Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта

Премиерот Груевски разговарал со Јанкулоска околу „спектакуларниот начин на апсење“

Инспекторите на Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција продолжуваат да работат на расчистување на криминалот околу фирмите на „Перо Наков“. Освен што се трага по синот на сопственикот на А1 телевизија, Хеди Рамковски (36), кој е во бегство веќе неколку дена, службите и натаму ги чешлаат документите и компјутерите запленети од фирмите што надлежните ги поврзаа со Велија Рамковски. Според најавите, не е исклучена можноста истрагата да се прошири и на други, покрај 23 што се веќе осомничени за разни кривични дела.

Во јавноста, пак, не стивнуваат реакциите за начинот на кој беше изведена минатонеделната акција „Пајажина“, во која постојат индиции за криминал тежок над 17 милиони евра.

Премиерот Никола Груевски, при завчерашното гостување во емисијата „Х/О“ на телевизијата Канал 5, објасни дека акцијата била преземена откако „УЈП верувале дека ќе се надминат пречките да извршат контрола во фирмите, но очигледно не се случило тоа“. На прашањето зошто се „спроведе спектакуларен начин на апсење“, премиерот рече дека на таа тема повеќепати разговарал со министерката Гордана Јанкулоска.

„Добив одговор од министерката дека нашата полиција е тренирана според стандардите на ЕУ. На ист начин се носат пред истражен судија и во Германија, Англија... Се согласувам дека сме мала средина, дека малку е понепријатно, можеби во иднина ќе се најде начин да го избегнат визуелниот дел... Да ги внесуваат преку друг влез. Тоа е предизвик за кој МВР треба да размисли“, изјави премиерот.

Вчера се огласи и Амбасадата на САД во Скопје, според која „сите законски постапки поврзани со истрагата што е во тек треба да се спроведат со целосна транспарентност и во отворен и праведен процес, без политички притисок или пристрасност“.

Амбасадата изразува загриженост од извештаите дека „финансиски спонзори на А1 или други организации се под политички притисок за да го намалат или зголемат рекламирањето“ во телевизијата.

Во затворот „Скопје“ веќе петти ден трае притворот на 14 лица, меѓу кои Велија Рамковски, неговата постара ќерка, братот, поранешниот и сегашен директор на А1. Нивните адвокати, но и Обвинителството се подготвуваат за натамошниот тек од постапката.

За тоа време, продолжуваат да се шират шпекулациите околу иднината на телевизијата. Сопругата на Рамковски, Мазес, во интервју за А1, рече дека телевизијата нема да потклекне.

„Тие мислат дека ќе ја земат А1. Нека ја земат зградата, А1 може да постои и некаде на друго место. Секогаш ќе постои“, изјави Рамковска.

Во јавноста веќе проструија информации дека семејството Цаноски, кое е во сватовски релации со Рамковски, ќе го презеде менторството со телевизијата и ќе им ги исплати платите што им се должат на вработените. Но, зетот на Рамковски, Сефер Цаноски, во вчерашната изјава за „Утрински“ негираше нивен влез во телевизијата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 3572 пати.

Испрати коментар

Од: belasicki orel
Датум: 29.12.2010 12:55:27
Ja molam vlasta pajazinata da ne ja baraat vo A1, nego vo nivnite redovi
Од: забеган.
Датум: 29.12.2010 12:58:08
Убо што разговарал со министерката.Ако се покажат точни оптужбите на г.Љубе Бошкоски и изјавите на г.Велија дека Премиерт плаќал од Буџетски пари партиски реклами.Како ќе се чуствуват ако еден ден,Европски обучуваната Полиција наоружана до заби им влезе и цела Македонија ги гледа врзани.А пред тоа Латас објави и пресуди и казни.Ако во истите Медиуми оди Потпаролот.Да не бидам погрешно сватен.Секоја овца ја бесат за својата нога.Што ќе посеш тоа ќе жнеш.
Од: Tuginec
Датум: 29.12.2010 13:14:36
Moze li Gordana na Makedoncite da im kaze eden slucaj kade vo EU se postapuva kako ova sto se sluci so Ramkovski i so toa vo A1 KADE VO EU ? i moze da im se dadat webstarnici da narodot se uveri vo toa sto nasata policija se povikuva na Evropski pravila (iako ne e del od EU!!!).Jas ziveam tuka vo EU 40 godini i vakov slucaj ne sum videl za toj tip na kriminal i za takvi kriminalci kako Ramkovski da se upotrebuva specijalni sili-Mozebi ova ke bide i dobar gest na Opozicijata da gi razgleda tie Evropski pravila za zemji KANDIDATI vo EU.
Од: Професорка
Датум: 29.12.2010 13:18:57
Премиере, не се работи за “визуелниот дел“ туку за менталниот. Тој е слаб. И впрочем, какво е ова детско изразување за вакви недопустиви спектакли.
Од: pero magacinero
Датум: 29.12.2010 14:09:41
prema site soznanija sudenjeto ke bide korekno i fer bideki e pod nadzor na evropa i amerika,sekoj koj se ogresil prema zakonite i ustavot na rm ke si odgovara,no da ne se zastane tuka akcijata na mvr treba da prodolzi niz celata zemja,znaeme i deka celi planini vo prilep i krapa bogati so kvaliteten mermer se kupeni samo za nekolku iljadi germ.marki,selskite pasista cairite,sredselata se kupeni recisi za dzabe,zivi bile pa videle,da ne ispadne SE TRESELA PLANINATA A IZLEGOL GLUSEC.
Од: Itar Pejo
Датум: 29.12.2010 14:20:24
На ист начин се носат пред истражен судија и во Германија, Англија... toa ne e tocno. Taka hapsea vo latinoamerikanskite diktaturi, vo vremeto na Videla i Pinoche. Sega ni tamu ne hapsat vaka. Ni vo Iran ni vo Severna Koreja.
Од: borce
Датум: 29.12.2010 14:25:13
nema mesto kade chto vlasta nema pajazina.Dali gospodinot Ramkovski bil tolku jak da U.J.P ne mozela pet godini da vlaze da gi proveri dokumentite .Drugo nikako nema suzbivane na kriminalot so selektiven pristap.ne e vo red tie chto se so vlasta da ne placaat davacki kon drzavata a drugite koj otvoreno zboruvaat za problemite na vlasta da se pritiskaat da placaat danoci trbe site da placaat.
Од: Veselin
Датум: 29.12.2010 18:01:14
E ima i vakvo isto apsenje.Sum videl vo Avstralija kade imigracionata policija so asistencija na obicnata policija go obikoluva cel objekt.Nikoj ne smee da mrdne .I proveruvaat dokumenti.Ako nema se nosi vo policija.Od kako ke se utvrdi negoviot status,ako nema legalen prestoj so pravo na rabota,se mu se zaplenuva i se deportira.Na pr.ogromen gradezen objekt se stopira se.I davaat na televizija.Davaat i drugi nezakonitosti i razni prevari.So ime i prezime i slika.E ama kaj nas Velija ne smees da go apsis.I kompanjonite mu.
Од: Od fakelaki
Датум: 29.12.2010 19:50:54
Da nedaj boze da mu se sudi po USA i EU nikogas nema da izleze od sutka kako Medow za piramidite vo USA ne go nasite komunjari ke izmuva nekoj mesec...........
Од: recenzent
Датум: 29.12.2010 22:51:14
Ne se slozuvam deka e pre-spektakularno izvedeno apsenjeto, sosema si e vo red, duri e i pre blago. Fala mu nagospoda za kabelskata TV. Vidovme vo Hrvatska akcija narecena "Indeks" i vo Srbija akcija narecena "Sabja". Ovaa pajazinava e malo bebe, treba Grujo da bide uste pohrabar ako sakame za ozbilno da gradime drzava, ova premnogu blago.

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фијаско
Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
За новинарството се работи
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
Пакетче за секое дете
Печатење пари?
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks