БИТОЛА - Прва тужба за мобинг на работно место поднесе работничка во текстилна фабрика преку Регионалната канцеларија на ССМ во Битола. Поради психичка присилба на работно место, работничка го тужи својот газда до Основниот суд. Првото рочиште се очекува да биде во втората половина на септември.
„Прв случај на мобинг се става пред суд. Имаме писмени докази дека работодавецот шест месеци вршел континуиран притисок врз работничката“, потврди Љупчо Василевски, правен застапник на ССМ во Битола.
ССМ веќе поведе кампања за мобинг. „Синдикатот кон крајот на август ќе поднесе до парламентот предлог-закон за мобинг“, вели Живко Митревски, претседател на Регионалната синдикална канцеларија.
Синдикатот спроведува анкета за мобинг во приватниот сектор. Правната помош на ССМ за мобингот и за сите повреди на Законот за работни односи е бесплатна. (А.Б.)
Sekoja cest, samo napred! Mora veke ednas da se stavi kraj i na robovladetelskoto odnesuvanje na gazdite niz Makedonija
Од: maltretirana
Датум: 17.07.2009 11:22:46
Kako ke go resime maltretiranjeto po partiska linija? Mislam nikogas. Tolku sme zaglaveni vo "nasi" i "vasi" da me mozeme da se odglavime... Tesko na genarciite sto doagaat... Ne gledam za niv idnina i perspektiva.
Од: Читател
Датум: 17.07.2009 13:46:38
Сепак секоја чест, што некој се решил да почне. Се надевам дека ова ќе ги охрабри и останатите работници кои трпат МОБИНГ на работните места да ги пријавуваат своите шефови, без страв. Се разбира, доколку и судовите се одважат и се заложат сериозно да ги третираат извршителите.
Од: Ivce
Датум: 17.07.2009 15:58:56
Zarem nikoj od zdravstvo ne smee da se zali kakov Mobing se vrsi segde pogotovi kade se naznaceni direktorite na dui i toa so somnitelni kvalifikaciji i duri imat smelost kon clenovite na drugite polit.partii od albancite ne samo Mobing permanenten tuku i brkanje od rabota i ako imat resenia za stalen raboten odnos pa duri odat do tamu i gi vikat na takanareceni "SLUZBENI RAZGOVORI" od inspektori na MVR a vo kancelariite na JZU i dr. kako vo nekogasni tamni vreminja!!!