датум: 17.07.2009 07:37:06
brodot veke mu tone samo sho ne e potonal , ako ne smenat nesho vo pooitikata ke si ostaneme zasekogash vo tranzicija
Од: GORGI
Датум: 17.07.2009 07:47:10
Brodot na premijerot Gruevski plovi kon brakata HUNZI, za zal tova e nasava sudbina sega za sega, Makedonija za sekogas...............
Од: Објективен македонски патриот
Датум: 17.07.2009 07:49:59
Да бе. Безвизниот режим не бил заслуга на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Не, туку на Шеќеринска и СДСМ. Џабе се мачите да им помогнете на губитниците. Народот убаво гледа, па казнува и наградува. Браво за Груевски и владата. Голем успех за Македонија.
Од: don kihot
Датум: 17.07.2009 08:01:28
Ova so sklucuvanje aranzman so MMF, mislam deka e neophodna merka pred ekonomski krah, spomenicite i slicni zanesuvanja isto taka trba da se zamrznat, no najveke mislam deka treba da se sece vo Drzavnata administracija koja e obemna a neefikasna, toes mnogu sluzbenici vo Makedonija go jadat lebot od bugetot, koj ne im e zaraboten, ili radi nekoi partiski interesi se zaposluvaat nekadarni kadri koi ponatamu dremat po kancelariite bez nikakof efekt.Ova i Evropa go posocuva veke nekolku pati, a i se primetuva od avijon kolku se efikasni i strucni koga ke vi zatreba nesto od niv, cuvaj boze.Zatoa neka ne se misli na partiska glasacka masinerija, nego kratenje vo administracijata, koja nisto ne doprinesuva, a go nagrizuva bugetot anormno.
Од: Donald Duck
Датум: 17.07.2009 08:42:50
Vo javnosta se provlekuva stavot deka SDSM i Branko go "prodale" imeto. Ne mi e jasno kako moze (i kako si zamisluvate) da se prodade ime? Na pazar? Na oglas? Koi se indiciite deka imeto e prodadeno? Aj nekoj od portokalcinjava neka mi odgovori....
Од: Трпе
Датум: 17.07.2009 08:55:33
По се што има завршено,мистер Рејтинг со неговото лепо друштвенце ,по се излегува дека бродот го има заринкано во Панонското море.Со тие идеи и способности тешко дека Грујо ке може да заплови по морската шир кон саканиот правец.Иако голем дел од неговите приврзаници се надеват дека нивниот морнар може да го усмери бродот но нема шанси тие се занерсуват.Како може брод да плови а морето го нема.Нивниот морнар уште пред три години ги има помешано приоритетните задачи.Во бродот неможе да го пронајде кормилото.А за вода треба да чека поплави.
Од: mihajlo
Датум: 17.07.2009 09:05:36
Na gospodinot Erol rabota mu e da pisuva.Vo kolku negovoto pisuvanje ne Vi se bendisuva,odite na drug vesnik.Samiot fakt sto davate komentari znaci deka temata Ve privlekuva a tekstot nekoi personi gi iritira.I jas sum iritiran arno ama koj mi e kriv za toa.Jas, veruvajte nikogo ne kritikuvam za mojata sostojba vo koja se naodjam.Ima edna pogovorka(srpska): " covek je kovac svoje sudbine".Zatoa neka sekoj od nas se zaprasa sto storil vo toj pravec.Jas nego napadjam Grujo,nitu pak Branko.Jas gi napadjam soncogledite makedonski.Tie soncogledi se akteri koi na sekoi izbori glasaat protiv a ne "za" nekoj lider ili nekoja partija.A sto se odnesuva za Makedonija,istata ce trae kako Drzava ,kolku sto traelo Samoilovoto carstvo.Zapametete go ova.
Од: St. Aleksandar
Датум: 17.07.2009 09:24:29
Aj be dosaden si so ova brodovive, barem brodovi pravi covekot, a ne ona tvoite co kajce potonaa i se udavija, i ti sega ke gi vrakas od mrtvite, procitan si platenice
Од: jovan
Датум: 17.07.2009 09:27:55
Eeej Erol proklet turcinu...Nemoj uste ednas da pisnes i da napises za promena na imeto zasto ke se klati tvojata glava ,obesena na gradskiot plostad...Dosta ni e od vakvi predavnici.
Од: star ccitatel
Датум: 17.07.2009 09:55:39
Partiskite vojnici vodat polemika koj e pozasluzzen za viznata liberalizacija.Videte gi izjavite na pretsedatelite i premierite koga MK dobi status na asocijacija i stabilizacija, koga stana kandidat za cclenka na EU i koga ja prizna Amerika so ustavnoto ime. Nitu eden politiccar na vlasta ne si go prepissa toa kako uspeh na aktuelnata vlada. Naprotiv.
No temata na Rizaov e za drugo moratorium na spomenici i neproduktivni objekti,rebalans na buzzet i dogovor so MMF. Za toa gledam molccat partiskite vojnici prerusseni vo polemiccari.
Од: Za Ace od Avstralija
Датум: 17.07.2009 10:06:17
Ne Branko, tuku Grujo e platen od Grcite za da ne spreci vo NATO i EU. Grujo ima tradicionalno dobri finansiski odnosi so Grcija, seti se na prodazbata na OKTA i aneksite za taa prodazba.
Од: Markos
Датум: 17.07.2009 10:19:15
Zabeležuvam deka - povek'e posetiteli na portalov, ne samo deneska - mu zabeležuvaat na avtorot deka se povtoruva so kritiki kon Vladata i Premierot, iako, vo glavno, osnovanosta na kritikite ne gi doveduvaat vo prašanje. Pa što treba da pravi avtorot? Ako rabotite vo zemjata i so zemjata odat vo kriva nasoka (što e evidentno), i ako se štetite se' pogolemi - za segašnosta i za idninata na Makedonija i nejzinite građani - a zgora nikakvi kritiki (ne samo na g. Rizaov) ne se esapat, patriotska e zadača so takvo pišuvanje da se prodolži vo nedogled. Kritičarite na avtorot možebi ne se svesni deka im preči negoviot obrazec na kritika na upravuvanje so zemjata. Bidejki vremeto nosi novi i novi štetočinski čekori na Vladata i Premierot, jasno e da i nema potreba za vulgarno povtoruvanje - osven za "podsetuvanjeto".
Од: stiv
Датум: 17.07.2009 10:30:27
Lugevo izbezumeni od viznava tracarija so seta sila se obiduvaat taa da mu go natovarat na brodot narecen Grujo Veliki, pa duri ne davaat da se upati ni najmala kritika na negova smetka. Zatoa i jas nema da go kritikuvam Velikiot Grujo koj plovi niz negovoto zamisleno Anticko more tuku ke mu dadam nekolku predlozi koi negovata Kulturka ne mu gi predlozila. Pokraj teketo koe Romite go baraat da se izgradi na plostadot, predlagam tamu da se izgradi i edna eminentna javna kuka, a kako vrv na kulturnata nadgradba vo 103 cekori da se podigne i eden Dom na homoseksualcite koj ke se gleda i od Kale i od Vodno. Za onoj sto ke se fati vo ovoj dom vednas da se napravat vostani figuri vo nekolku pozi, a site onie koi ke se fatat vo javnata kuka da bidat staveni na crnata lista za izlez od drzavicevo. So ovaa parodija ne sakam da uvredam nikogo ama dosta e od prazni vetuvanja, dosta e od sareni lagi bidejki za pristoen zivot ne ni treba nisto sem pristojni plati i rabota.
Од: Докторант од САД
Датум: 17.07.2009 10:35:02
Статијата е конзистентна во многу нешта, освен во една. Антиквизацијата не е денешен њуз продукт на владата на Груевски, туку започнува да се случува уште од поодамна. Во 70-тите и 80-тит�� години од 20-тиот век, УДБА со своите инсталации вршеше невидена антиквизаторска пропаганда среде нашата дијаспора, особено во Австралија, Канада и Америка. Славјанството беше само за внатрешна употреба. Бидејќи толку доцна се појавува митот за Александар Велики, ништо чудно и „Вергина“ да биде измислица на грчките тајни служби, кои внимателно се подготвувале за случувањата по распадот на Југославија. Така што, Ерол Ризаов е потполно во право - античките македонци се данајски дар.
Од: Chicago
Датум: 17.07.2009 11:01:27
Г-дин Ризаов има пушалност во текстот со нож да се сече. Можеби ќе убедите некој дедо од 80 години со Вашите “факти“, а можеби и нема...
Од: dimi61
Датум: 17.07.2009 12:08:45
А бре вмро-вци, што сте запнале толку. Штом некој го критикува Груевски веднаш го прогласувате за шпиун, издајник глуп со негативна енергија . Оставете го Ерол, вие напишете што направи добро оваа влада во последните 3 години.Дали сега луѓето се побогати , по среќни, сега нема повеќе невработени никнуваат секој ден фабрики како што никнуват споменици на шмизли и цркви.Груевски беше избран да ја поправи економијата.Знаете за ново изгредена фабрика.
А за името ќе го реши Европа.И добро е што се уште нема дигнато раце од нас.Оти со Грујо ќе одиме јабана.
Од: ALEKSANDAR
Датум: 17.07.2009 13:03:08
ANTIKVIZACIJA (najslatkoto za VMRovcite) + EDINSTVENO NEZADOLZUVANJE KON MMF = EDINSTVENA VARIJANTA ZA POBEDA NA PREMIER;ETO NA NAREDNITE IZBORI. E,moi vmrovcinja,teshko se isplukuva takov zalak ,zarem site vie ne sakate vlast? NO VO SLUCAJOT,CENATA KE BIDI, MAKEDONIJA NA PLEKI. Dali imate minimum vijugi ova da go svatite?
Од: Никола,Ср.
Датум: 17.07.2009 13:10:38
Сосема очекувано, два дена по добрата вест, кој ако не Ризаов, ќе се обидува да ни ги отвори очите, како не би ние слепите, сите заслуги ги префрлиме на контото на Груевски. Истиот тој, кој за зачувувањето на мирот го славеше Глигоров, за кандидатскиот статус ��екеринска, а за плирализација на медиумскиот простор - самиот себе, сега одеднаш знае дека за секој успех потребен е малку поширок фронт. Но кога Ризаов безобразно се обидува да ни го помати задоволството, заборава дека и зад Карл Луис стои многубројна машинерија, но сепак медалите одеа на неговите гради.
Од: Naum
Датум: 17.07.2009 13:28:27
Prekin na pregovorite e edinstveniot izlez od situacijata. Mozebi Erol saka da se narekuva Severen Makedonec od Severna Makedonija, dodeka Karamanlis moze slobodna da koristi "Makedonija" sekade za negovata provincija. Vazno e kako ke se vikame nadvor a ne doma. Grcija ke ima avtorsko pravo na "Makedonija" i "Macedonia" so resenieto "Severna Makedonija", dodeka nie, so istoto resenie ke imame avtorsko pravo na "Severna Makedonija" i "Northern Macedonia"..Katastrofa!
Од: sloven
Датум: 17.07.2009 13:30:18
Ako ne Gruevski koj drug.Mozebi Sekerinska i ke pominese nekako, ali pak li Branko? Ej narode, pak li Branko ejjjjjjjjj? Mislete be lugje malku! Ne bidete glupavi. Zatoa drzava ne sme imale do 1944
Од: janev
Датум: 17.07.2009 13:48:02
Како прво, г-не Ризаов, не плови никаков брод на Груевски, туку се работи за Македонија, што говори дека вачата лична омраза кон Груевски ве прави да гледате сеир на сопствената земја. КАко второ нашата земја се наоѓа, да се изразам со ваш речник, во немирни води заедно со многу други земји, а како трето многумина не уверуваат дека за разлика од други ние сосема солидно се справуваме со кризата
Од: kristina
Датум: 17.07.2009 14:44:36
Erol, Erol, barem na stari godini opameti se. Ne treba premierot da ti se dopaga za da priznaeš deka po negova zasluga i po zasluga na negovite sorabotnici vo vladata, viznata liberalizacija si dojde kako zaslužena i ne kako podaremna. Bezobrazen si ti, da mu ja matiš vodata na makedonskiot narod so nevistiniti pišuvanja.
Bugarija i Romanija bea prifateni vo krugot na Evropa bez kriteriumi, bez nikakvi uslovi, a nikoj ama baš nikoj od niv nema da reče deka Evropa nešto im podarila. Udrete se malku po glava, luge! Pa voopšto ne e važno za narodot koj i od koja stranka ili politika, važno e rabotite da se razvivaat vo negova korist. EU i NATO,? Pa što mislš, što Makedonija ili po tvoe SLAVOMAKEDONIJA KE DOBIE TAMU, ŠTO???
Од: Denko Germanija
Датум: 17.07.2009 16:21:24
Abe Erole na slikata crna kosa, ic nepobelena.
Pa uste koga bese vo NOVA MAKEDONIJA, eden
od drmatorite, ne ti niknaa beli vlakna. Pa od togas
mene mi pobele kosata. Izgleda ne se sekiras
okolu glupostite koi gi pises, a jas naprotiv
pobelev.Alal ti na zivcite. Debeli ti se kako ortoma.
Од: jug
Датум: 17.07.2009 17:08:29
Erol vo Gevgelija se pravi MEGA HOTEL , Sheraton i izgradbata e vo zavrsna faza.
Investicijata e Turska i e direktna stranska pogolema od 50 milioni evra. Za da bide funkcionalen hotelot treba da ima najmalku 700 vrabotuvanja. Veke se pravat partijski spisoci a i pritisoci. Zarem i na stranskite investitori ke im dirigirame zaposluvanja. Ova e golema sramota za drzavata a i eden zbor se nema napisano za ovaa investicija i nikade nema tolku rabotni mesta da se otvorat a vladata go slika Bunardjik za 5 milioni investicija i 90 vrabotuvanja.
Sansata za Makedonija e na JUG investirajte vo Gevgelija ,Bogdanci, Dojran.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija,Kranj Slovenija
Датум: 17.07.2009 17:50:27
DPMNE,velam dpmne no ne i vmro, zošto dpmne nema nitu V od! VMRO!ZATOA ŠTO DPMNE,ima odnos kon makedonskata DRŽAVNOST isto onaka kako što imaa za istiot problem kako i KOMUNISTITE VO 1945 g.,gi povtoruvaat stavovite na t.n.CKKPM, OTU NE PRAVIME NACIONALNA država!????
krste pop-stefanija
Од: verag
Датум: 17.07.2009 18:08:32
Се разбира,најважен му е рејтингот и власта. Денес од Ставревски слушнавме дека ќе са крати за патишта и здравсто,а тоа што Груевски го ветил на изборите никако- тоа е свето. Најмногу му се чудам на овој народ зашто толку многу му значат музеи,споменици,цркви,восочни фигури итн.?