Светот ќе се соочи со недостиг од чоколада
Акра - Заборавете на нафтата и на водата за пиење, бидејќи светот наскоро може да остане без најскапоцената слатка работа - чоколадата, без што многумина не можат да живеат, предвидува Џон Мејсон, извршен директор на Истражувачкиот совет за заштита на природата од Гана.
„За 20 години чоколадата би можело да стане исто како и кавијарот“, изјави Мејсон, нагласувајќи дека чоколадата ќе стане толку ретка и скапа, така што просечниот човек не ќе може да си ја дозволи.
Можеби звучи неверојатно, но на ваков заклучок наведува едноставната пресметка за одгледувањето какао. Одгледувањето какао е работа што бара многу труд и време, а западноафриканските фармери што го произведуваат веќе не добиваат доволно поттик за да продолжат со процесот што трае од три до пет години.
Првиот недостиг, најверојатно, ќе се почувствува во форма на намален процент на какао во чоколадните производи, во кои се' повеќе ќе се употребуваат алтернативните супстанции. Во 2008 година цените на чоколадата се зголемија до тој степен што поевтините производи практично не може да се наречат чоколада, бидејќи место од какао се произведуваат од растително масло. (Ек.Р.) |