Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Мачни репризи во Собранието

Оливера Војновска

Вчера не беше „свечен ден за Собранието“, така како што посакуваше шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Првата верзија на законот за Собрание не само што беше верификувана без опозицијата, туку за ова законско решение не гласаа повеќе од половина пратеници. Тоа, секако, не дава свечена димензија на чинот.

Уште помалку предизвикува чувство на гордост дека Собранието, по речиси 20 години парламентарна демократија, го направи првиот чекор за еден ваков закон. Напротив, целиот настан остава горчлив вкус. И вчера покажавме дека ние сме мајстори да направиме проблем и таму каде што, по дефиниција, не би требало да го има.

Пратениците два дена се надмудруваа во пленарната собраниска сала. Меѓусебно се навредуваа, се инаетеа, си дофрлуваа, извикуваа „уа“. Ваквата слика во парламентот не ја гледаме првпат и не претставува некакво изненадување. Чудно е што тоа се случува за законот за парламент. Уште почудно е што вакви изблици има за закон, кој се однесува на самите пратеници, кои со овој документ, конечно, добиваат можност да ги зајакнат капацитетите на законодавниот дом, вклучувајќи ги и финансиските. И што е многу важно, со него добиваат шанса да се ослободат од сервилната улога кон Владата и да ја засилат контролната улога над извршната власт.

Логиката на здравиот разум налага дека е многу нормално сите 120 народни избраници (од кои половината само седат и гласаат закони кои секојдневно паѓаат на Уставен суд), да бидат заинтересирани да се донесе ваков документ.

Владејачката коалиција контролира двотретинско и Бадентерово мнозинство во парламентот, но ништо, ама ништо нема да се постигне доколку и финалната верзија на законот за Собранието се донесе без консензус.

Ние веќе имаме едно неславно искуство со многу сличен документ, Деловникот. Неговото експресно донесување без опозицијата и без никаква расправа, за само неколку секунди, сигурно урна рекорди на Гинис. Но, исто така, ја турна и земјата неколку чекори назад.

Деловничкиот куриозитет цела година не' следи и како сенка се провлекува во сите извештаи, кои ги добиваме од меѓународните претставници и институции. Навистина нема потреба од нова реприза. Особено не во ситуација кога светот филигрантски не' перцепира.

Несомнено е тешко да се надминат разликите, несогласувањата, па и суетите. Сепак, не е и невозможно тоа да се постигне и да се обезбеди широка политичка поддршка за законот.

Мора да има формула за компромисно решение. Многу пати досега била најдена. И тоа за многу посериозни и почувствителни прашања. Само треба да се има желба за да се седне и да се поразговара.

Решение сигурно нема да се постигне со популистички настапи како на партиски митинзи. Ниту ако со вдахновени говори се величат „заедничките проекти“, кои никако да излезат на виделина. До решението нема да се дојде ниту со исклучивост, со уцени и ставање пред свршен чин, сега и веднаш да се сменат нештата. Со овој Деловник парламентот функционира една година и досега не забележавме зборливата опозиција да лее „крокодилски“ солзи дека била замолчена. Па, како ќе се постигне компромис ако не се попушти за ниту една од спорните пет, десет или триесет забелешки! Доколку сите стојат цврсто и не се помрднуваат за милиметар од бетонираните позиции.

Еден од парламентарците вчера рече дека „пратениците носат закон за средување на својот двор“. Па, господа пратеници средете го! Никој не ве спречува. Напротив, добивате само охрабрувачки пораки во таа насока и тоа од многу значајни личности на светската политичка сцена. И, не е в ред поради вашиот несреден двор, сите ние да добиваме „гнили јаболка“.


Статијата е прочитана 640 пати.

Испрати коментар

Од: Brian , Canada
Датум: 17.07.2009 03:56:50
SDSM se osvedoceni kocnicari, retrogradni neokomunisti, elementarna nesreka. Za sreka se samo okolu 20 tina vo parlamentot, i pazi moli te, baraat kompromis. Kompomis so kogo? Za kogo? Za sto. Za bedna grupa luzeri, izmet na eden avtokraski i nehuman sistem. I na kraj ne zaboravajte, imame parlamentarna demokratija, kade vladee voljata i zelbata na mnozinstvoto. Stavete si go veke ednas vo glavata deka ste minorna grupa na umiranje.
Од: Red Rose:Do Brian(ako e od Canada)
Датум: 17.07.2009 11:12:07
VMRo se osvedocheni kochnichari na makedonskite vitalni interesi,retrogradni vrhovisti,elementarna nesrekja po chie vladeenje ostanuva pustosh kako po cunami.Za srekja,prochitani se od vistinskite demokrati vo svetot i iako baraat "razumen kompromis" pravat se do nego da ne dojde.Kompromis za kogo?Za shto? Za bedna drzhava koja ja napravija iskubana kokoshka i gi prefrlija parite daleku od tuka,zashto se izmet na eden avtokratski metod na vladeenje so vostanovuvanje na sistem "posle mene potop".Zatoa parlamentarnata demokratija e farsa na vmrovski nachin,kade vladee voljata i zhelbata na mnozinstvoto.Iako majorna grupa vo odluchuvanjeto za kluchnite zakoni vo drzhavata,srekjna okolnost e shto kje im bide posledno vladeenje na ovakov nachin.Kako opozicija kje baraat istite zakoni da se smenat ,zashto kje bidat minorna grupa na umiranje.Bez segashniot lider,koj od Severna Cheshka kje im prakja pozdravi od hotelite kade kje uzhiva so bratuchedite.SDSM sekogash kje ima lider drzhavnik.
Од: sanja
Датум: 17.07.2009 11:40:06
abe brian tocno vladee voljata ama ne na mnozinstvoto tuku na eden diktator GRUEVSKI jas ne znam sto ne ti e jasno sedi si tamu kaj sto si izbegal i ne komentiraj
Од: janev
Датум: 17.07.2009 13:44:05
тоа покажува капацитет на одредени политички структури за важноста од некои закони. Битно им е да си направат политички поени, да предизвикаат привид дека нема политички дијалог, се со цел да исполнат ситнипартиски инререси, а државниот интерес кој го шиша

Најди! во Утрински
Насловна
Брегалница стана колектор за отпад
Две деца се удавија во Претор
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
Бриселска инфузија за Груевски
Бигорскиот манастир добива автентичен изглед
Единаесет Срби загинаа во Египет
Каде плови бродот на Груевски
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Магични печурки влегоа во училиштета
Прва тужба за мобинг од работничка во Битола
Запрено леењето на спомениците, но не и на Александар Македонски
Кавга на газди ја поништи „Градски аптеки“
Прилеп во Скопје
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Соништа и посланија
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Што сакаат тие?