Шола со Ружин во Охрид за Нова година
Хрватската актерка и пејачка Антонија Шола ќе ја дочека Нова година во Македонија, во прегратките на својот партнер, дваесет и седумгодишниот скопски бизнисмен Александар Ружин. Во најлудата ноќ Шола ќе пее на плоштадот во Охрид, а потоа со Ружин и неговото семејство заедно ќе ја дочекаат 2011 година во хотелот „Денариус“, каде што ќе им се придружат и сопствениците на хотелот, семејството Мујоски, кои се куќни пријатели на Ружин.
„Во новата година ќе си посакаме многу љубов и среќа, која цел живот ја чекавме, а, конечно, ни се оствари “, ни рече Александар Ружин, кој посакува уште побериќетна година и крај на економската криза.
Патем, Александар и Антонија ги минаа заедно и католичките божикни празници, во кругот на семејството на Шола, а уживаа и во концертот на Даниела Мартиновиќ во дискотеката „Шамбала“ во Загреб. (К.Ш.) |