Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Две деца се удавија во Претор

ПРЕТОР - Две малолетни момчиња од Ресен се удавија во водите на Преспанското Езеро кај туристичката населба Претор. Според полицијата, едно од удавените е Стивен Стојановски (15) од Ресен, а по второто момче се' уште се трага. Несреќниот случај се случил вчера околу 13.30 часот на оддалеченост од околу 150 метри од брегот на туристичката населба Претор.

Само неколку минути пред несреќата три момчиња од Ресен влегле во водите на езерото и со пливање се упатиле кон езерската длабочина. Набрзо потоа две од трите момчиња потонале кон дното, додека едното од нив успеало да исплива до брегот. Петнаесетгодишниот Стивен Стојановски од страна на присутните граѓани на брегот брзо бил извлечен од водата и веднаш бил повикан лекар од Службата за итна медицинска помош да му помогне. Но, за жал, само била констатирана смрт со давење. Второто момче, чиј идентитет засега не е точно утврден, се' уште е во водите на Преспанското Езеро.

Поради тоа, Секторот за внатрешни работи побара помош од нуркачката екипа на МВР. До доцна попладнето се трагаше по удавеното момче и со пловен објект на граничната полиција од Стење се вршеше пребарување на езерото. (А. Б.)е'


Статијата е прочитана 1921 пати.

Испрати коментар

Од: dolly
Датум: 17.07.2009 15:01:45
sto rabotat policijata i spasuvackite ekipi?zarem ima nesto poskapo i nadomestlivo nego neciji mladi zivoti?

Најди! во Утрински
Насловна
Брегалница стана колектор за отпад
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
Бриселска инфузија за Груевски
Бигорскиот манастир добива автентичен изглед
Единаесет Срби загинаа во Египет
Мачни репризи во Собранието
Каде плови бродот на Груевски
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Магични печурки влегоа во училиштета
Прва тужба за мобинг од работничка во Битола
Запрено леењето на спомениците, но не и на Александар Македонски
Кавга на газди ја поништи „Градски аптеки“
Прилеп во Скопје
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Соништа и посланија
Пратениците се скараа за законот за Собрание
Што сакаат тие?