Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
04.03.2012, 18:56

Како да го вратиме времето

Крсте Јовановски, актер


Сунчица Уневска



Крсте, што значи за тебе трансферот од Струмичкиот театар во Театарот „Комедија“?

- Секоја промена ти дава можност за нов почеток. Во Театарот „Комедија“ можам да се потврдам како актер, во вистинската смисла на сето она што актерот треба да биде. Бидејќи не е добро да играте само еден жанр, актерот треба во се' да се даде максимално. А што се однесува до комедијата, мислам дека тоа е најтежок жанр, каде што постојано се движите на работ на амбисот. Тоа е предноста што ми ја носи овој трансфер, но ми дава и шанса по 30 години да се реализирам и на друго место.



Премиерата на монодрамата „Мртвиот дом“ во саботата помина одлично. Ти рече дека оваа идеја си ја носел подолго време, зошто токму „Записи од мртвиот дом“ на Достоевски?

- Во улогата на Александар се најдов себеси, мојот живот. Главниот актер уште како многу млад ја убива својата жена несакајќи и животот го поминува во затвор. Почнав да размислувам за тие наши избори, свесни или несвесни, избори кои можат да ви го променат животот и од кои често се обидуваме да најдеме излез.



По претставата за Мисирков во Струмичкиот театар се' повеќе се чувствував како во тесна кожа, не можев да се реализирам, имав чувство како да левитирам, како да сум во вакуум. Моето доаѓање овде се поклопи со таа идеја која ја носев подолго време. Во Александар се обидувам да го најдам детето во мене, да најдам реципроцитет, да го вратам времето. Ние понекогаш несакајќи ја убиваме желбата, ја убиваме вербата. Но, тука се провлекуваат и прашањата за тоа во какво време живееме, каков систем создадовме, има ли можности да се расчисти небото, да го видиме она слободно небо?

Покрај „Мртвиот дом“, играш и во другите две претстави што моментно се подготвуваат до Драмски. Како ги усогласуваш овие различни улоги?

- Кај Коле Ангеловски во „Ах, љубов моја неверна“ по мотиви на Фејдо, играм директор на хотел чиј императив е да дојде до пари, но тука се испреплетуваат многу нешта. А во претставата „Генетика на кучињата“ која по делото на Венко Андоновски ја режира Дејан Пројковски, се претворам од човек во животно. Кога ќе сфати дека е злоупотребен од страна на Игнат Глембај, дека е купен со пари, мојот лик се претвора во своевиден Ханибал Лектор. Тоа е богатството на нашата професија. Да може актерот да игра многу различни улоги, односно секогаш да може да игра, да создава, да се реализира. Јас имам 130 улоги, но со секоја улога почнува нешто ново.



Во „Мртвиот дом“, покрај ти и Златко Ориѓански, кој направи фантастична музика, сите други се млади. Таа енергија се чувствува во претставата. Како течеше соработката со нив?

- Младите се прекрасни, имаат интересни идеи. Ние треба да умееме да ги почитуваме тие вредности. Со оваа претстава се обидовме да направиме и нова форма, јас бев отворен за соработка и се чувствував како да сум помлад од нив.


Статијата е прочитана 324 пати.

Испрати коментар



Што прават денеска
Како Џенет Ли во филмот за Хичкоковиот „Психо“
По рехабилитацијата, одмор на Кариби
Ќерката го наследува сиот имот на Витни Хустон
Значење на датумот за раѓање
Mobile World Congress 2012

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ситен дожд

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |