|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Од главен адут до фијаско
Александрија Стевковска
Македонското земјоделство пука по сите шевови. Годинава е лоша за млекарите, лозарите, а богами и тутунарите не поминаа најдобро. Сите тие си го направија своето, работеа, инвестираа, произведоа за на крај да нема кој да им го откупи производот. Откупувачите ги уценуваат, им ја симнуваат цената, манипулираат со процените и сето тоа на грбот на земјоделците. Годинешново земјоделско незадоволство овој сектор, од адут на власта, го претвори во нејзино фијаско. Оваа област во која власта се крстеше се претвори во пропадната инвестиција во која подебелиот крај го извлекоа токму оние што се најмалку заслужува, луѓето кои со големи маки работат на отворено по нивите, во шталите. Тие, обидувајќи се чесно да си го заработат парчето леб, останаа ни на небо ни на земја, без пари, без иднина. Владата, пак, нешто како да сака да помогне, преговара, за нешто да дого��ори, но во интерес на откупувачите. Земјоделците се' поддржуваат, но само декларативно.
А се' започна да оди надолу со пропаѓањето на „Сведмилк“. Сточарството беше десеткувано, кравите се продаваа, колеа. Сточарите, во потрага по парче леб, се зафатија со производство на тутун, кој лани добро помина. Но, годинава, како што тие ги нижеа листовите тутун, така ги нижеа и своите загуби. Државните субвенции за тутунот доцнеа, откупувачите ја намалија ланската откупна цена, класите ги проценуваа пониско од она што требаше за на крај тутунарите да влезат во чиста загуба. Протестите беа логична последица на незадоволството кое зовре до кулминација.
Власта, за да го амортизира тутунарскиот притисок, некако ги седна на една маса и производителите и откупувачите, падна договор откупот да тече според одредени правила и тензијата се намали. Сега останува само да се види дали договореното ќе се почитува, бидејќи во нашава Македонија ништо не се знае. Некогаш договореното е недоговорено, а решението не е решение, па многу е веројатно откупувачите да продолжат да си тераат по свое и да откупуваат, не спо��ед утврдени, туку според субјективни правила. Единствено што се знае во ситуацијава е дека в година многу семејства нема да се решат да произведуваат тутун. Можеби во 2011 година фаворит ќе биде градинарското производство, кое годинава единствено добро помина од сите земјоделски сектори, но токму тоа може да значи неуспех на овие култури, бидејќи кога сите ќе удрат на производство на она што лани добро поминало, нареденото производство го фрлаат во ѓубре.
Најдобар пример за тоа се лозарите. Зар лани тие не поминаа добро? Поминаа и тоа одлично! Но, токму затоа годинава тие, народски кажано, го обраа бостанот. Грозјето не им влезе во винарниците, скисна, а она што го дадоа, пак, не им е платено. Резултат на тоа се ископачени лозја, лозари кои не си ја обезбедија нормалната живејачка оваа зима, неизвесност што да се прави и што да се произведува наредната година.
Се' на се', црни денови за македонското земјоделство, а како што тргнало, ќе биде и полошо. Токму затоа државата е таа која треба да обезбеди барем фер услови за работење и егзистирање на земјоделците, кои не се само гласачка машинерија, туку луѓе со свои потреби и свои права, рамноправни граѓани на оваа држава. |
#
|
Статијата е прочитана 1652 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ози |
Датум: 29.12.2010 12:14:58 |
|
Навистина не ми е јасен концептот дека државата треба да им изиграва мајка на земјоделците. Не се деца, дај нека пораснат и почнат самите да се грижат за својот бизнис. Комунизмот умре пред дваесет години а со неа и државата-мајка. Сакавме капитализам, го добивме. Доста веќе плачење. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 29.12.2010 12:36:02 |
|
Crno i se pisuva na Makedonija so ovie deca-stetocini. So Gebelsovi metodi, uspehot e na kratki stazi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 29.12.2010 13:39:36 |
|
Ози, во секоја нормална држава, државата е таа која со разни поволности и мерки ги стимулира секторите кои и се приоритетни. МК е аграрна држава. Пример, ако Струмица извезува чувствителен раноградинарски производ, потребна е совршена патна структура за брз транспорт. Тоа го прави државата. Во Јапонија, државата им плаќа на нејзин трошок маркетинг на малите и средни претпријатија. Кај нас, ние и плаќаме на државата таа да се рекламира. Е затоа сме таму каде што сме. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 29.12.2010 15:14:30 |
|
Е овој ОЗИ-Ама ич неможе да размисли.Па кој бара од државата???????????.Та ги сакати ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ.Што не пушти СЛОБОДНА продажба на тутунот.Ко да више тој нека го земе.Дали Кинез или Американец не е битно.Е ози-ози Пишуваш само да се лепеш ко КРЛЕЖ до ДЕЧИШТАТА. |
|
|
|
|
|
|
Од: kaktus |
Датум: 29.12.2010 15:41:01 |
|
Субвенција во форма на платен посев или регистрирано грло добиток се дава во услови настанати после војни, елементарни непогоди и епидемии за обновување на производството. Кај нас се даваа за купување на гласови. Субвенција за предаден производ (тутун, грозје, житарици, јајца и слично се даваат кога на пазарот цените паднат поради увоз на такви производи од надвор по дампинг цени.Кај нас тоа се направи да се кажи дека оваа блада е за земјоделците. Исправна политика за стимулирање на земјоделците е со подобрување на инфраструктурата, со подобрување на инвестиционите услови и субвенционирање на извозот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bunarot e dlabok |
Датум: 30.12.2010 01:37:44 |
|
Ovaa vladeacka struktura koja verbalno se deklalirase antikomunisticki,vo mnogu svoi ekonomski potezi i merki ja nadmina komunistickata planska ekonomijata.Eve proglasuva "petogodisni panovi", uste da vovede udarnicki rabotni akcii.Namesto da sesproveduvaat na zakonite na pazarna ekonomija,vladata direktno so razni populisticki i politicki merki pravi dar mar vo stopansvoto.Go unisti zdravstvoito, obrazovanieto, ekonomijata,eve sega go unistuva zemjodelieto. Sekoe preterano mesanje na drzavata vo slobodnite ekonomski tokovi doveduva do vakvi katasrofalni rezultati.Samite subverncii bea davani od cisto politicnki motivi,a ne od nekakvi ekonomski ciniteli i Sega sto ce se pravi?Se zeme zaem od MMF od 480 miliona evra, koi ce se potrosat vo krpenje na dupkite vo ekonomskata praznoglava polirtika na ovaa vlada, i posle toa neka mu mislat generaciite da gi vracaat.Makededonija sekoj den se povece tone, no golemeta propaganda prezentira lazna slika za ekonomski uspesi.Bunarot e dlabok |
|
|
|
|
|
|
Од: Zevzekman |
Датум: 30.12.2010 07:09:25 |
|
Velija i sdsm veke godina -dve 24/7 gi sskaat zemjodelcite... a vsusnost HEDIS na Velija ostana dolzen na Svedmilk, vinariite se vo racete na sdsm tajkuni... se frla drva i kamenja na vladata, a ako praka inspekcii pak se javuva Velija i sdsm deka vladata gi reketira stopanstvenicite so inspekcii !?... Denovive imashe mnapisi i za zemjodelskite tajkuni koj zemaat ogromna para od drzavata na ime stimulacii.... znaci rabotata e ni se tera ni se vodi, se zloupotrebuvaat sitnite zemjodelci za politicki celi... i ne e samo tuka, i vo sosednite drzavi. Od druga strana zemjodelcite imaat golemo proizvodstvo koe teshko da ke se plasira, a ima i konkurencija. Za vremeto na SFRJ so milicija se brkaa otkupuvacite od drugite YU republiki...sega nikoj ne pokaza interes za grozjeto, a lani duri uvezuvaa stolno MK grozje i pravea "hrvatsko" vino, no sega im e zabraneto. Ke mora da se proucat uslovite na pazarot ama i EU kvotite, ne e samo ajde proizvedi ogromna kolicina i posle buntuvaj se.. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 30.12.2010 09:36:14 |
|
Problemot so zemjodelieto vo Makedonija e toa sto ne e sredeno samoto obrabotlivo zemjiste. Retko koj zemjodelec ima "tapija"za zemjisteto koe go obrabotuva. Poveketo se ili na iznajmeno zemjiste od drzavata, dobieno po pat na nejasni proceduri, a neretko pa ima zemjodelci koj rabotat na "divo" t.e ,si ogradil niva i si proizveduva. Haosot e pregolem,ne se znae ni priblizno koj sto proizveduva,kako i kade,pa zatoa vo zemjodelieto nema krediti(iako ima eden kup kreditni linii nameneti za zemjodelstvo)a nema ni zainteresirani investitori za zemjodelie.Pod hitno da se sredi so "divite zemjodelci".Inaku proizvodstvo ima(kakvo-takvo)da go nema ili da e slabo do sega ke ispoumrevme od glad, no toa e stihijno i ne nudi koncept za razvoj. |
|
|
|
|
|
|
|
|