Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Сите подадени рачиња заслужуваат прегратка

Со љубов за децата. Комерцијална банка им го разубави секојдневјето на дечињата од Центарот за дневен престој на деца од улица во Шуто Оризари

Децата не бараат многу. Понекогаш е доволна само една подадена рака, насмевка, искрена прегратка. Тоа е се' што сакаат од возрасните. Некој да се сети, да помисли на нив, барем на момент.

Комерцијална банка, една од најуспешните македонски банки, во изминатата недела тропна на вратата на Центарот за дневен престој на деца од улица, сместен во Шуто Оризари, во детската градинка „Снежана“. Таму на дневна база се сместени деца буквално собрани од улица, на возраст од 4 до 16 години, таму се бањаат, едуцираат, социјализираат... Откако постои, од 2006 година, низ него минале 145 деца, а моментно престојуваат 80 деца, од кои 60 се вклучени во образовниот процес. Постојано имаат недостиг од средства и од најосновни животни продукти (млеко, хигиенски производи...), а опстануваат по пат на донации и поддршка од Министерството за труд и социјала, но само за период од шест месеци. Останатото е преживување.

Имајќи го предвид сето ова, а со цел да им ги разубави предновогодишните денови и да измами насмевки на детските лица, Комерцијална банка во изминатава недела го посети Центарот за деца од улица во Шутка, им донесе подароци (прехранбени продукти, средства за хигиена, облека, обувки и играчки, собрани од вработените, боенки, боички...), им приреди појадок, ги расположи со музика (имаше и гитарст)... Покрај донацијата, членовите на координативното тело на банката неколку часа активно се дружеа со дечињата, цртаа и боеја заедно и преку разговор ја задоволуваа нивната љубопитност.

„Сакавме да им го разубавиме денот на тие деца. Наидовме на весела атмосфера, беа малку еуфорични, знаеја дека ќе дојдеме, но да не беше Нова година и да не беше украсена просторијата, сликата ќе беше многу жална. Тоа се деца кои на некој начин се заборавени, а девојките што работат таму вложуваат голем напор, обидувајќи се да ги стават во нормален ред. Да не се таму, би биле на улица, изгладнети, необлечени...“, ни пренесе дел од впечатоците Маја Стевкова-Штериева, главна финансиска директорка во Комерцијална банка. „Тие деца имаат потреба од топлина, од допир и нежност. Штом ве видат, веднаш трчаат и ве гушкаат. Сакаат да се галат и ако оставите едно детенце за да му обрнете внимание на друго, тоа доаѓа по вас и повторно ве гушка. Гушкањето беше и најголемиот впечаток“.

Членовите на координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка цртаа и боеја заедно со децата, учеа математика, пееја, а на подарок добија специјални новогодишни честитки со лична посвета. Толку се зближија со гостите што не сакаа да ги пуштат да си заминат. Им приредија и мала приредба, им ја испеаја „Македонско девојче“...

„Тие деца се задоволуваат со малку. Се радуваат на боички, на ситни играчки и сакаат нежност и внимание. Многу е полесно да дадеш донација и да се држиш настрана, потешко е да одиш и да воспоставиш контакт, а уште потешко е со зборови да ја доловиш таа нивна потреба од нежност и прегратка“, вели Стевкова-Штериева, која најави дека Комерцијална банка и понатаму ќе продолжи со вакви и слични хуманитарни акции.

На крајот, сите подадени детски рачиња заслужуваат прегратка. (К.Ш.)

 


#
Статијата е прочитана 614 пати.

Испрати коментар

Од: kaktus
Датум: 29.12.2010 16:20:53
не знам како да го сфатам овој натпис. Дали како реклама за Комерцијална банка или како ad hominem соц.реалисточка приказна. Стварно, ме интересира, што бараат тие деца на улица.....кој ги пуштил таму,,, дали е улицата место кајшто децата треба да одраснат?

Најди! во Утрински
Насловна
Колку УДБ-а беше нашата судба (17)
Тиквешански
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Натали Портман
Од главен адут до фијаско
Се испазарија за тутунот, сега чекаат на ветеното
Навалете на кредити
Конечно, стигна првиот украински автобус
Шола со Ружин во Охрид за Нова година
За новинарството се работи
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Стил
„Пајажината“ плете, А1 не и' се дава на власта
Пакетче за секое дете
Печатење пари?
Двајца испитувачи на студент - подобро образование!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks