|
|
|
|
|
|
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Мерката спрема текстилните фирми во Македонија се оправдува со листа на ОЕЦД, но зад неа стојат и други можни мотиви
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Во Грција се' уште не е сосема јасно зошто грчките текстилни компании, кои имаат производни погони во Македонија, одеднаш не се во можност да ги оправдаат своите трошоци за производство. Имено, пред неколку дена Асоцијацијата на грчки текстилни фирми испрати писмо до грчкото Министерство за финансии, во кое тврди дека од нив индиректно се бара да се повлечат од Македонија, бидејќи со новите предлог-измени на Законот за финaнсии не може да се оправдаат трансакции со физички или со правни лица од држави што се на листата на земји со кои нема даночна соработка.
Неофицијално станува збор за заштитна мерка од страна на грчката држава за да се намали буџетскиот дефицит и да се принудат грчките компании, кои биле субвенционирани, да инвестираат во странство, сега да го вратат производството назад во државата. Покрај Македонија, уште 46 држави се ставени на листата, а објаснувањето е дека станува збор за законско почитување на меѓународната листа на ОЕЦД - Организација за европска економска соработка на држави што не се сметаат за „соработливи“ во даночниот сектор. Од грчкото Министерство за финансии велат дека Грција, како членка на оваа организација, ги почитува одлуките на ОЕЦД и нема друг избор освен да се придржува кон нив. Според грчкиот Закон за даночна праведност и даночно затајување, држави со кои нема соработка се оние што од 1 јануари 2010 година се проценети негативно од ОЕЦД за транспарентноста и размената на даночни информации и кои немаат потпишано договор со Грција за административна помош за даночни работи и со уште 10 други држави.
Овој проблем исплива на површина минатата недела кога од грчката Асоцијација на текстилни компании реагираа дека, поради тоа што Македонија е на листата на држави со кои нема соработка, не можат да ги оправдаат трошоците за производство во нашата држава. „На овој начин се укинуваат инвестициите на многу грчки компании“, стоеше во писмото на Асоцијацијата на грчки текстилни компании испратено до грчкото Министерство за финансии. Асоцијацијата побара Македонија да се третира како држава со повластен даночен режим.
Конкретни одговори за темата со текстилните компании, која е деликатна и се' уште се разгледува во Грција, засега нема, делумно бидејќи нема конкретна одлука, делумно и поради празниците, но и презафатеноста на грчкото Министерство за финансии. Од грчкото Министерство за финансии официјално велат дека не можат да постапат спротивно на меѓународните правилата на ОЕЦД, но оти во следниот период ќе ја разгледаат оваа тема што им создава проблем на грчките компании во Македонија и ќе се обидат да најдат соодветно правно решение за ова прашање. Според грчкото Министерство за финансии, ова може да биде и добра основа да се размисли за потпишување соодветни договори во финансискиот сектор меѓу Македонија и Грција, кои би биле неопходни за да се олесни економската соработка меѓу двете држави.
Како што коментираат дел од страните што се обидуваат да ја разберат темата, делумна причина поради која сме на оваа листа на ОЕЦД може да е и немањето договори со некои од државите за избегнување на двојното оданочување. Овој проблем меѓу Македонија и Грција се' уште не е решен. Во јануари 2010 година на средбата во Атина на Самитот на ОБСЕ македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во дискусијата со грчкиот колега, Димитрис Друцас, предложи да се потпише спогодба за избегнување двојно оданочување, но се' уште нема видливи резултати ниту напредок. За проблемите со немањето спогодби за двојното оданочување пред два месеца повторно реагираше и Стопанската комора на Македонија. На прес- конференцијата на 25 октомври Стопанската комора побарала од Владата да ја преиспита можноста за склучување повеќе договори за одбегнување двојно оданочување и заштита на странските инвестиции, со цел олеснување на трговската размена, зголемување на извозот и привлекување на странски инвестиции. Љубица Нури од Стопанската комора на прес-конференцијата посочила дека Македонија нема договор за одбегнување двојно оданочување и заштита на странски инвестиции со Грција, која е четврти трговски партнер и еден од најголемите инвеститори во Македонија, како и со Косово, САД, а со Англија нема договор за заштита на странските инвестиции. Договорите, како овој за избегнување на двојното оданочување, слободна трговија, заштита на инвестиции, царинска соработка, заемно признавање на сертификатите за квалитет и технички стандарди се сметаат за едни од главните предуслови за зголемување на извозот и привлекување странски инвестиции. |
#
|
Статијата е прочитана 1870 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola-Germanija |
Датум: 29.12.2010 12:27:27 |
|
Bezpotrebno diganje prasina bi ja narekol ova vest i nisto drugo.Ako nekat Grcite,togas ke se najdat drugi zainteresirani Investitori.No celta e sosema druga.Vo slucaj da bi nemale poeke kjar od nivnite fabriki,tie odamna bi zaminale od MK.Ne isklucuvam deka GR-firmite sakat da iznudat pari i drugi benefiti od MK-skata vlada.Bas me interesira kako ke se postavi vladata vo slucajov.Da sum jas,ke im go kazam patot od kade sto dojdoa za da gi eksplotirat Makedonskite rabotnici so blagoslov na vladata na-DPMNE!Ova e dobra prilika na Grcistana da im kazeme deka MK ne zavisi od "nivnite",koi vsusnost se evropski,ili potocno Germanski,pari.Namesto da se kupat stranski avtobusi (odlicna peralna na pari!) vo Ukraijna,treba da se izraboti strategija za zastita na domasnoto MK-proizvodstvo i ako e neminovno,izbrkanje na investitori od Drzava i nacija,koi ne go priznavat Makedonskoto pravo na nacionalno opredeluvanje.Sto ke se na MK takvi,koga Mkskite rabotnici se kinat od rabota i se razboluvaat! |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 29.12.2010 13:12:41 |
|
grcija gi pritiska firmite,ne ne toa e uste eden cekor od prerodbata gruevski. |
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 29.12.2010 14:46:44 |
|
Nikola od Germanija - a da dojdes ti da rabotis tuka? t.e. da najdes rabota tuka? Mnogu e lesno da se zbori od strana. Takvi ko tebe gi ima so lopata da gi rines. Nemame investicija so godini, a sega i tie sto gi imame (kakvi - takvi) si zaminuvaat. Ednostavno kazano - propagjame |
|
|
|
|
|
|
Од: Швабо,швабо! |
Датум: 29.12.2010 14:51:54 |
|
Што убаво е да солиш памет од Германија!Во тие погони работат наши луѓе,а грчките газди,како и нашите нормално си го гледаат профитот:Ќе дошле други инвеститори! Кој ги спречувал да дојдат и досега?Помалку пишувај,повеќе мисли! |
|
|
|
|
|
|
Од: Васко К. Битола |
Датум: 29.12.2010 16:34:55 |
|
А Елините да си го приберат на своја територија и ВЕРО? |
|
|
|
|
|
|
Од: marija |
Датум: 29.12.2010 17:36:36 |
|
ОЕЦД е организација за економска соработка и развој во светски размери, а не европ��ка организација. |
|
|
|
|
|
|
Од: francuz |
Датум: 29.12.2010 18:32:35 |
|
vakvo propagjanje nema uste od vremeto na ljubco georgievski,definitivno |
|
|
|
|
|
|
Од: Lazar |
Датум: 29.12.2010 18:41:50 |
|
A be Nikola-Germanija ti ne pomisluvas na iljadmnici rabotnicki od juzna Makedonija koi bi ostanale bez rabota, lesno ti tebe od tamu ....da prodavas politika....ela vo Makedonija investiraj nesto... |
|
|
|
|
|
|
Од: nkl |
Датум: 29.12.2010 19:10:53 |
|
A ti RND da dojdes vo Germanija da najdes rabota? |
|
|
|
|
|
|
Од: Denis Luxemburg |
Датум: 30.12.2010 00:01:11 |
|
Grujo ne go interesira Makedonija nitu invsticii nitu proizvodstvo nitu narodot toj krena race od narodot no naskoro i narodot ke krene race od nego. Nitu gasenicata ne e stetna kako ovaa vlada na celo so Grujo |
|
|
|
|
|
|
|
|