Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Очи ширум отворени

Што сакаат тие?

Гордан Георгиев

Како Груевски очекува СДСМ да им помогне за името кога нема механизам да го откочи „блокираниот процес и да се согласи на разумен компромис“

Опозицијата не сака единство и бега од одговорноста, нервозно повикуваат партиските телали. Опозицијата е пасивна, велат новинарите гладни за со „живо месо“ да ги наполнат насловните страници. Јолевски „баци врата“, се ситат пак некои други. Се изнаслушавме деновиве во јавноста и во меѓупартиските препукувања разни дисквалификации на сметка на СДСМ (намерно не велам опозицијата, бидејќи таа е прилично шарена и во овој момент не може да претендира да биде монолитен блок).

Медиумите донекаде можам да ги разберам. Од тоа живеат, а последниве години се навикнаа да се хранат со тривијалности и човечки судбини, пожолтеа до непрепознатливост, а многу од нив и позеленеа од „шушки“. Партиските мегафони, оние во партиските штабови, но и оние инфилтрирани низ медиумите, не ги оправдувам, но, исто така, ги разбирам. Тоа им е работа, дебело се платени да викаат гласно и да плукаат како ѕверови. Но, власта и премиерот Груевски не можам да ги разберам. Па, што сакаат тие? Како очекуваат да им помогне СДСМ во решавањето на спорот со името кога СДСМ едноставно нема речиси никаков реален механизам да го откочи „блокираниот процес и да се согласи на разумен компромис“ (боже какви глупави флоскули употребуваат). Единственото наше оружје е да бидеме конструктивни и преку таа конструктивност да му помогнеме на премиерот да собере храброст, барем еднаш во својата спектакуларна кариера, да преземе одговорност и да истапи пред јавноста со став. Конкретен и недвосмислен. Тој, десижн-мејкерот, технократот, чесниот и принципие��ниот.

Сигурно сте забележале, човекот никаде го нема во јавноста. Се сеќавам на деновите на славата, кога во прес-салата на Владата беше врвулица, кога ги истопоруваше министрите и вицепремиерите како восочни фигури да стојат зад него, во моментите кога тој лично имаше да и' соопшти нешто важно на нацијата. Обично тие настани беа поврзани со божемниот наплив на странски инвестиции или со некакво подигнување на рејтингот на државава кај меѓународните релевантни институции. Сега истите тие восочни фигури секојдневно се топат пред очите на јавноста, му праќаат на премиерот писма од Америка и срамежливо најавуваат дека еден ден жестоко ќе се вратат и ќе ја кажат вистината. Истите тие министри паѓаат како крушки, поднесуваат оставки и, притоа, се среќни што некој ги извадил од анонимноста на секојдневјето и ги поставил на врвна функција во државата. Без разлика што Тој некој темелно се потрудил никој од нив да не може ни приближно да му парира на Шефот. Ни по способноста и менаџерските вештини, ниту по боксерските вештини или, не дај боже, некој академик да му бакнал рака на промоцијата на македонскиот „Капитал“ во МАНУ.



На единствениот таков што се осмели да остане принципиелен, мислам на бившиот министер за финансии Славески, постојано ќе му продуцираме афери и ќе го држиме постојано на нишан да не пропее. Бидејќи го знаат, неконтролабилен е, а цврстата рака на режимот не може да си дозволи некој професор по економија (кој не е хиротонисан од МАНУ) да им ја урне аурата. И како да ги разберам позициите и ентузијазмот на Васко Наумовски и на Нино Тодоров освен како најприземен обид да додадат уште една ставка во сопствената биографија. Тоа дека биле министри, на кирилица или на латиница, сеедно. Зимбабве другари, Зимбабве. А, не се глупави луѓето. Ги знам, тврдам. Затоа не може на вицепремиерот Наумовски да не му е јасно дека уште од првиот ден станува харикири-министер во најантиевропската влада во историјата на независна Македонија. За ова последново говорат фактите, не само опозицијата. Или министерот Тодоров, кој без никакво претходно искуство во ресорот за образование, ќе мора да се справува со грозоморниот погибел што му го сервираше премиерот на претходниот министер Стојановски со што овој не можеше никако да се справи се' до моментот кога ја сфати едноставната суштина: сето ова е гол аматеризам и дисперзирана глупост. Знам, отсега ви кажувам, ќе дојде денот кога и министерот Стојановски ќе и' објаснува на јавноста за неговата „конзервативна“ авантура во Владата. Знам, бидејќи и него го знам, и тоа по добро.

Затоа, престанете веќе да ја вплеткувате опозицијата во вашите несмасни игри на чистење на совеста. Оваа влада и овој премиер доби целосен мандат (спектакуларна победа, велеа тие!) од граѓаните да решава проблеми, а не постојано да бега од нив, создавајќи нови. „Мандатот“ на секоја опозиција е да критикува и да нуди алтернативни решенија за подобрување на состојбите во државата. Бидејќи проблемот со името е крајно деликатен и премногу важен за нашата држава, ние како опозиција отворено се нудиме да му помогнеме на премиерот да излезе од черупката и да бидеме конструктивни во изнаоѓање решение за името. Но, тоа решение мора да го соопшти Владата и премиерот. Таква е демократијата и тоа е принципот на одговорност и отчетност спрема гласачите и спрема сите граѓани. Ако овие постулати не му се јасни на премиерот или, пак, не се дел од неговиот идеолошки хоризонт, ние ќе му помогнеме полесно и побрзо да ја напушти премиерската фотелја.



Конечно, уште еднаш повторуваме, да нема никакви дилеми. Ја поздравуваме јасно и гласно одлуката за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија. Ја поздравуваме и Владата и премиерот што успеа да го заврши овој долготраен процес со што на нашите граѓани им се дава трошка светлина на крајот на тунелот. СДСМ не го оспорува тоа, иако Груевски сакаше да прејудицира таков впечаток. Но, нека не ја понижува премиерот јавноста со невистинити изјави од типот „на овој план не беше направено речиси ништо“. Еве ги фактите: двата клучни проекта, воспоставување на системот за интегрирано гранично управување и проектот биометриски пасоши беа имплементирани за време на владата на Бучковски. И двата капитални проекта, заедно со процесот на реадмисија, претставуваат повеќе од две третини од сработеното и беа суштинска основа за позитивната одлука на Европската комисија. Толку од нас засега! Во име на конструктивноста и на вистината!

П.С. Рингот е четириаголен, ограден е со јажиња. На него е премиерот со излитени ракавици, против него се ветерниците. Ах, да, заборавив, има и судија, строг и принципиелен. Се надевам дека судијата ќе има милост порано да го досуди нокаутот, да не го мачи премногу борецот, а публиката да ги доизеде пуканките, да се разотиде дома и никогаш повеќе да не купи билет за оваа гротескна претстава.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


Статијата е прочитана 1740 пати.

Испрати коментар

Од: AD
Датум: 17.07.2009 00:38:30
Одлично кажано. Па, ГОСПОДА од ВЛАСТА, се надевам дека последниот пасус сериозно ќе го сватите. Се надевам дека публиката долго време нема да купува билети за боксерски натпревар или барем не додека еден од играчите е БОКСЕРОТ (премиерчето де....)
Од: Trpe original
Датум: 17.07.2009 05:16:30
A sto sakate vie momce?Mojot odgovor e mnogu kratok i jasen.Ni vie od SDSM niti pak ovie od VMRO!!! Se iznagledavme vladini i ministerski drvoredi poslednite 19 godini i air ne vidovme!!!
Од: blaze m.
Датум: 17.07.2009 05:52:44
Pa Gordane sto sakat tie ,pa SDES e klekna Makedonija nakolena so nivnite kompromisi oti prvi pocna da vika za kompromisi i e oslabea pregovarackata pozicija na Makedonija i e svrtija megunardnata zaednica da barakompromisi i vrshi slen pritisok, i sega koga zaposedna sansha da se dogovori neshto korisno, da se pokaze edinstvo pred svetot vie go istrgavte zadnikot a toa samo kukavici go pravat. ili na SDES nemue do Makedonija i onaka e prodade so Ohridski dogovor
Од: Колега
Датум: 17.07.2009 07:28:25
Па зар вие г-дине Георгиев зборувате за одговорност? Постојано “друкате“ негативна енергија кон ВМРО-ДПМНЕ како да сте член на Централниот комитет на СДСМ а не новинар. Коментарот кон вас е исти како и кон г-динот Ризаов.
Од: flying-monaco
Датум: 17.07.2009 07:42:46
Avtorot ja dobi najgolemata odcenka za nabavka pol. poeni od mag.BC no ne vredi i rano e za toa a i malce ste, narodot vi se svrti kon pozicijata. So vakvi izjavi i malite deca nema da vi poveruvaat.
Од: andrej
Датум: 17.07.2009 09:05:43
Dobro e sto SDSM se otvori za mladi i hrabri lugje, obrazovani po svetot. Nikogas DPMNE nema da ima takvi lugje! Neka prodolzat so delenje na narodot i fasisticka politika a vremeto na noviot SDSM doprva doagja!
Од: dimitry
Датум: 17.07.2009 09:26:21
Zar ne e sramota premierot, site ZASLUGI da si gi pripisuva sebesi, a site NEUSPESI da gi pripisuva na SDSM. Pa ne e ni toj GOSPOD, a ne se ni SDSM GJAVOLOT !?!
Од: девичанецот
Датум: 17.07.2009 09:26:57
Многу убаво напишано. Дури и одлично. Само што писателот не е свесен, на што се нафатил да биде потпретседател. На еден претседател, пензионер... кој ја упропасти државата. Само нека си ги анализира своите претходни министри... Бучковски, Спасов, Симовска, Туше Гошев, Фрчковски..Бузлевски...и уште цела дузина...кои не гледаа да градат државни институции, туку да си прават кефови, мераци и да бркаат женски со државни пари.
Од: St.Aleksandar
Датум: 17.07.2009 09:49:46
Sto sakas ti ?! Kolumnite nema da te napravat poveke cenet vo javnosta, so plukanje nisto nema da postignete, no mislam deka i toa ti e jasno, no sto da pravis kutriot ti protiv svoja volja go pravis ova, moras da go slusas tvojot sef koj taka funkcionira veke 20 godina, lagi, populizam, kriminal, te sozaluvam covece. iskreno tvoj Aleksandar Stojcevski
Од: Nikola
Датум: 17.07.2009 09:59:51
Jas sum SDSM-ovec! No, ako ima referendum za imeto, jas ce glasam protiv promena na imeto. Taa opcija dobi plebiscitarna potvrda vo dvata posledni izbora. Mnozinstvoto kaza deka ne saka promena na imeto i toa treba da se pocituva. taa opredelba nas ne odaleci od NATO i EU i toa e gotova rabota, nema popraven ispit. Ne se nadomestuva izgubenoto vreme. Zatoa, treba da se opstoi na nemenuvanje na imeto. Narode, toa ti go izbra, koga ti se nudese brz priem i vo NATo i vo EU!
Од: meto
Датум: 17.07.2009 10:27:20
Ако потпишаниот „Колега„е навистина колега на авторот,мислам дека колегата размислува по инерција.Жалосно ако е „колега„и не ги дочитува работите до крај,Впрочем авторот на текстот е потпишан како потпретседател на СДСМ,а не како „колега„ новинар.Тој не само што е член на ЦО туку на ИО,што значи дека не се крие позади маската како некои негови „ква-зиколеги„ туку јасно и недвосмислено ја искажу-ва својата позиција од која го пишува текстот. А,што очекуваше „колегата„?Дека авторот како потпретседател на СДСМ ке го ланча ВМРО,ке лавира во ставовите и ке се прилагодува кон НГ.И ако е од „колега„ непринципиелно е.Бидејки ВМРО ја има целокупната власт во државата сега не треба да плаче.Па зошто му беа потребни предвремени и претседателско -локални ако не сакаше да има апсолутна власт .А Вие„колега„ако мислите дека Вашиот колега е непринципиелен делигимитирајте се и објавете свој напис.Да ја чуеме и другата страна.
Од: KPMarija
Датум: 17.07.2009 11:55:57
Ne se ni ocekuva od SDSM da pomogne vo ovoj proces, bidejki imaa moznost vo izminatite godini no pokazaa deka NEMAAT kapcitet za da go reshat ... patem zalosno e celata enegija koja ja vlozuva g-dinot Gordan vo partijata vo koja edinstveno shto ima e potrosheni tranziciski politicari koi odamna trebaa da zaminat vo penzija
Од: dimi61
Датум: 17.07.2009 12:19:29
Груевски ја испушти шансата кога Бранко беше претседател. Тогаш можеше да се спојат работите со компромис.Но тие упорни беа тогаш да го прикажат како непатриот и издајник.Но сега Ѓаволот си дојде по своето.Сега не му помага кукањето и напаѓањето на опозицијата дека таа е крива и бега од одговорноста.Сакаше власт ја доби .
Од: drugar
Датум: 17.07.2009 12:52:10
Drugarce! Ne nasednuvaj i ti na eftinite stosovi na Branko. Vaka gi terase da pisuvaat i Makraduli i Sekerinska i Sema, i site tie samo izigravaa cirkuzanti koj ja unistuvaa opozicijata, a go digaa rejtingot na Mr.Rejting. Ne nasednuvaj na istata finta i ti, ne se glupiraj. Branko resil site od SDSM da ve zrtvuva vo korist na nekolku negovi tranziciski mafijasi koj momentalno se "najgolemite" VMROvci. Zapamti: Grujo i Branko ne se bas tolku vo losi odnosi, dobro si sorabotuvaat, a vo ovaa opsta placka korist(od tenderi) imaat i mnogu SDSM-ovci koj sega normalno se VMRO-vci.(primer: Noviot minister za zemjodelie, a i negoviot Gazda-koalicionen partner na Grujo) Ne nasednuvaj na ovaa zaverenicka politika.
Од: Кирил
Датум: 17.07.2009 15:57:44
Претстава и тоа каква - подобра од К-15 продукција....да ти е мерак да ги гледаш во парламент, комисии.....
Од: perica
Датум: 17.07.2009 15:58:19
Sega ke ti kazam sto sakaat Gorane. Sakaat ,ako moze,vie da ja prevzemete odgovornosta za promena na imeto posto toa e i taka problem sto vie ste go napravile. Uste poprecizno sakaat Branko da izleze i da kaze ovaa za promenava na imeto kriv e samo SDSM a Grujo do posleden moment se borese ,li nie vo sorabotkqa so site dusmani ova mu go namestivme i toj morase da potpise. Narode da glasas za nego i samo za nego posto toj navistina ne e kriv.

Најди! во Утрински
Насловна
Брегалница стана колектор за отпад
Две деца се удавија во Претор
Без визи, бизнисот тешко ќе ги задржи добрите работници
Бриселска инфузија за Груевски
Бигорскиот манастир добива автентичен изглед
Единаесет Срби загинаа во Египет
Мачни репризи во Собранието
Каде плови бродот на Груевски
Австриската „Енерџи зотер бау“ ќе гради 16 мали ХЕЦ
Магични печурки влегоа во училиштета
Прва тужба за мобинг од работничка во Битола
Запрено леењето на спомениците, но не и на Александар Македонски
Кавга на газди ја поништи „Градски аптеки“
Прилеп во Скопје
Борат и Бруно - алтер егата на мирниот човек
Соништа и посланија
Пратениците се скараа за законот за Собрание