Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Колумна

За новинарството се работи

Нина Нинеска-Фиданоска

Колегите нека ми веруваат дека јас ќе бидам најсреќна ако нивната критика никогаш не замре, а нивните остри пера никогаш не затапат

Отсекогаш уживав да ги читам колумните на мојот уважен и многу поискусен колега - сега главен уредник во еден од весниците на Велија Рамковски. Имаше во сите овие изминати години негови писанија на кои им се воодушевував, постоеја и такви со кои само делумно се согласував, а некои од нив успеваа и сериозно да ме изнервираат.

Сеедно, јас уживав и се' уште уживам да ги читам неговите текстови. И со голем дел од неговите размисли и сега сум на иста линија, дури и во овие драматични моменти на досега можеби најголемата поделеност на новинарите, во кои сите ние, свесно или несвесно, влеговме во некоја бесмислена меѓусебна војна од која тешко се излегува.

И колку и почитуваниот колега овие денови да не штеди зборови како да не' навреди нас, новинарите и уредниците од весниците на МПМ, само затоа што принципиелно и никако поинаку известуваме и коментираме за случајот со неговиот газда, колку и да се обидува да не' прикаже како страшливци кои, наводно, се сителе над нивната судбина (иако нападите се многу посилно сконцентрирани врз тимот на „Дневник“), сепак, од овие мои скромни новинарски редови, јавно ќе му дадам силна поддршка да издржи во битката за слободниот новинарски збор. И нему, и на сите колеги од А1 телевизија, „Време“, „Шпиц“ и „**** е ре“, кои, како што споменав и претходно, мора да бидат заштитени во овој мачен и турбулентен период за нив, во име на демократијата, ако се' уште ја има во земјава.

Свесни сме дека акцијата против матните зделки на Рамковски, која резултираше со масовни апсења и притвор за медиумскиот могул, неговите најблиски роднини и главните бизнис-играчи, или воопшто немаше да се случи или ќе беше во многу поблага и побезболна форма доколку телевизијата и весниците толку жестоко не ја критикуваа власта во последниов период и доколку газдата целосно „не излезеше од контрола“ со своите јавни настапи. Во искреноста на „Пајажината“ ќе бевме многу поубедени доколку таа се расплетеше пред две или три години, кога, мора сите да признаеме, критиките кон истата оваа власт од „рамковските“ медиуми не само што не беа остри туку и воопшто ги немаше, но затоа имаше добра, и тоа како добра промоција на „преродбеничките“ подвизи.

Ги молам колегите од „таа страна“ (како што јас никако не сакам да се дистанцираме) да ми веруваат кога велам дека никој нема да биде посреќен од мене ако нивната критика никогаш не замре, како што вели тој, а нивните остри пера никогаш не затапат. Дај боже да имаат можност и натаму жестоко и гласно да им се спротивставуваат на владините лоши политики. Всушност, за сите нас што го јадеме новинарскиот леб во Македонија, најмногу од се' си посакувам никогаш да не бидеме замолчени и секогаш да можеме силно да кажеме што не чини во работењето на оваа и на сите други влади што сме ги имале и што ќе ги имаме во иднина.

Ниту, пак, во сите овие напнати денови не најдов оправдување за вулгарниот стил во кој органите на прогонот ја изведоа операцијата. Па, кој би можел да оправда ноќни апсења на мајки со мали дечиња, колку и тие да му згрешиле на законот, и има ли смисла она јавно покажување на луѓето со лисици на рацете на очиглед на целата македонска јавност.

Уште нешто. Иако се надевам дека никој нема ни да помисли на тоа, превентивно излегувам со најостра осуда за појавата на макар и само идеи околу евентуално затворање на телевизијата или, уште пострашно, можно апсење новинари.

Но, колку и да има право да биде лут овој главен уредник поради сето она што се случува во неговиот медиумски двор, тој нема право да врши замена на тези, ниту да бара под плаштот на почитување на медиумските слободи - да се толерира сомнеж за толку голем, толку дрзок и толку безобразен криминал. Па луѓе мои, ние овде зборуваме за проневера од најмалку 17 милиони евра, од кои само на затаен данок отпаѓаат прилично солидни четири милиончиња. Зборуваме за беспрекорно разработени махинации како да се земе од државата она што требало нејзе да и' припадне. Тоа се многу, многу нереновирани училишта, болници во очајна состојба...

И сега Рамковски бил „најкрупната фигура на македонската јавна сцена во изминативе 20 години“. Кој не знае со екстра четири незаработени милиони во џебот, и тоа само во последните пет години, да биде крупна, па дури и најкрупна фигура. Кој не може да биде добар медиумски бос ако во исто време поседува и телевизија и весници, а притоа на сите други играчи им е забранет со закон таквиот луксуз. Кој не умее со толку сконцентрирана медиумска моќ, за која со години му се гледало низ прсти, да прави пустош на домашниот рекламен простор и за себе да си го приграбува безобразно поголемиот дел од колачот. Треба ли ние да бидеме слепи кон оваа нелојална конкуренција, треба ли таа да продолжи да се толерира, само за некој да не почувствува дека му се загрозени новинарските слободи. И затоа уште еднаш гласно повторувам - со криминалот за кој се товарат учесниците во „Пајажината“ мора до крај да се расчисти.

Ќе замолам да не се заборава дека едно е да си критички настроен кон власта, а друго е да го злоупотребуваш медиум��т за пресметка со луѓето или институциите што ти застанале на патот во остварувањето на одредени намери. Без разлика на која политичка, бизнис или каква било друга групација тие припаѓаат.

Она што до срце ме заболе како порака од мојот колега поискусен уредник е неговото убедување дека ние, како што смета тој, сме се соблазнувале и сме терале сеир со нивната несреќа. Ве молам, па надвор од здрава памет е новинар да му посакува ваква ситуација на друг новинар. Напротив, ние во сите денови од 25 ноември досега, во сите наши текстови и колумни цврсто застанавме во одбрана на нашите колеги. Остро го осудивме полицискиот упад во А1, баравме да се санкционираат оние полицајци за кои се тврдеше дека покажале сила, баравме изјави од новинарите и уредниците и им дававме значајно и ударно место во текстовите посветени на настаните во телевизијата. А за целото тоа време тие неуморно пишуваа клевети против нашата компанија, продолжувајќи да го прават тоа и ден-денес.

И нека бидат убедени колегите од телевизијата и од весниците на Рамковски дека ние им мислиме подобро од оние што сега, наводно, ги бранат. Нивниот интерес во приказната е многу попровиден, тие се борат за себепромоција во ударни телевизиски термини и за ситни поени и мислат дека добро ќе профитираат од целата оваа збрка. За нас, пак, новинарството и егзистенцијата на „фелата“ се свети. Така било, така е и така ќе биде секогаш.


#
Статијата е прочитана 1320 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 29.12.2010 12:20:41
Se soglasuvam so tekstot na novinarkata po mnogu nesta. Sepak treba da se najgasi najvaznoto nesto vo celata rabota a toa e i novinarite, i analiticarite i site normalni lugje vo ovaa drzava da se sprotivstavat na ovaa jasno dokazana diktatura koja ja sproveduvaaa decata od DPMNE. Sekoj moze da bide potkupen za pari no koga se raboti za nesto sveto, kako sto e pravnata drzava i demokratijata ne smee da se raboti za licen interes(Mirka, Latas). Kriminalot si e kriminal i neka se suzbiva no demokratijata e nesto sveto
Од: Бранко Героски
Датум: 29.12.2010 12:51:44
Драга колешке Фидановска. Ти благодарам за поддршката. Ми значи и мене и на моите колеги. Би сакал да нагласам дека никој од новинарите „од оваа страна“ не се спротивставил на истрагите за сомнежот за криминал на Перо Наков б.б. Но, барем додека станубва збор за сомнеж, не е коретно да се зборува за „милиончиња“ затаен данок и за махинации - да ја почекаме одлуката на судот. И да, ние од „Шпиц“ пишувавме за некои луѓе од вашата компанија, но не ја напаѓавме компанијата и особено не новинарите. Ние, за разли��а од многу твои злобни колеги, секогаш правиме разлика меѓу вашата компанија и вас, новинарите. Како и да е, уште еднаш, благодарам на поддрката.
Од: реканец.
Датум: 29.12.2010 13:13:59
Секоја чест за напишаното.Камо повеќе да ве има такви НОВИНАРИ.Не треба некој да се штити а некој да се напаѓа.Само искрејно и чесно пишувајне.Обичниот ЧИТАТЕЛ тоа го интересира.Едно ќе се надоврзам како би се осеќале тие што донесле одлука да се АПСИ и се вршат претреси пред мали ДЕЦА.Да им се случува на нив.Но тоа е сме дале ДРЖАВА на деца кои не ги боли.Не знат пошто Деца се уште немат деца.
Од: cvete
Датум: 29.12.2010 13:15:40
Novinarite vo mediumite na Ramkovski se odamna vo tezok film. Smesno e sto izigravaat nekakva elita, a se pravat slepi pred "slonot vo nivnata sopstvena prodavnica na staklo" . Ne se ni obiduvajte nesto da im objasnite, a najmalku na posoceniot urednik.
Од: Професорка
Датум: 29.12.2010 13:33:09
Кога и почитуваната новинарка се фатила на поставената стапица за наводните махинации на Рамковски, а со тоа и на А1, што е со обичниот читател. Па дали сте чуле дека мора да постои “презумпција на невиност“ за сите осомничени додека не ги прогласат за виновни. Како лесно лицитирате со бројки кои беа да ја наострат јавноста. Така беше и со “змиско око“ и со почитувани лекари по кои се плукаше за мито, па завршија со ослободителни пресуди. Малку треба да се стрпите. Да не се отплете и некој поголем пајак во текот на истрагата.
Од: gogo
Датум: 29.12.2010 14:56:17
Povtorno zborovi bezdela.Povrsnosta imalicioznostane vi dizvoliva da ja vidite sustinata-ubistvo na demokratijata.Se rasfrlate so nedokazani sumi dadeni od partiziranite institucii kako dokazana vistina.Seto toa zaradi pravdanje pred necistata sivest.
Од: Regan
Датум: 29.12.2010 15:40:10
“Професорката“ од Бихаќка зборува за презумпција на невиност и слични тракатанци како тоа да е наш специјалитет (погледајте во Хрватска,Црна гора,Италија,итн.,итн.).Секогаш кога се во прашање луѓе од СДСМ или ним блиски се зборува за презумпции,а кога се зборува за политичките противници (Мијалков,напр,или оној шоферон и др.)тогаш не важи спомнатиот принцип.
Од: bogomilec
Датум: 29.12.2010 17:22:20
Овие Ваши редови, ми прозвучуваат, колку тоа и да настојувате да го сокриете,како оправдување за тезите во претходниот Ваш коментар, во кој го бркавте зајчето, а го утнавте слонот (брута��носта, свирепоста, дрскоста на полицискиот ешалон.) Исто така не звучат толку убедливо, овојпат декларираните загрижености за судбината на медиумите од ,,Про Наков,, ако се имаат во вид сите досегашни, со мали исклучоци, малициозни прилози. Нам на читателите, во таа рашомонијада од напади, претставата дека одите според логиката на онаа народната: ДА УМРЕ КОМШИЈАТА ЗА ДА МУ ЈА ЗЕМАМ КОЗАТА" Ама ние читателите треба да сфатите дека не носиме рогови и како такви не треба да бидеме третирани. Ако им бидете доследни на сегашните зборови, тогаш ги прифаќаме како поместување од досегашните позиции, кои во многу отстапуваа од принципите на етичната журналистика.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 29.12.2010 17:33:21
Сепак еден настап /статија/ на Н. Ниневска бил за еднократна употреба. Нормално, крвта вода не бидува!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.12.2010 20:37:14
Никаде не беше прикажан документ за некакви 17 милиони евра затаен данок,а би требало да му веруваме на зборот на човек кој ја претставува институцијата која цели пет години чекала да поведе акција против неплаќачот!Во замена беа јавно прикажани документи со лични податоци,кои никако не смееа да бидат прикажани од страна на државен орган,незграпно обидувајќи се да го имитираат Викиликс!Наспроти тоа,сведоци сме дека парите кои ги плаќаат граѓаните за данок,наместо за поправање на состојбите на нереновираните училишта,болници,патишта,мостови...власта ги троши на сулуди проекти и прескапо платен Кичерај!Токму тоа е нитката што би требало да ве обедини вас новинарите (и нас,граѓаните) против ваквото неоинформбировско владеење,кое,во себе,ги содржи сите елементи на диктатура од најмизерен неук и примитивен вид!Апсеа патари,лекари,млекари...во име на „борба против криминал“,но сè укажува дека тоа е всушност фрлање прашина во очите на јавноста,за да се затскрие нивниот сопствен Криминал!
Од: R.R.
Датум: 29.12.2010 23:57:18
Narodot saka cesni novinari,da ja pisuvaat i kazuvaat samo vistinata,a ne da dozvolat da bidat manipulirani kako novinarite na A1.Razocarana sum gledajki sto se slucuva so niv i nivvniot nacin na prezentiranje.Se sluzat so podli raboti,zalosno e za novinastvoto ova sto se slucuva!
Од: neutralna diaspora
Датум: 30.12.2010 01:13:03
Nina, tvoeto pero e prilichno tapo i bi rekol dirrigirano. Vo ovoj moment samo inspektorite koi gi napishale prijavite i istrazniot sudija mozat da znaat za kakvi brojki se raboti i nikoj drug. A ti Nina znaesh?? i toa im go soopshtuvash na tvoite chitateli so shto direktno vlijaesh na sudot.Se prashuvash dali ima malku demokratija vo makedonija. Nema, draga moja, ako chovekoovite prava se gazat od mooknicite i nivnite prisluznici.
Од: Редовен читател
Датум: 30.12.2010 02:27:45
За жал и јас се чувствував разочарано што во текстовите објавени во Утрински не видов поголемо залагање за одбрана на слободата на медиумите и покрај се што се случуваше со А1 телевизија, и за борба против диктатурата. Ако немаме слобода исто е како да не ни постоиме. Всушност воопшто не се работи за А1, уште помалку за Велија Рамковски (криминалот треба да се санкционира), се работи за слободата во Македонија! За неа очекував да се борите.
Од: Metodi
Датум: 30.12.2010 06:59:39
Novinarite od A1 go preteraa vo mnogu raboti, i sega se cudat kolku mala poddrska imaat vo narodot.Na sekoe kazano "ne" na grckite nebulozi od bilo koj od vladata, narodot, iselenicite itn., tie reagiraa taka nebare se papandreu,i celo vreme peltecat za nekakvi dobrososedski odnosi itn, nebare gi slusam politicarite od EU.Letnaa tamu kaj sto vozduhot e premnogu tezok za disenje, pa ne e ni cudno so matni glavi da sletuvat.I na kraj im se site krivi, da mozat i narodot na Makedonija ke go dadat na sud.Sramete se od svoite postapki, vie vlegovte so narodot vo vojna.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фијаско
Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта
Пакетче за секое дете
Печатење пари?
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks