|
|
|
|
|
|
Конечно, стигна првиот украински автобус
Доколку нема никакви проблеми, првата тура од 15 автобуси би требало да стаса најдоцна за еден месец
Деспина Трајковска
По еднонеделен транспорт, вчера, конечно, пристигна првиот автобус од Украина. Фирмата „Лаз“, која за потребите на јавниот превоз во главниот град треба да произведе вкупно 84 автобуси, го испорача примерокот од единечните автобуси што ги произведува за Скопје. Сепак, граѓаните ќе немаат можност веднаш да го видат новото возило по улиците, бидејќи тоа ќе треба да ги помине задолжителните технички проверки. Автобусот вчера речиси цел ден мина на царинскиот терминал, по што требаше да биде транспортиран до Машинскиот факултет за да биде подложен на неопходните испитувања.
Никој од надлежните вчера не сакаше да прогнозира колку ќе траат тестирањата и дали и кога може да се очекува крајниот епилог, одобрување на возилото. Возбудени оти конечно стаса првиот автобус беа и во ЈСП и во Бирото за метрологија кои практично ќе го дадат пресудниот збор.
„Веројатно уште денеска комисија од Машински факултет ќе почне со техничките испитувања на производот да се утврди дали тој соодветствува на приложената документација. По завршените испитувања, комисијата треба да достави до нас извештај и ��околку е позитивен, имаме обврска во најкус можен рок да издадеме т.н. типско одобрение. Тоа автоматски ќе значи дозвола за почнување на постапка за регистрација на возилото и виза за испорака на преостанатите 14 возила“, изјави вчера Димитар Парнарџиев од Бирото за метрологија.
Ниту тој ниту, пак, директорот на ЈСП, Мишо Николов, вчера не сакаа да го прогнозираат исходот, но искрено се убедени дека нема да се појават неочекувани пропусти кај возилото. Најоптимистички сметано, доколку нема никакви проблеми, првата тура од 15 автобуси би требало да стаса најдоцна за еден месец. Тоа, практично, ќе значи доцнење од триесетина дена од договорениот термин за испорака, утврден со владината набавка тешка 11 милиони евра. Украинците имаа обврска првите автобуси да ги испорачаат најдоцна до крајот на годинава, што е јасно дека е неизводливо. Надлежните потенцираат дека според договорот, украинскиот производител за секој ден доцнење од предвидената динамика на испорака ќе има обврска да плати пенали во висина од 0,1 процент од вредноста на автобусите.
Инаку, останатите 69 автобуси е планирано да се испорачаат до крајот на 2011 година. Четири автобуси ќе бидат дупли, а другите единечни. Сите се црвени, со покрив во драп, бои препознатливи за возниот парк на ЈСП. |
#
|
Статијата е прочитана 3578 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: miki |
Датум: 29.12.2010 12:36:25 |
|
ovie kje se raspadnat za 2 godini...kaj moze da ima kavalitet od Ukraina,samo na kraj kje izleze deka nekoj debelo se ofajdil od provizijata!!! taka kaj nas funkcionira se!! |
|
|
|
|
|
|
Од: gsp |
Датум: 29.12.2010 12:39:46 |
|
Se razbira deka ke zadocnat,taka e koga se kupuva od " levi " firmi.Od tolku svetski firmi nasite najdoa da kupuvaat avtobusi od Ukraina i Kina!!?? |
|
|
|
|
|
|
Од: ha ha |
Датум: 29.12.2010 13:11:08 |
|
ova svemirski brod da bese nemase vakov napis da napisete!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Фасовец |
Датум: 29.12.2010 13:38:43 |
|
Автобусите што на времето се произведуваа во ФАС 11 Октомври за оваа грдотија се вистински авиони. |
|
|
|
|
|
|
Од: Saso |
Датум: 29.12.2010 14:12:09 |
|
Vakvi aftobusi mozea da se proizvedat i kaj nas, imase inicijataiva za restartiranje na fas 11 oktomvri(kupuvajte domasni proizvodi)..ke svatev ako se kupea od Germanija, znaci MAN ii Mercedes.Nekoj ke kaze tie se skapi, toa e tocno no se kvaitetni, i drugo nesto e mnogu vazno koga se uvezuva na Drzavno nivo, od koja Drzava se uvezuva, znaci ponatamosno lobiranje i pomos vo sekoj pogletb.A Germanija i toa kako ni e potrebna kako prijatel.Ne ja potcenuvam Ukraina no ova e fakt.A ovie od tehnicki samo neka proveruvaat ja znaeme nivnata "strucnost".. |
|
|
|
|
|
|
Од: k2 |
Датум: 29.12.2010 14:50:33 |
|
Znaci cuden narod sme na sve mu naogame mana....za sve imame kritika...bravo |
|
|
|
|
|
|
Од: M.A.N |
Датум: 29.12.2010 15:00:46 |
|
Kakvi se tie motori? poveke imam poverenje vo bivsi proizvodite na Sanos so motori od Mercedes ili MAN...a da ne prajme muabet za abtobusi od Mercedes, Man, Renault, Scania, Volvo...itn
Sramota, na mesto da odime cekor napred, mie dva cekori nazad...aplaus do nasite politicari, od bilo koja strana...ah da dojdam jas na vlast, odma zemam ministeri od germanija da se grizet za ova drzava... |
|
|
|
|
|
|
Од: Sbep |
Дат��м: 29.12.2010 17:35:05 |
|
На друго место како илустрациија имаше жолт автобус, па мислев дека таков и стигнал. Кај вас гледам автобус со друга боја... ама, сега, не сум сигурен дека таков стигнал! Се надевам дека пристигнатиот автобус не е розе! (pink што би рекле оние од Делчево!). Значи, од информациите што ги добиваме преку весниците се гледа дека тие (весниците) не се баш многу внимателни... па, брцнале во архивата за автобуси... и ги дове��уваат читателите во заблуда за тоа што може наскоро да се види на улиците во Скопје. Се надевам дека производителот може да испорача квалитетни автобуси... особено споредено со `кантите` што сеуште се тркалаат по градов! |
|
|
|
|
|
|
Од: Bus |
Датум: 29.12.2010 17:37:00 |
|
Avtobusite se super nemam nisto protiv ama za nas ne se vakvi avtobusi bolje da se vozime vo ovie krntii otkolku vo tie novi deka tie i da stignat deka ni sme nesvesen narod ima sto krsat sto pravat belji i avtobusot lom ke go napravat krs ke bide toj avtobus... a i ne svagam zasto ne zemete makedonski proizvostvo OD Fas 11 Oktomvri fabrikata avtobusi da se znae makedonsko poteklo a ne od ukraina i kina |
|
|
|
|
|
|
Од: Darko |
Датум: 29.12.2010 19:01:23 |
|
Се експерти во оваа држава .. Не е битно од каде се, само нека се донесат побрзо .. Се е подобро од овој крш што го имаме сега .. И како досегашните Санос автобуси со MAN мотор, и овие имаат германски DEUTZ мотори, ист квалитет ... само да се мрчело!!! .. И така 90% возите крш стар повеќе од 10 години, и не сте се качиле 15г. во автобус ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Od fakelaki |
Датум: 29.12.2010 19:31:42 |
|
Vas nisto ne vi pasuva do pladne sami se mrazite posle pladne cel svet toj sto ne dobil vospitanje ne moze ni da vospita bidi blagodaren na ona sto stego dobile da ne odite peski. |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 29.12.2010 21:18:31 |
|
znaci,a dojde vmro ,so namesteni tenderi se zema samo krs od avtobusi.Da napomenam:vo vladenie na lubco se zedoja avtobusi od MZT-toest Kastiljo,a glaven vo ovaa zdelka-dosta dimoska,krs od avtobusi ama po nalog na Dosta site moraa da kupat koi i do den denes maka macat so nivniot ne kvalitet-Mlaz-Bogdanci,Tut-Kom i tkn,i ne mi e jasno zosto imame svoi fabriki,da kupuvame domasni proizvodi,kvalitetni,ili mister t e n d e r.......... |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandarmkd |
Датум: 29.12.2010 22:42:59 |
|
Istite avtobusi se vozat vo Kiev i Praga ne vidov deka sedat rasipani po ulicite kako sto nasite dragi dusegriznici pogore ipodole komentiraat |
|
|
|
|
|
|
Од: TRAJANKA |
Датум: 30.12.2010 09:33:22 |
|
Do FASOVEC Vo PRAVOSI !!! |
|
|
|
|
|
|
|
|