Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Поглед

Пакетче за секое дете

Сања Наумовска

Имало-немало, пакетчиња под елката мора да се стават. За децата или за внуците, родителите и бабите и дедовците нема да штедат ниту годинава. Стандардот паѓа секоја година, а ниту платите ни пензиите не се зголемуваат.

Новогодишната и божикната трпеза се се' потенки, како и семејниот буџет. Возрасните признаваат дека скратуваат на подароци, купуваат помалку или поевтини.

Ако некогаш се подготвувало сето она што е традиционално за Нова година и за Божик, сега се готви онолку колку што може да се изеде. Но, за новогодишни пакетчиња, секако, ќе се најдат пари. Можеби изборот ќе падне на некое пакување со помалку чоколади, ама и на тоа ќе се радуваат децата. Родителите го знаат тоа, а јасно им е и на производителите на слатки.

Секоја година спроти новогодишните празници изборот е се' поголем. Понуда има за сечиј џеб, од сите компании што се занимаваат со производство и дистрибуција на благи изненадувања.

Пакетчињата се полни со слатки што ги привлекуваат најмладите. Најмногу, секако, со омилените чоколади, но и бонбони, лижалчиња, чоколадни дедомразовци, кекси и слично. Сепак, продажбата не е иста како некогаш. Возрасните носталгично се сеќаваат дека тие кога биле мали, добивале по неколку пакетчиња под елката.

Сега, на своите деца можат да си дозволат да им купат едно или најмногу две. За повеќе нема пари. Сепак, добро е што цените на новогодишните пакетчиња се реални, па математиката останува иста и да купите подготвено пакетче или, пак, да си направите самите. И, секако, да очекувате да ја видите радоста во детските очи и возбудата кога ќе се отвораат.


#
Статијата е прочитана 776 пати.

Испрати коментар

Од: Alien from Space
Датум: 29.12.2010 14:12:05
А... Ќе има ли пакетчиња за дечињата од Владата?!
Од: Vale
Датум: 29.12.2010 17:34:56
Apeliram i ve zamoluvam ova ludilo okolu elkata i dedo mraz da prestanat, potocno elkata i dedo mraz ( a toj dedo mraz e vsusnost sv. Nikola) NE SE SIMBOL za nova godina tuku za BOZIK. Smetam deka ovaa greska vreme e da se ispravi. Vo zeludnik mi se prevrtuva koga na tv eterot gledam kako dedo mraz se seta po gradinkite, a kutrite decinja gi prasuvaat sto sakaat dedo mraz da im donese za nova godina. Decata treba da si go ziveat detsvoto vo svojot detski svet, no nikako so vakva izvadena od kontekst prikazna, koja e cista komercijala.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 29.12.2010 18:59:24
До Alien from Space : Море јас би им влепил по 2-3 шлаканици , а не колетчина да им давам..

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фијаско
Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
За новинарството се работи
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта
Печатење пари?
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks