Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Мислења

Печатење пари?

Ден Дончев

Ако навистина има барања до Гошев за печатење пари, тогаш е должен тоа јасно и недвосмислено да го објави пред македонската јавност

На традиционалната предновогодишна прес конференција на Народна Банка на Република Македонија (НБРМ), гувернерот ги даде проекциите на банката за економскиот раст на Македонија за 2011 година. Според нивните процени, растот ќе бил 3 проценти. Тоа не е н��што спектакуларно. Но, во својот говор, гувернерот испрати спектакуларна порака до оние на кои постојано им биле завртени очите кон монетарната политика „барајќи печатење повеќе пари“. Тој им порача да бидат завртени кон „повеќе инвестиции и подобра алокација на средствата, зголемена продуктивност на економијата што бара структурни реформи, индустриска политика и соодветни политики за најважните сектори.“

Еден македонски медиум под наслов „Гошев: Нема да печатам пари“, ја цитира изјавата на гувернерот: „Мојот совет е до оние што постојано им се завртени очите кон монетарната политика, барајќи печатење пари повеќе, да бидат завртени кон овие две групи фактори, оние што бараат безусловен раст на кредитите без да водат сметка за фундаментите на економијата дека се тие, а вие ги знаете“. Оваа изјава на Гошев помина релативно незабележана во јавноста, ниту пак предизвика посебни реакции или анализи. А, всушност, станува збор за една од најспектакуларните изјави дадена од Гошев во неговиот досегашен мандат. Првото прашање до Гошев е што тој подразбира под терминот „печатење пари“? Второто е кои се „оние“ што бараат печатење пари? Третото, секако, и најважното прашање до Гошев е дали тој лично бил ставен под каков било притисок да печати пари во изминатиот период?

Алатките и инструментите на монетарната политика се мошне комплексни теми. Ефектите врз економијата од начинот на кој една централна банка ги користи тие алатки и инструменти можат да дадат различни резултати во различни времиња, во зависност од тековната макроекономска состојба на една држава. Тоа е долга и посебна тема. Ама во една работа нема дилема. Печатење пари, во вистинска смисла на терминот, подразбира буквалното печатење од страна на централната банка на одредена количина пари во одреден момент, под директива на централната власт на државата. Притоа, новопечатените пари веднаш се префрлаат во надлежност на Владата, која, пак, ги користи тие пари за подмирување на постоечки долгови и обврски. Во крајна инстанца, една злонамерна влада, која е подготвена да го измами својот народ, може да печати пари за да откупува девизи или злато и сребро од својот народ, а со цел да стекне реален имот со вредност. За возврат народот ќе се стекне со парчиња хартија што стануваат безвредни. Историјата потврдува дека резултатите од одлуката на една влада да тргне по патот на печатење на пари секогаш се исти. Економскиот термин на овој феномен се нарекува „хиперинфлација“. Ова се случи во Србија во периодот 1991-1994 година.

Затоа, првото прашање до Гошев е точно за какво печатење пари станува збор, кога медиумите пренесуваат негови ставови со наслови од типот „Гошев: Нема да печатам пари“. Доколку гувернерот мисли на горенаведената универзална дефиниција на „печатење пари“, тогаш се поставува второто прашање, односно кои се „оние“ на кои тој им се обрати кога спомна дека се бара печатење пари? Тука единствените релевантни „оние“ на кои гувернерот може да им се обраќа се преставниците, и тоа високи од Владата на Република Македонија. Всушност, гувернерот јавно им порача на „оние“ дека очите треба да им се завртени кон повеќе инвестиции и подобра алокација на средствата и зголемена продуктивност на економијата што бара структурни реформи, индустриска политика и соодветни политики за најважните сектори. Ваквиот повик може да се однесува единствено на Владата, бидејќи таа е одговорна за спроведување на овие политики. Дополнително на ова, кој било друг, без разлика дали станува збор за поединци во кои се појавуваат во својство на експерти, професори, аналитичари или претставници на разни бизнис здруженија, не се релевантни фактори за еден гувернер да дава изјава дека нема да печати пари. Печатењето пари, во вистинската дефиниција на терминот, е нешто што гувернерот не може ни на сон да го помисли, камоли да одговара на провокации од вакви поединци. Но, сосема друга би била ситуацијата ако притисоците за печатење пари доаѓаат од преставници на Владата. Затоа, Гошев е должен да каже дали барањата за печатење пари доаѓаат од претставници на Владата? Конечно, ако одговорот на оваа прашање е позитивен, тогаш се поставува прашање колкав притисок се врши врз Гувернерот од Владата?

Економската политика во мандатот на Владата на Никола Груевски има промашувања во многу сфери. Ако очајноста на оваа Влада стигнала до таму да бара од гувернерот да печати пари, тогаш Гошев е должен јавно и недвосмислено да го изнесе оваа пред македонската јавност, која самата ќе застане во одбрана на Гошев. Но, без разлика како се гледа кон резултатите од економската политика на Владата на Груевски, просто е неверојатно дека кој било релевантен поединец од Владата барал или, пак, правел притисок врз Гувернерот да печати пари. Ако ова е така, а сигурен сум дека не може да биде поинаку, тогаш се поставува прашањето што точно сакал да каже Гошев кога вели „нема да печатам пари“. Јавните обраќања на гувернерот мора да бидат добро осмислени, посебно кога станува збор за чувствителни теми. Зборовите печатење на пари воопшто не смеат да излезат од неговата уста, освен ако станува збор за вистински притисок од релевантни претставници од Владата, кои се избезумиле и решиле да тргнат по патот кој обезбедува краткорочни бенефиции за Владата, а долгорочно брутално осиромашување на народот.

Ако до Гошев навистина има барања за печатење пари, тогаш е должен тоа јасно и недвосмислено да го објави пред македонската јавност. Но, доколку не станува збор за вакво сценарио, тогаш гувернерот треба да биде попретпазлив со неговите изјави. А доколку на гувернерот не му се јасни макроекономските ефекти од разните алатки и инструменти на монетарната политика од тоа што се нарекува „open market operations“, срдечно му препорачувам да ги анализира искуствата од голем број земји во светот, чија монетарна политика е поразлична од онаа на Македонија и која значајно придонела кон економскиот развој на својата држава.

Во времето на мандатот на Гошев, може да заклучиме, беше одржан стабилен курсот на денарот и задржана ниска стапка инфлација. Но, во истиот период, стапката на невработеност исто така остана „стабилна“ на 30 отсто, додека стапката на сиромаштија се зголеми и веќе изнесува над 30 отсто. Гувернерот не може да ја префрла вината за оваа економска мизерија исклучиво на Владата - ниту на сегашната ниту на претходната.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1254 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.12.2010 09:28:04
I baranjata za namaluvanje na zadolzitelnata rezerva e uste eden obid za "pecatenje pari". Nemora toa pecatenje da se odviva samo "fizicki". Ima i drugi nacini. A baranjeto za pecatenje na novi pari,bez razlika na modelot kako ke se odviva, e znak deka, ili nema pari(pred bankrot), ili ima pregolemo pokritie(devizi, zlato.....).I dvata slucaevi se losi, pa mora da se "balansira" za da ima "obrt".

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фи��аско
Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
За новинарството се работи
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта
Пакетче за секое дете
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks