04.03.2012, 18:54 По рехабилитацијата, одмор на Кариби
Холивудската актерка Деми Мур (49) минала три седмици на клиниката „Сирк лоџ“ во Санденс, каде што се лечела од зависност од алкохол и таблети. По отпуштањето од клиниката, лекарите и' советувале да биде далеку од Лос Анџелес, па актерката заминала на Кариби.
Како што известуваат американските ��едиуми, Деми е сместена во близина на вилата на својот бивш сопруг Брус Вилис. Актерката е видена на плажата, а изворот рекол дека „само се одморала“, а нејзиното обезбедување се трудело да и' обезбеди колку што е можно повеќе приватност.
Брус Вилис има куќа на Кариби и таму се венчал со Ема Хеминг во 2009 година, а на венчавката присуствувале Деми Мур и нејзиниот тогашен сопруг Ештон Качер, кого сите го обвинуваат за лошата состојба во која се наоѓа Деми по нивната разделба. |