04.03.2012, 18:53 Ќерката го наследува сиот имот на Витни Хустон
Деветнаесетгодишната ќерка на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, ќе го наследи целиот имот на својата мајка.
Бившиот сопруг на покојната дива, Боби Браун, ќе изостане од листата на наследници, поради предбрачниот договор што го потпишал пред дваесет години.
Во јавноста излезе уште еден детаљ од животот на трагично починатата Витни Хјустон. Според предбрачниот договор, кој го потпишале на 17 јули 1992 година, се' што заработила Витни во текот на нивниот брак и' припаѓа исклучиво нејзе. Боби би имал право на наследство само во случај бившата сопруга со тестамент да му оставила нешто.
Бидејќи тоа не се случило, целиот имот на Витни Хјустон ќе го наследи ќерката Боби Кристина. Со договорот што го потпишале пред венчавката, и Боби и Витни се откажале од алиментацијата во случај на развод. Браун таа ставка од предбрачниот договор се обидел даја оспори во текот на разводот, но безуспешно.
Сега наводно се обидува да и' се приближи на својата ќерка Боби Кристина, и тоа само за да и' ги извлече парите што ги наследила од мајка и'. Затоа, семејството на Хјустон се обидува да спречи да се видат таткото и ќерката, сметајќи дека Боби ќе ја уништи и ќерката, како што ја уништил и Витни. |