Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното

Штрајкувачкиот одбор денеска одлучува дали повторно ќе ги активира протестот и блокадите на патиштата

Сања Наумовска
Моника Талеска

Тутунарите и откупувачите со часови се ценкаа во Владата и постигнаа договор за повисоки откупни цени и за отворање на сите откупни центри. Производителите добија ветување дека до завршувањето на откупот ќе се постигне просечна цена од 170 денари за килограм тутун. Парите за предадениот тутун ќе им бидат исплаќани на производителите во рок од 20 дена. Меѓутоа од Прилеп стигнуваат информации дека тутунарите не се задоволни од текот на откупот. Во Тутунскиот Комбинат и на пунктовите на Алијанса и Центро-табак до некаде се почитувал договорот со тутунарите. Но тоа не било случај во Сокомак каде што се вршел откуп по ригорозни критериуми, а Струмица-табак не ги отвори откупните пунктови.

„Соко-мак врши откуп по ригорозни критериуми, а Струмица-табак не ги отвори откупните пунктови. Тоа што го гледаме на терен не е ни приближно како што се залагаме“, велат тутунарите.

И од Сојузот на тутунски здруженија потврдуваат дека тутунарите не се задоволни од текот на откупот.

„Тутунарите го враќаат тутунот. Се' уште нема ништо на терен. Освен преку Инспекторатот, ќе се бориме за регуларен откуп по реални цени и преку претставниците на Сојузот на тутунски здруженија кои се присутни на сите откупни ваги“, рече Данчо Милески, претседател на Сојузот.

Од Штрајкувачкиот одбор на пелагониските тутунари се категорични и натаму во нивните барања.

„Нема да дозволиме откупувачите да се поигруваат со нас. Не отстапуваме од барањата. Денеска ќе одлучиме дали повторно ќе го активираме протестот и блокадите на патиштата“, велат од Штрајкувачкиот одбор.

Единствено задоволни вчера беа кооперантите на Тутунскиот Комбинат, каде според нивни оценки три дена се врши откуп со реална процена на реколтата, која е со одличен квалитет или за 40 отсто подобар во однос на минатогодишната.

„Носам дел од реколтата, задоволен од процената. Не знам колкава ќе биде просечната откупна цена, зашто цел тутун не ми е предаден“, истакна Миле Стојкоски кој го затекнавме при предавање на родот во Комбинатот.

На откупните ваги процената на родот ја следеше и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски кој најави мерки против откупните фирми кои што немаат да ги почитуваат договорот со тутунарите постигнат во Скопје.

„Ќе се разговара на подруг начин во заштита на интересите на тутунарите. Не инсистирајте кој е тој подруг начин. Ние сакаме да се почитува законот, да се изврши целиот откуп во законската форма, но истовремено тој откуп да не биде на штета на тутунарите“, изјави Димовски вчера во Прилеп.

Инаку, по дводневно блокирање на регионалниот пат Прилеп-Градско, тутунарите ги ставија протестите во мирување и чекаат да се исполнат ветувањата. Претставници на тутунарите и на откупувачите на тутун, во понеделникот доцна вечерта во Владата разговараа со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Падна договор за строго почитување на класите тутун согласно правилникот и дефинираните цени од откупувачите. Откупувачите, пак, преземале обврска да ги откупат сите количини на тутунот што ќе им бидат донесени на пунктовите.

„Шесте барања се исполнети во целост. За седмото барање, да се постигне просечната цена за килограм тутун приближна на ланската добивме ветување од Владата дека ќе стои зад нас. Сакаме да видиме на терен дали тоа ќе се исполни. Затоа дадовме рок од 48 саати. Доколку тоа се постигне, откупот ќе продолжи. Во спротивно ќе преземеме други санкции и ќе ја бараме причината зошто не се испочитува договореното“, вели Менде Стонаровски, произведувач на тутун од Кривогаштани.

Вицепремиерот Пешевски рече дека функционирале половина од откупните места и очекува сите да бидат отворени. Тој ги повика производителите да го предаваат и најквалитетниот тутун, бидејќи ќе ја добијат минималната цена според правилникот, која нема да биде иста како лани, но сепак, ќе биде една од највисоките.

Министрите ги информирале тутунарите дека на терен, додека трае откупот постојано ќе биде Земјоделскиот инспекторат, кој ќе ја следи состојбата. Инспекторатот ќе отвори и телефонска линија на која ќе може да се пријават неправилности. Така инспекторите можат да извршат увид на откупното место.

„Доколку се испочитува договореното, очекуваме дека просечната откупна цена што ќе се постигне на крајот на процесот ќе биде најмалку 170 денари, иако во одредени случаи таа ќе биде и повисока имајќи предвид дека оваа сезона квалитетот на тутунот е подобар од лани. Во спротивно, ќе следат санкции согласно законот“, истакна Пешевски.


#
Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар

Од: Тутунар
Датум: 29.12.2010 12:18:30
170 денари + 60 денари провизија за килограм тутун. Во врмето на Бранко, тутунот беше 70 денари со две години каснење на исплата и без субвенции. Доволно е да се свати, кој работи а кој клати. Оваа влада е десет пати подобра од сите владо досега заедно што владееле со Македонија.
Од: do tutunar
Датум: 29.12.2010 13:35:19
Vo vremeto na Branko kolku cinese edna kutija zigari?
Од: goran
Датум: 29.12.2010 15:25:32
vo vremeto na branko e unistena tradicijata od 100 godini, postoenje na tutunski kombinati i monopoli, unistena e cela tutunska industrija plus fabrikata za masini za nizenje tutun vo vinica
Од: jimmy1b
Датум: 30.12.2010 00:15:55
170 denari e vistinskata cena ili e nekakva sega??? Ako se sporedi so dolarot doaga nekade 40 centi po kilogram. Ako se odzemat troskovite za proizvodstvoto na tutunot, sadenje, berenje(dnevnicite) znaci od tutunot se cari nekade okolu 50 denari. Edna kazna za frlanje dogorce 50 evra, eden kilogram tutun 170 denari, smesno ali ovaj tutunarov gleda samo portokalovo.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фијаско
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
За новинарството се работи
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта
Пакетче за секое дете
Печатење пари?
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks